Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    707

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.697
Поени од реакции
32.752
Околу Газпром, оставив тука информации дека групација на Ротшчилд купи акции во газпром. Па видите сега, во време на "санкции"
Ви реков дека нешто смрди.
Да не излезе работава борба за превласт, внатре во NWO.

Се надевам дека не е така.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Путин ги повика сепаратистите во источна Украина да го одложат референдумот и изјави дека Русија ја повлекла војската од границата со Украина.

Russia asking pro-federalization forces in Ukraine to postpone referendum — Putin

http://en.itar-tass.com/russia/730771

Putin Says Russia Forces Withdrew from Ukraine Border

http://www.nytimes.com/2014/05/08/world/europe/Putin-Russia-Ukraine.html?_r=0
И паднаа во вода аргументите дека Русија води некомпромисна политика на “импералистичка експанзија“.

Со ова тие се единствената страна која прави голем чекор за де-ескалирање на судирите и спас од граѓанска војна во Украина, земајќи во предвид дека Киев сакаше да ја загуши побуната и референдумот по секоја цена!

Веројатно некои ќе го искоментираат ова како повлекување и слабост, но мислам дека постапија одговорно и правилно, на долг рок бунтовниците немаше да издржат, а од ден на ден конфликтот само се зголемуваше и ќе имаше многу цивилни жртви, што сигурно ќе резултираше во општа граѓанска војна.

Ако и после ова Киев и Западот продолжат со воените дејствија мислам дека било каква интервенција на Русија ќе биде целосно оправдана.[DOUBLEPOST=1399491415][/DOUBLEPOST]
Во Одеса била испратена казнена експедиција, гореле жени и деца, екстремистите силувале и палеле
.
Дечките не се луѓе, еве видео на кое му отцепуваат нога на еден човек на сред улица (од 08 мин):
https://www.youtube.com/watch?v=Yv9J3OYlaoA

Човекот стенка а они му ја дробат ногата и се смеат.

Друга работа која остана неразјаснета, исто како и снајперистите на Мајдан, пожарот во зградата така и идентитетот на “проруските“ активисти кои на голем број слики наводно пукаат со автоматско оружје, во присуство на полицијата и чудно нема ни одблизу ранети или мртви од огнено оружје кај навивачите.


На неколку слики како координатор на вооружените групи се појавува заменик шефот на полицијата во Одеса - полковникот Дмитри Фухеџи, кој наводно ја напуштил Украина после овие случувања:




На останатите слики гледаме како полицијата е потполно НЕЗАИНТЕРЕСИРАНА за вооружените луѓе, кои во нивно непосредно присуство пукаат на противниците и се кријат позади полициските кордони.

Каква е ова полиција која не спречува обид за убиство пред сопствени очи?
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Тоа е запад раздели па владеј успеваат брат со брат да скараат се надевам постои карма да им се врати и нив.Ама и тие не би успеале без најголемата човечка слабост - парите олицетворение на злото.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.697
Поени од реакции
32.752
^^
Seems legit. Ова нешто беше клип од Мапет шоу, или што... а зошто мапетите не се движеа?

Инаку кога сме веќе кај спиновите, еве еден интересен напис од американски медиум.
Spinning the Odessa Massacre
http://www.thedailysheeple.com/spinning-the-odessa-massacre_052014
The US condemned the violence in Odessa, but failed to identify the provocateurs or assign blame and instead called for an “investigation” into the deaths – the diplomatic equivalent of shrugging one’s shoulders. This response comes in sharp contrast to the West’s politically motivated responses to alleged government-sanctioned violence elsewhere in the world, most notably in Libya in 2011, and currently in Syria.

Additionally, as evidence emerges regarding the details of the Odessa massacre, only Russian news sources are covering it, while the West neither confirms nor denies reports, but rather misinforms its audiences through lies of omission.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.697
Поени од реакции
32.752
Кога се води војна, една од задачите на водачите е да ги дехуманизираат противниците. Пошто нели, ако се „лоши„ тогаш не грев, ниту жално, да се убиваат.

