Падна на ниво по форуми да се закануваш. Јас би се срамел.
vidis kolku si plitok so pametot.
toa bese pokana za druzba da gi obrazlozis svoite stavovi vo zivo i mislenja za drugiot. a ti go sfati kako zakana.
treba da porasnes.
da. se sramam od takvi ko tebe.[DOUBLEPOST=1400528492][/DOUBLEPOST]Ова е извадок од еден мој пост на 26 август 2012 та, упатен како договор на провокативно прашање од Гурџи. За да не се повторувам ќе цитирам поголем дел од него.
"Терминот религија етимолошки има неколку значења
1. Од латинскиот, од именката “religio”, која значи верување во еден бог и една заедница и еден владетел, како верување во една религиска вистина
2. Од латинскиот збор “religare“, кој значи воспоставување (втемелување) заклетва, врска или било каква поврзаност со супермоќен ентитет, црквата како храм на тој ентитет и секако луѓето;
3. Трето значење на пимот религија се изведува од глаголот “religere“ , а се однесува на издвојување на нешто од тривијалните и обични работи, а во преносна смисла значи однесување со почит кон некого и нешто, а особено кон Бог како супермоќен ентитет
4. Поимот религија можеш да се доведе во врска и со глаголот “reeligere” кој пак означува повторно издвојување или избирање
5. Можеш да појдеш и од глаголот “relegere”, кој означува разбирање, повторно согледување на односите и врските на човекот со Бог;
6. Глаголот “reliuguere“, значи одвојување нешто на страна, нешто што е наменето на Бог, односно принесување жртва, најчесто.
Не ми текнуваат уште у моментов.
Сите шест се навидум слични, но толку различни, флуидни и непрецизни за да се означи еден поим со голема комплексност - РЕЛИГИЈА.
Понатаму
· религија е запознавање на нашите морални вредности во облик на Божји заповеди;
· религија е свето нешто, обвиено со тајновитост, мистериозност, Божји дух и стравопочитување, но сепак со огромна желба од секој човек да се приближи кон се тоа;
· религијата говори за натприродни битија кои управуваат со животот на луѓето;
· религија е облик на животот на човекот во кој самиот тој знае дека е предодреден да служи на Бога.
Ова се збир од размислувања, сфаќања, поими засновани на база на фантастична интерпретација на општествениот живот и целиот свет, кои се припишуваат на дејство на некои натприродни сили, а не на самиот човек кој во оваа религиска интерпретацијана светот сепак не е прифатен како творец на сопствената историја.
Бидејќи сите си ја сфаќаат религијата различно, кој како знае и умее, а најчесто како му е наследено доаѓаш до следново:
1. Религијата се сфаќа како поглед на целокупното опкружување и живот водени од натприродни сили. И имаш.
- космогонија (кој е творецот и потеклото на земјата и живото на неа);
- сотеорологија (сфаќање за спасението и вечноста);
- есхатологија (сфаќање за судниот ден, апокалипса и царство Божје);
- теодицеја (сфаќање за трпение и маки на овој свет и утеха која доаѓа само од Бог)
2. Религијата е израз на човековата психолошка потреба за сигурност
3. Религијата се сфаќа како суштинска вредносна и морална компонента, како и за извор на доброто, вистинското и убавото;
4. Религијата се сфаќа како култура, и во овој смисол има:
- аксиолошка (вредносна);
- когнитивна (спознајна);
- нормативна (прописна);
- практична, ритуална и емоционална димензија;
"
Ова беше ако добро се сеќавам, прифатено од сите, како гледиште за религијата кое опфаќа доста аспекти за истата.
Како Будизмот се спротивставува на горното, и не спаѓа во религија?
Значи прво ако може објаснување за Будизмот, како е сфатен од секого, во кратки црти и зашто се спротивставува на горното.[DOUBLEPOST=1400528572][/DOUBLEPOST]п.с. Ќе замолам за посериозна дискусија, а не како членот од погоре.