Андропауза - машки климакс

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.654
Поени од реакции
15.589
Возраст
71
Локација
Skopje
Што е тоа. Кој се првите знаци.Кога настанува и зошто.Има ли лек.Што велат докторите.
Кај жените е лесно,ќе престанат црвените водопади,помеѓу две планини и се знае,тоа е.
Дошло нивното време на уживање без бележници и календари,дијафрагми,федери и апови.
А се вели дека мажите немаат рок на траење, и тие ни за жива глава не признаваат дека со тек на годините им се намалува сексуалната сила.Па и сите мажи не поминуваат низ Андропауза.
А тоа е докажано, по 30 година од животот со побавно произвоство на тестостерон доаѓа и до зголемување на продукцијата на глобулин,кој со себе ги врзува полните хормони,така што телото може да го искористи само она што ќе преостане од тестостеронот.Повеќето мажи се уште ќе го имаат доволно,но со овие промени во телото кај 30% од нив односот станува неповолен и доаѓа до Андропауза.
Е не, не ни помислувајте дека и јас си имам таква мака,и не ви одговарам,еднаш кажувам.
 
Кои се тие мажи што поминуваат?

Како може да препознаат дека поминуваат низ тоа? Дали има некаква терапија за тоа? Како да се соочат со таа состојба, ако ја имаат?

Ова го прашувам за да има некаква суштина оваа дискусија; инаку е за бришење, ако само предизвикува тролање.
 
Од 17 до 20 години мажите се како флаутистите-го вадат инструментот и веднаш почнуваат да свират
Од 20 до 30 години,како виолинисти, 5 минути штимаат,цел час свират.
Од 30 до 40 години, како басисти 1час го штимаат инструментот, 5 минути свират
Од 40 до 50 години, како тромбонисти,двапати ќе затрубат и готово...завршено
Од 50 до 60 години, само штимаат, а други свират за нив
Од 60 па нагоре- не штимаат, не свират, советуваат, мудруваат и покажуваат...
---------------------
како повод во понатамошната дискусија (во која група спаѓате вие)[DOUBLEPOST=1399670614][/DOUBLEPOST]Што велат докторите
Контролирајте ги маснотиите.Избегнувајтеја брзата храна и држете се воздравите мрснотии што ги има во рибата,лененото семе и оревите. За повеќето случаи на еректилна дисфункција кај повозрасните мажи,има причина не добиваат доволно крв во „важното“ подрачје. За да ви се подобри циркулацијата, би требало да престанете да пушите, да почнете да вежбате и да разговарате со лекарот за лековите кој ги земате,затоа што некој од нив може да ја влошат сосотојбата во Андропаузата.
 
Последно уредено:
Kako se borat so andropauzata maskata populacija vo Makedonija?
 
Машки маки
Губењето на енергијата и намалувањето на полниот нагон најчесто се врзуваат за менопаузата.Меѓутоа стручњаците во последно време тврдат дека многу мажи на средна возраст преживуваат слични маки. Тоа што кај посилниот пол отсекогаш се сметало едноставно за стареење, сега доби ново име Андропауза.
Иако поимот за Андропаузата не е нов,прв пат е опишан во медицинската литература уште во 1940 год. но можностите за точна дијагноза се од понов датум.
Лекарите не секогаш помислувале на ниското ниво на тестостеронот како причина за проблемите на мажите,па ги врзувале со стареењето и чисто ги поттикнувале пациентите, едноставно да го прифатат фактот дека веќе не се млади, и дека меѓу нозе не им оној истиот-силниот-набректаниот со подигната глава-војничкиот, уште поточно, е.о не е.о, времето му проаѓа.
----------------------------
Утре: Како да знаете дали сте во Андропаузата,кој се првите симптоми.
 
