- Член од
- 6 јули 2011
- Мислења
- 3.829
- Поени од реакции
- 7.711
Благо кажано, се плашам од неговите особено од мајка му. Сум слушала муабети дека е малку незгодна и дигната жена и мислам дека ради неа не ме вика. Во најмала рака- тие се богати, а јас средно и така и така просечни примања. Е тоа е проблем. Што ако е мамино синче?
Друго, понекогаш се чувствувам запоставено. Се фативме на денот на мојот роденден и иако знаеше дека ми е не ми подари ништо. Нема врска пресно беше. Исто и за Св.Валентин исто и за 8ми март... По роднини не ме шета ни за Прочка ни за Велигден. За Велигден поправо прошетавме кај сите мои блиски роднини, а од негова страна ни кај него дома а камоли кај некој друг. И ај што да мислам. Бтв му се скарав сношти![]()
И двајцата имате скриени мотиви. Ова болдираново нема врска. Ако те викне на кафе, ќе дознаеш дали е мамино синче или не? Нели има друг влез, каде што живее сам? Дали ти е целта да те запознае со мајка му или да те викне кај него? Тоа се две различни работи, околку кои ти напињаш, според мене, без потреба.
Ти го шеташ низ роднини и пријатели, сакаш да го претставиш како озбилен, очигледно е дека е пожелна прилика и некако имам чувство дека го покажуваш како трофеј. Тоа му годи, затоа што тој се доживува така. Нормално, бидејќи дечкото е оперисан од осет, се шета низ роднините. Тоа не му значи ништо. Ако му дојде, да раскинете, ќе ти раскине како ништо. Нема врска шо го шеташ и претставуваш.
Дечкото ти е себичен надуенко и безобразен ропак. Научен е секогаш некој нешто да му дава, смета дека тоа е нормално.
Врската не ви е сериозна, колку и да мислиш дека ќе ја „заозбилиш“ ако го запознаваш со твоите роднини.
Разбирам да е човек што не сака подароци ни да дава ни да прима. Ама тој не е таков. Сака подароци. И тоа скапи. А па со сет памет ти кажува дека подарокот не е доволно скап?! Пази, не дека не е добар, туку е евтин! Ебате копукот!
Нема да терате. Т.е. ќе бидете заедно додека не ти се смачи од сопственото комптромитирање.