Тоа што го прават овие од Десниов (правиот?) сектор е токму дехуманизација на про-федерациските демонстранти. Ги нарекуваат демони, се смеат кога ги убиваат и мачат, има безброј примери. Последно е нарекувањето Колорадисти, по Колорадо бубачката која има иста боја/шара со лентата која го симболизира Св.Ѓорѓи (и е симбол на федералистите).
Погледајте го новинарскиов осврт:
Ukrainian nationalists mock, celebrate Odessa inferno victims
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.797

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Откако Русија повторно поентираше со тачдаун на дипломатската сцена, украинскиот квази премиер изјави во врска со оваа одлука на Путин - дека не му доликувало на политичар на таква голема држава да млати празна слама!

Демек не му верувал на изјавата, па истовремено отпатува на бојното поле за да се бацува со воените лидери на паравојските за кои изјави дека се бореле храбро како нивните дедовци од УПА!!!

"Антитеррористическаја операција, котораја длитсја на Донетчине и где наши воины демонстрирујут такују же доблесть, как их деды и прадеды в Красној Армии или УПА, направлена исклјучительно против террористов. Против тех, которые взјали в руки оружие и убивајут. Но мы говорим с каждым, кто цивилизованно высказывает свои взглјады. Даже такие, с которыми мы категорически не согласны", - зајавил јаценјук.

Читать полностьју: http://top.rbc.ru/politics/08/05/2014/922687.shtml
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Не треба да се плашиме од намерно предизвиканите конфликти, туку од случајните инциденти кои се претвораат во катастрофи.

http://okno.mk/node/37654

Интересни анализи на линкот
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Украина 2.0



По Февруарската револуција и хаотичниот распад на Царството Русија, неруските територии што дотогаш биле под нејзина окупација решиле сами да станат ковачи на сопствената иднина, нешто слично на Македонија по крвавиот распад на СФРЈ (во кој, со одредена гордост морам да напоменам, ниту учествувавме ниту пак сакавме да учествуваме). И така, секој од дотогаш подјармените народи си ја побарал сопствената среќа прогласувајќи сопствена држава: Естонија, Литванија, Летонија, Финска, Азербејџан, Ерменија, Украина... Имено, овие новосоздадени нации едноставно сметале дека немаат што повеќе да бараат со Русија, во која во тој момент владеела анархија (по Петроградскиот пуч, руските болшевици успеале да ги контролираат двата најголеми града, Санкт Петербург и Москва, но во внатрешноста работите воопшто не биле под нивна контрола). Арно ама на комунистичкиот водач Владимир Илич Уљанов-Ленин губењето на царските територии воопшто не му одело во полза. И затоа, наспроти Централниот совет на Украина, воспоставен како највисоко државотворно тело на новата власт во Киев, тој прогласил Народна Република Украина со седиште во Харков. Со други зборови, нешто многу слично на она што се случува во Источна Украина денес.

Централниот совет имал на располагање лимитирана воена моќ (Народната војска на Украина), за разлика од самопрогласената влада во Харков, која добивала оружје, средства и персонал директно од Лениновиот Кремљ. Со други зборови, нешто многу слично на она што се случува во Украина денес.
За кратко време болшевиците успеале да воспостават своја власт во Полтава, Запорожја (во тоа време Александровск) и Дњестропетровск (во тоа време Јекатеринослав), по што формирале свои автономни области: Република Одеса и Република Доњецк. Со други зборови, нешто многу слично на она што го прави Путин во Украина денес.

За кратко време Црвената армија влегла во Киев, за во меѓувреме Романците да ја заземат Бесарабија, а пак Германците да го освојат Кишињев. До почетокот на 1918 година независна Украина престанала да постои. Но не престанал да постои и украинскиот отпор. Имено, со оглед на тоа што најголемите житници на новоформираниот Советски Сојуз се наоѓале токму на нејзина територија, нејзините селани одбиле да ги хранат новите окупатори. Москва и Петроград наскоро ги снашол недостиг од храна (среде граѓанската војна со белогардејците), па Ленин испратил телеграма до своите политички комесари, во која многу децидно одредил што да се прави со одметнатиот украински народ: „Другари! Бунтот на петте кулачки региони треба безмилосно да биде задушен. Интересите на нашата револуција го бараат ова, бидејќи последната одлучувачка битка со кулаците насекаде се бие. Мораме да демонстрираме пример: 1) Обесете (и погрижете се бесењата да се одвиваат пред очите на јавноста) најмалку стотина земјопоседници, богати луѓе, крвопијци. 2) Објавете ги нивните имиња. 3) Конфискувајте ги сето нивно жито и пченица. 4) Одберете заложници. 5) Направете го тоа така што на стотици километри наоколу луѓето да бидат свесни за тоа, да се тресат од страв, да знаат, да врескаат: „Овие бесат, и ќе продолжат да ги бесат крвопијните кулаци!“.

