Благодарам на сите

Отприлика веќе знаев што ќе кажете. Значи малце да појаснам. Оној вториот дечко е мн добар човек, ама некои работи последните 3 месеци излегоа од контрола. Тој бараше од мене да се стабилизирам малце овде во Ск зашо тешко му било да излегувам овде додека тој спиел таму. Разговаравме, и одлучивме да се посветиме повеќе на нашата врска. Престанав да излегувам, каде и да одев го прашував дали може, се посветив само на него и не комуницирав со никој друг, но тој тогаш се промени. Почна да ме сфаќа ко здраво за готово, да ми наредува премногу, и причина за која што раскинавме е тоа
што дури се обиде да ме удри без да го заслужам тоа. Значи тоа што не сум со овој нема никаква врска бившиот. И + не идам за Америка само за него, јас аплицирав уште во Ноември, а тогаш немав комуникација со него. Имам роднини и братучед(кој е другар на бившиот) таму и јас ве прашав за совет за останување во Америка. Сигурно кога ќе отидам таму ќе бидеме заедно, знам дека нема тој да дозволи да сум таму а не со него. Мене муабетот ми е дали да го преземам оној чекор и да останам таму да се запишам на колеџ. Не е целосно поради него, уште мн оддамна сакав да одам кога тетка ми беше таму, но бев мн мала и не бев подготвена за таков чекор. Ама сепак нема да негирам дека и тој носи дел од мојата (недонесена)одлука за живеење во Америка. Благодарам пак за советите, но стварно се надевав дека ќе видам нешто поразлично од што очекував