Ама помисли и на нивото на Надал, ако Надал игра како лани или како во 2010 тогаш според мене никој нема шанси на земја со него, кој сака нека е од другата страна на мрежата. Небитно тоа, оваа сезона е мизерна за Надал, и таа титула во Мадрид не ја заслужи, Доха и Рио не ги ни сметам за титули, не е тоа негово ниво каде победува играчи ко Долгополов и Монфилс. На турниров имаше доста подобрување за Надал во однос на претходните турнири, но сеуште ова е мнооооогу далеку од неговото ниво. Сервисот пресмешен, на ниво на 15 годишно дете, форхендот од трк го нема никаде, а тоа до негде беше трејд марк на Рафа. Да не зборам за неизнудените грешки, кои се новитет оваа сезона во играта на Рафа. Мене искрено ова ич не ми е доволно за РГ, со оваа игра повеќе играчи му можат нешто.
Не треси зелени, лани во финалето Roland Garros беше израмнето до максимум, па во каква форма и да е Надал, Ноле може да му парира на земја успешно.