Наследникот на Ленин, другарот Јосиф Висарионович Сталин, отиде и чекор понатаму. Кон крајот на 1920-тите години, тој ја подложи Украина на советската индустријализација (нешто слично на она што го направи Колишевски со Македонија кога ги истреби козите и селаните ги спотера кон градовите), која ќе биде тешко бреме на украинското селанство, најголемиот дел на популацијата на Украина. За да го задоволи советскиот глад за зголемени приноси и истовремено да ја финансира индустријализацијата, Сталин ќе почне програма за колективизација на земјоделството, во која државата ќе ги принуди селаните да ги вложат сопствената земја и добиток во колективните задруги, под строг надзор на војската и тајната полиција (нешто слично на она што се правеше и низ сета Југославија по доаѓањето на комунистите на власт). Оние што се спротивставувале биле апсени и депортирани, а на селаните им биле наметнувани уште повисоки квоти на производство (при што НКВД им влегувал по шталите и домовите барајќи скриени резерви). Во раните триесетти години ваквата политика довела до масовен глад (во историјата познат како „Холодомор“), за кој историчарите и ден-денес кршат копја дали станува збор за болшевичко средство за пресметка со идеолошките противници или, пак, руски геноцид врз украинскиот народ (како што го има дефинирано Парламентот на Украина). Како и да е, се смета дека како жртви на овој глад умреле седум и пол милиони луѓе.

И кога во 1941 година германските трупи ќе влезат во Украина, не е чудо што токму овие селани ќе ги поздрават војниците на Вермахтот како „ослободители“, бидејќи за разлика од Сталиновите луѓе во црни мантили, Хитлеровите војници великодушно им го давале она што им требало - храна! Многу Украинци (особено оние од западните делови на земјата) ќе ја покажат својата благодарност така што ќе учествуваат во холокаустот и масовните стрелања на Евреите, па дури и со ентузијастичка работа во нацистичките концентрациони логори (како што е, да речеме, „Треблинка“, во кој од украинска рака се убиени 98 проценти од еврејската популација на Вардарска Македонија).

Истовремено, не треба да се заборави дека Украинците ќе дадат огромен придонес и на другата страна, па така во составот на Црвената армија во текот на Втората светска војна ќе загинат четири и пол милиони војници од Украина (иако победите на оваа војска од страна на Кремљ денес се прогласуваат исклучиво како руски победи!).

И кога денес Путиновите сатрапи повторно и на ист начин, следејќи иста методологија, посегнуваат по оваа земја (при што во Словјанск држат десет заложници на кои им се закануваат со смрт, додека во околните реки пливаат искасапените тела на државните чиновници лојални на централната власт), не можам да не се сетам дека Украина беше единствената земја во светот што во текот на оружениот конфликт во 2001 година ги снабдуваше вооружените сили на Македонија со артилериско оружје и авијација.

И затоа кога на Интернет ќе прочитам како мнозинството Македонци навиваат за Путин - ми доаѓа да си ја ставам главата во ќеса од срам!

Авторот е режисер и сценарист

Автор: Дарко Митревски / darkomitrevski@gmail.com
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.008
Поени од реакции
22.333
И кога денес Путиновите сатрапи повторно и на ист начин, следејќи иста методологија, посегнуваат по оваа земја (при што во Словјанск држат десет заложници на кои им се закануваат со смрт, додека во околните реки пливаат искасапените тела на државните чиновници лојални на централната власт), не можам да не се сетам дека Украина беше единствената земја во светот што во текот на оружениот конфликт во 2001 година ги снабдуваше вооружените сили на Македонија со артилериско оружје и авијација.
Оваа влада во Киев не е истата со таа од 2001, оваа влада никогаш не би ни помогнала.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom