Другар, ти можеш да кажеш, ама дај објасни ми да те разберам, секој може да напише било што, што пак не значи дека тоа е точно. Кажи ми на пример како човештвото живеело до пред 50 години (од кога постои СС челикот?). Ама стварно убаво да ми објасниш.
Значи сме го прошле среден век само со карбонски челик, време кога имало чума, шуга, колера, жолтица и што ти знам какви болести, време кога сите операции се вршеле со карбонски челик, кога сите бербери бричеле со карбонски челик, за сега во 2014 година ти да кажеш дека карбонскиот челик предизвикувал смрт? Ова е во најмала рака смешно. Па како сме преживеале воопшто без сс челик и без инокс?
И дај кажи им на BRKT (Фирма со најголем просперитет во ножарската индустрија баш поради карбонсиот челик што го користи, фирма што е во УСА, а тоа е патем земја каде се вршат истражувања за металите и ножарската индустрија) да не прават карбонски ножеви за лов оти ќе поцркаме, кажи му на Rey Mears, неговиот voodlore да биде од СС а не од чистокрвен карбонец О1 оти тоа е опасно (човекот џабе е бушкрафт инструктор 20 години кога ете таква суштинска информација не ја пренесува).
Да резимираме, минимум 1000 години човештвото живее со карбонски челик, од тој челик се направени ножеви, мачеви и секири со бројки што не можат да ги напишам, од причина што неможе истите да се прочитаат. Нашите предци многу колена наназад дивечот и стоката ја процсирале со карбонски челик, храната ја спремале со карбонски челик и ние уште дишеме и пишуваме на тастатура.
Па во Јапонија класичните ножеви за храна (Santoku) сеуште се прават од карбонски челик.