Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Ако била рампата спуштена, како ја поминал? Ја скршил?
 
Нема рампа таму, само тоа знакчето.
Мислам дека ако имало рампа, ќе почнал да кочи на време, а вака се излажал дека ќе може да го претекне возот.
 
Што кажа онаа на сител, 30 се во животна опасност,или така ми се слушна?
 
Единствена среќа е што го удрил со задниот дел со возот. Ако го удрел во средина сега ќе имавме тридневна жалост во државава. Пола ќе изгинеа од автобусот ако беше удар на средина.

Какво имбецилиште бе со автобус на пруга при воз да поминуваш.

Ич не ми е гајле за неговиот живот ако умре али бе до толку говедо да си одговорност позади за 50 души носиш. Дај боже од затвор да не излезе.
 
И на двата премини има рампи и светлосна сигнализација.
Возачот свесно влегол во ризик бидејќи и на двете рампи има голема видливост од километар да се види возот.
Доживотно да му се забрани вршење на дејноста,да се казни за загрозување на безбедноста на патиштата,загрозување на животот и општа опасност а не е лошо и сите патници да му стегнат приватна тужба.
 
Единствена среќа е што го удрил со задниот дел со возот. Ако го удрел во средина сега ќе имавме тридневна жалост во државава. Пола ќе изгинеа од автобусот ако беше удар на средина.

Какво имбецилиште бе со автобус на пруга при воз да поминуваш.

Ич не ми е гајле за неговиот живот ако умре али бе до толку говедо да си одговорност позади за 50 души носиш. Дај боже од затвор да не излезе.
Таму одамна требало да се стави надвозник, не со семафори и знак стоп на регионален пат.
Изгледа хитлер на бегање ги оставил овие знаци и до сега ништо не е сменто. Затоа железница отиде прва да каже дека шоферот на автобусот бил крив.
 
Таму има рампи ама кратки. Отприлика симболични, ни до пола лента не се, за паметни луѓе доволно.
Сум имал прилика да чекам да помине возот таму, и со свои очи сум видел курнази како буквално секунди пред да мине возот возат слалом низ рампите и минуваат.
Очигледна грешка на возачот на автобусот.
Мислам дека со самото купување на автобуска карта патниците се осигурани од несреќа, така да верувам дека ќе бидат обештетени.
 
Таму одамна требало да се стави надвозник, не со семафори и знак стоп на регионален пат.
Изгледа хитлер на бегање ги оставил овие знаци и до сега ништо не е сменто. Затоа железница отиде прва да каже дека шоферот на автобусот бил крив.
Извини ама и на двата премини има знаци дека се наидува на железнички прмин и тоа почнувајќи со три што значи првиот е на триста метри,двеста и последниот е на 100 метри пред пругата.
А и на двата премини патот кај што се поминува пругата намерно не е убаво направен за да морааш со 10 км на час да ја поминеш пругата
 
Извини ама и на двата премини има знаци дека се наидува на железнички прмин и тоа почнувајќи со три што значи првиот е на триста метри,двеста и последниот е на 100 метри пред пругата.
Добро еве стави се во улога на возач. На регионален пат каде што брзината е и до 120км од еднаш ти доаѓа воз? Не е малце чудно или јас сум заостанал...
Одамна таму требало да има надвозник да немаат допирна точка возот и било кое друго превозно средство.
 
Во близина има населени места и брзината патот е ограничена на 60 на 40 km/h кога се минува низ селата.
Скоро секаде вака или слично е прганизиран режимот на сообраќај
Поради вакви дегени некогаш машиновозачот е принуден да застане да им даде предност
 
На колку и да е ограничена брзината на вакви места треба да има надвозник. Да не се лажеме и убедуваме. Ова одамна требало да се направи на сите вакви критични точки.
 
Јас поминував од таму пред недела дена, има рампи ама за нашиов залетан малокуревски народ што седи зад волан се премали тие , т.е. како што кажаа, сигурно бил залетан и касно ги видел. Или ватевр, битно нормален чоек не го прави она. На таа делница секакви имам видено, пуна лента, црна точка, ма не бе, претркуваат, се тркаат меѓу себе, да те фати срам што мораш да ги гледаш :facepalm:
 
На колку и да е ограничена брзината на вакви места треба да има надвозник. Да не се лажеме и убедуваме. Ова одамна требало да се направи на сите вакви критични точки.
Таму воопшто нема потреба од надвозник. Прегледноста е феноменална, има семафор, андреин крст, ограничување на брзината од 40 мислам, како што реков, за паметни луѓе сосема доволно.
А, патот не е затворен повеќе од 5 минути кога минува возот.
 
Возачот го видел возот и пред него имало една кола која поминала и тој по неа. Со кој памет ја заобиколил рампата наместо да почека? Колата може да помине ама автобусот е долг и помали се шансите целосно да ја помине пругата.

Секој што патува накај Велес знае дека во 7 сабајле има воз, а и свири 200 метри пред да го премине патот. ;)
Илјадници пати се имам возено со автобус на таа релација и секогаш возачот застанува пред пругата иако возот е поминат. Си има кондуктор што го известува.
Овие од Струмица Експрес се луди, секој вози со различна брзина. Последен пат кај Катланово возеше брзо и преминуваше други коли и од тогаш не влегувам во автобус. Сега да му се одземе дозволата и да се избрка од работа!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom