Зошто луѓето мислеле дека постоеле вампири?
Сметај дека жена, млада, штотуку венчана, умрела доцна лето. Ја закопуваат жената, минат 2-3 месеца, онака сува есен има. За тоа време има гласини дека се повампирила. Ја откопуваат.
Се е до состојба до кое е дојдена при распаѓање. Што значи, дека може сеуште да изгледа свежа, отечена малце - како резултат на течности и гасови кои се собираат под кожата. Крвта околу устата е како резултат од течностите што полека се собираат, и поради распаѓање на телото.
Ако, телото се откопа подоцна, веќе кога е распаднато, и коските се најдат разместени, тоа не значи дека се повамирил и се шетал, туку дека телото му експлодирало. При распаѓањето, се собираат гасови, желудникот се распаѓа, киселина се растекува насекаде, црви се собираат кои создаваат CO2, и сето тоа го издувува стомакот, и после некое време тој пука и го поместува телото.
За се постои објаснување.