Абе нормална работа е тоа. Тоа се случува и кај жените. Допрва ли ќе се швалерисуваме.
Контролирајте ги маснотиите.Избегнувајтеја брзата храна и држете се воздравите мрснотии што ги има во рибата,лененото семе и оревите. За повеќето случаи на еректилна дисфункција кај повозрасните мажи,има причина не добиваат доволно крв во „важното“ подрачје. За да ви се подобри циркулацијата, би требало да престанете да пушите, да почнете да вежбате и да разговарате со лекарот за лековите кој ги земате,затоа што некој од нив може да ја влошат сосотојбата во Андропаузата.
Ако допрва почнат така да живеат Анчо, слабо резултати. Тоа треба со време да се зафати. На Дедо Ное можеби ова му се случило на свои 550-600 години.
Што советуваат-бетакаротен, витамин Е и постојана активност ама години наназад, не кога ќе се мора. Дури и тогаш природата си го прави своето ама па тоа е. Ќе си куцкаме по тастатура и ќе евоцираме спомени :pos:
 
Dur ne cueme muzika dzabe.....a i intonacijate e mnogu bitna.:D
 
Дали сте влегле во Андропауза ?
Ако се чуствувате помалку силни, почесто тажни или раздразливи, ако имате намален сексуален нагон, емоционални или психолошки промени, намалување на мускулната маса, зголемување на мрсното ткиво на половината, ако имате остеопороза и болки во грбот...
тогаш ги имате сите симптоми и веријатно сте влегле во Андропауза.
По 30 година од животот,кај повеќето мажи доаѓа до опаѓање на тестостеронот,со темпо од 10% по деценија и тоа е нормално.Кога нивото на тој хормон почнува побрзо да паѓа, значи тој човек минува низ Андропауза.
Ова се среќава скоро кај сите мажи само не и кај било кого да прашате,кај нив е секогаш одговорот: Ама би и го н......л на онаа.
Утре: Кога почнува-настапува(кое време) Андропаузата кај нашиве мажи.
 
Последно уредено:
Е ајде де, да прочитаме и кога да ја очекуваме и кај-во нас,оваа несакана состојба.
-Кога мажите ќе дојдат на возраст меѓу 40 и 55 години можат да искусат феномен кој е сличен на женската менопауза наренен Андропауза. Намалувањето на нивото на тестостеронот ги прави мажите подложни на срцеви болести, а вијае и врз намалување на густината на коските, па се посклони кон повреди. Лекарите напоменуваат дека Андропаузата не е исто што и кризата на средните години, која е психо-социјален проблем. Имено, сите мажи не поминуваат низ Андропаузата, но повеќето се соочуваат со кризата на средните години. За вториве, најчесто се употребува терминот „втор пубертет“.
Утре: Дали е Андропауза или само криза на средните години и од што настануват.
 
Криза ли е..........Андропауза ли е......................?
Кризата на средните години има корени во емоционалното подрачје, децата си одат по свој пат,си одат од дома,се одомуваат,старите умираат и родителите, пријателите добиваат срцеви напади,останувате без работа, секојдневни депресии,стресот станува неиздржлив и слични проблеми.
Наспроти ова, Андропаузата е хормонална состојба,која инаку може да има последици на емоционален план, но емоциите не се нејзин предизвикувач. Можеби звучи парадоксално, но на кризата на средните години можат да влијалат и односите во детството, воспитанието, па и условите во професионалниот живот. Често ја иницира одреден настан.
Кризата во средните години често настанува по период на успех. Кај мажите што ќе се најдат во криза на средните години,често се засилува полната страст.
Утре: На што треба да обрнете внимание-чујте ги стручњаците
 
Внимавајте на оваа превентива
Прегледајте ја простатата,особено ако во текот на ноќта често одите во таолетот. Обрнете внимание на половината, Нејзиното проширување може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни заболувања.Тие проблеми може да се зголемат ако половината го преминала 101-ниот сантиметар. Исфрлетеја преработената храна,Избирајте храна со помалку шеќер,како што се житарките и зеленчукот.
Можете да уживате во чашка со омиленото вино или пиво,затоа што студиите укажуваат дека се здрави.Но треба да се пие умерено не повеќе од еден пијалак на ден.Во спротивно може да се зголеми ризикот од болести на црниот дроб и од мозочен удар.
 
Темава повеќе ме асоцира на здравје одколку на секс.
 
Темава повеќе ме асоцира на здравје одколку на секс.
Да,точно е и тоа,без секс нема ни здравје,а за добар секс пак треба здравје.
Баш овие денови читав,за добро здравје бар три пати во неделата да се практикува утрински секс.
 
Back
На врв Bottom