Македонија го губи спорот со Вранишковски во Стразбур - ќе треба да ја регистрира ПОА
http://24vesti.mk/makedonija-go-gubi-sporot-so-vranishkovski-vo-strazbur-kje-treba-da-ja-registrira-poa
Македонија го губи спорот пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур за регистрацијата на црквата на Јован Вранишковски. Постапката е завршена, а пресудата се очекува да биде соопштена кон крајот на годинава.
ПОА досега еднаш беше одбиена за регистрацуја под ова име, поради законската одредба дека две цркви не може да имаат исто име. Потоа поднесе барање за регистрација под името: Грчко православна Охридска архиепископија на Пеќката патријаршија. Но и тоа барање и беше одбиено бидејќи е под јурисдикција на друга црква.
Засега нема потврда дали македонските црковни
власти знаат дека случајот „ПОА против државата Македонија“ во Стразбур, сосема сигурно ќе биде во полза на Вранишковски. И дали последните иницијативи на црковни великодостојници за негово ослободување од затвор се токму за да се пресретне очекуваната пресуда од Стразбур и да се намали штетата што таа би можела да ја има во односите МПЦ - СПЦ.
**********************
Ме интересира, колку законската одредба дека Православната охридска архиепископија не може да биде регистрирна заради тоа што не може две цркви да имаат иста деноминација во името, е уставна, но и согласно меѓународното право? Еве во САД има евангелски и мејнстрим протестантски цркви со имиња како:
-Обединета методистичка црква и Африканска методистичка црква,
-Пресбитеријанска црква и Пресбитеријанска црква во Америка,
-Лутеранска црква во Мисури и Евангелско-лутеранска црква,
-Јужна баптистичка конвенција и Американска баптистичка црква... и т.н.
Не ли е ова чиста политичка одлука спротивна на сите правила и прописи, заради влијанието на црквата на Стојан Вељановски и стравот во неговата криминална тајфа дека верниците ќе пребегаат во ПОА, која колку шшто знам е во канонско единство со другите православни цркви?