(Фото) Прилепските фирми и граѓаните ја покажаа својата хуманост со донации за настраданите во Србија и БиХ
Денес, на градскиот плоштад Методија Андонов Ченто, се одржа хуманитарната акција, која ја реализира Црвениот крст во соработка со општина Прилеп, за собирање на вода, постелнини, хигиенски пакети, хемиски средства.
Од Црвениот крст велат дека акцијата тече одлично, постојано граѓаните носат донации, а апелираше да се носат прехранбени производи, води, сокови.
„Витаминка“ веќе испрати по 10 тони производи посебно за Србија и за БиХ, компанијата „Комфи Ангел“ донира полн камион со перници, јоргани, а Прилепската пиварница - дел од сопственото производство на сокови.
Градоначалникот Марјан Ристески ги повика граѓаните да бидат хумани и да донираат до 31 мај, до кога ќе трае акцијата.