Нема веќе отворање фирми на домашна адреса

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Министерството за економија подготвува измени на Законот за трговски друштва. Во новиот предлог закон се предвидува да не може да се регистрира фирма на домашна адреса.

Според објавата за дополнување на Законот за трговски друштва во Службен весник, измените предвидуваат дека за регистрирана фирма мора да се поседува или изнајми деловен простор.

Според измените доколку таксист со регистрирана фирма како Друштво со ограничена одговорност на едно лице (ДООЕЛ) адреса е неговиот дом, со предлогот од економија таксистот ќе мора да купи или изнајми деловен простор за да продолжи со дејноста.

“Целта на предложените дополнувања на Законот за трговските друштва е воведување одредби со кои ќе се предвиди обврска за трговските друштва, седиштето на фирмата да мора да се регистрира во деловната просторија, во негова сопственост или во негово владение„, стои во предлог законот доставен од економија до Собранието.

Министерството ја овластува Законодавно-правната комисија на Собранието да утврди пречистен текст на Законот за трговски друштва.

Дополнителен проблем претставуваат низа фирми од земјва кои работат он лајн (on line) и кои со измените нема да може да функционираат на адреса која е иста со онаа на сопственикот на фирмата.

Предлог законот сега налага за сите овие фирми да имаат посебна адреса-деловен простор кој не се наоѓа на иста адреса со таа на сопственикот.

Според оние кои го контактираа А1 а се засегнати од измените на Законот за трговски друштва, ова ги поткопува заложбите на Владата за започнување сопствен бизнис.

Економија во предлог законот пишува дека измените немаат импликаци по министерството, но никаде не навеле колку пари тоа ќе ги чини фирмите кои се опфатени со дополнувањата.



Извор: http://a1on.mk/wordpress/archives/330869

И дополнително: http://www.plusinfo.mk/vest/136998/Nema-vekje-otvoranje-firma-na-domashna-adresa

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/i-taksistite-kje-mora-da-imaat-kancelarija


Значи, на удар ќе бидат сите оние кои планирале мал/семеен бизнис, таксистите и онлајн бизнисите....Ова е неиздржливо. Како да приватниот сектор веќе не ни е доволно утепан, очигледно решиле комплетно да го уништат. :facepalm:
 
Изнакупија врастодршците огромен деловен простор, па сега со сила ќе те тераат да ти го изрентаат.

BTW, на која страна од отчетот ја пишува оваа мерка?
 
Е нема...
 
Па нели семејните бизниси без иднината на Македонија, нели даваа буџетски бенефити. сега ќе ги затвораат? Јес да народот сам си го бараше ама ова...
 
Па нели семејните бизниси без иднината на Македонија, нели даваа буџетски бенефити. сега ќе ги затвораат? Јес да народот сам си го бараше ама ова...
Да. Видете ја кампањана за мали бизниси - "Осмели се", од пред неколку години, а видете ја денес политиката на власта кон истите тие мали приватни бизниси кои ги охрабруваа тогаш.
Редно беше.
Секоја гаража продавница,секоја куќа фирма,секој двор перална или сервис.
Така е брате, многу сакале, види ги ти нив...
Наместо тоа има да работат за 8050 во индустриска зона у три смени.
Што е овој безобразлук. Отворија миљарда индустриски зони и сеа никој неќе да работи таму (за 8-10к). Срамота. Баш поштени работни места.
Единствено зачудува како миљардате партиски кадри не побрзаа до сеа да ги зафатат овие толку пожелни работни места, него атерираа најбрзо шо може у административни фотељи.
 
Последно уредено:
Фирмите што се регистрирани како ДООЕЛ ќе мора да имаат седиште кое ќе биде деловна просторија, а не станбен простор. Тоа со адресата значи дека вратата во станот во кој живее сопственикот и вратата во канцеларијата на фирмата не е иста. Тие што си имаат бараки во дворовите без проблем ќе ја променат адресата на бараките во постојана адреса/1 и нема да имаат проблем. За трговците поединци не важи тоа.

Ама на ова „новинариве“ уште им се мати од паѓањето на глава, па не разбрале нешто.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Фирмите што се регистрирани како ДООЕЛ ќе мора да имаат седиште кое ќе биде деловна просторија, а не станбен простор. Тоа со адресата значи дека вратата во станот во кој живее сопственикот и вратата во канцеларијата на фирмата не е иста. Тие што си имаат бараки во дворовите без проблем ќе ја променат адресата на бараките во постојана адреса/1 и нема да имаат проблем. За трговците поединци не важи тоа.

Ама на ова „новинариве“ уште им се мати од паѓањето на глава, па не разбрале нешто.
Аха, мисли си без проблем. Не дека треба да платат, да се малтретираат до Централен регистар и да бараат нови простории.
 
Аха, мисли си без проблем. Не дека треба да платат, да се малтретираат до Централен регистар и да бараат нови простории.
Треба де, околу 2000 денари за целата процедура, доколку не решат за постојните фирми да биде бесплатно. За новоотворена фирма не ти менува ништо.

И што мислиш, што е поголем проблем, тие два-три дена што ќе ги изгубиш да го средиш тоа или илјадниците проблеми и можности за проневери што се отвараат со фантомски фирми и регистрации на ДООЕЛ од лица кои реално треба да отворат ТП, со цел да соберат фини пари и набрзина да ја ликвидираат фирмата?
 

И тоа што викаш, што се 2.000 денари непланирани трошоци за фирма.
Во Мкд има околу 72.000 активни фирми, од кои сигурно 50.000 се на домашна адреса, по 2.000 ти се само 100 милиони денари за плати за нашата напатена администрација.
 
па ова го нема ни во монте карло
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom