Македонците од Западна Македонија се жалат дека се обесправени

  • Креатор на темата Креатор на темата Verdict
  • Време на започнување Време на започнување
Искрено не ве разбирам, они покажуваат мапа на општини каде имаат кандидати, вие ваму гледате пропаганда....ако не е параноја не знам што е....
Имавме еден премиер порано, додека копавте ровови на Шар за да барате права, тој викаше нема гајле тоа се диви копачи на злато.Мислам дека дури и тој не беше наивен сепак знаеше, но очигледно и тој ви помагал.
 
Момче претепано во автобус во Чаир

Изутрина во 03.30 часот во полициска станица Бит Пазар, А.П.(23) од Скопје, пријавил дека околу 00.30 часот додека се возел во автобус на ЈСП со бр.57, кој сообраќал на релација од населба Козле до населба Радишани, на пешачкиот мост на улица.„Цветан Димов“ во Чаир,
04052014130957_avtobus-jsp.jpg


Според информациите на МВР, А.П. влегол во автобусот на автобуската постројка кај ГТЦ, се упатил кон задниот дел од автобусот и по кратко време забележал поголема група лица кои се групираат на задниот дел од автобусот, во еден момент осетил силен удар со тврд предмет во пределот на задниот дел од главата, при што истиот паднал во безсознание. Потоа непознатите лица продолжиле да го удираат со клоци и тупаници во пределот на главата и телото.

На нападнатиот му е укажана лекарска помош во ГОБ, каде му се констатирани телесни повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
Момче од Стајковци истепано во дворот на АСУЦ
Текст: Макфакс
Црна Хроника | 06 мај 2014
Шеснаесетгодишно момче од скопското село Стајковци било претепано пред средното училиште „Боро Петрушевски“.
momche-od-stajkovci-istepano-vo-dvorot-na-asuc-183720.jpg


Како што информира Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил вчера, во 13.30 часот кога група ученици го нападнале Ф.Ѓ. од Стајковци. Напаѓачите го удирале тинејџерот со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, при што му нанеле видливи повреди.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.
 
Тајните служби се засилиле во последно време изгледа :unsure:
 
Четворица штипјани претепани додека седеле во двор

Поголема група непознати лица претепале четворица штипјани додека седеле во дворот на куќата на едниот од нападнатите, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил вчера околу 18 часот на ул. „Косовска" во Штип, во дворот од куќата на Ѓ.Д. (19). Со него биле уште три лица М.Д.(17), М.М.(39) и М.Ј.(35), кога во еден момент пристигнале неколку патнички возила од кои излегле поголема група лица кои физички ги нападнале со дрвени и метални предмети удирајќи ги по телата и главите, при што им нанеле повреди.

На повредените им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Штип каде им се констатирани телесни повреди и се пуштени на домашно лекување.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.


@Beric Dondarrion што викаш? Пак по кафирите удриле. Дури во Штип? Улица Косовска? 2+2=5

 
...Дури во Штип? Улица Косовска? 2+2=5
А тебе, сиромав, овие работи на заебанција ти личече...
Греота, но сепак, потврда на она што го реков другде: - Све дур нему лично нешто не му се деси, нашиот човек нема да реагира.
Не си пишал заебанција до сега на сметка на Смилковско, во таа тема? Што чекаш?
Се прашувам, дали кога тебе или на некој твој ќе дојде на ред, ќе го задржиш комичниот настап?


Па кажи си бре ти дека си бил комедијант. Не сум знаел, но одсега ќе знам. Јас сакам добра шега и не ми пречат твоите шали на темата за Украина, но не сум знаел дека сакаш и на вакви теми да се шегуваш.
Ќе се дружиме (y):vozbud:
 
Последно уредено:
А тебе, сиромав, овие работи на заебанција ти личече...
Греота, но сепак, потврда на она што го реков другде: - Све дур нему лично нешто не му се деси, нашиот човек нема да реагира.
Не си пишал заебанција до сега на сметка на Смилковско, во таа тема? Што чекаш?
Се прашувам, дали кога тебе или на некој твој ќе дојде на ред, ќе го задржиш комичниот настап?


Па кажи си бре ти дека си бил комедијант. Не сум знаел, но одсега ќе знам. Јас сакам добра шега и не ми пречат твоите шали на темата за Украина, но не сум знаел дека сакаш и на вакви теми да се шегуваш.
Ќе се дружиме (y):vozbud:


Мене не ми е смешна маката на никој, освен твојата - психолошка мака. Твоево е или некоја кампања или клиничка параноја.

Живеев во град каде што има поголем процент албанци, и додека растев сме се тепале повеќе по маалска основа и со албанци, и со македонци, турци, роми.

Треба да разбереш, и во богата и во сиромашна држава машкиот тинејџер сака да се покаже пред жените. Разликата е што во богатата, татко ти ќе ти купи ново Ауди, ќе го развозиш и после ќе го пазиш да не ти го гребнат. Во сиромашна држава, нема таков луксуз. Единствено како да се истакнеш е со тепачки и маалски футбал. Да се крене стандардот на народот, 80 посто од тепачките ќе ги снема.

Кукаш овде без да предложиш решение. Што е решение за тебе? Кристал нахт, војна, поделба на Македонија? Објасни.
 
Мене не ми е смешна маката на никој, освен твојата - психолошка мака. Твоево е или некоја кампања или клиничка параноја.
Шегобиец, можеби за тебе фактите се параноја. Не ме ни чуди, во контекст на тоа што го лупаш на темата за Украина.
Фактите велат дека еднаш до два-пати неделно имаме ваков случај. Обратни? Па, еднаш годишно? Двапати?

Еве и за тебе:
Aко мислиш дека сум параноичен и дека моето не се заснова на реалноста, бујрум земи пиши тука (со линкови од вести) колку има напади на неалбанци врз Албанци, а ја ќе ги постувам обратните (за било кој период).
Тоа се факти, а тоа дали ја преувеличувам или не, е субјективно.



Треба да разбереш, и во богата и во сиромашна држава машкиот тинејџер сака да се покаже пред жените. Разликата е што во богатата, татко ти ќе ти купи ново Ауди, ќе го развозиш и после ќе го пазиш да не ти го гребнат. Во сиромашна држава, нема таков луксуз. Единствено како да се истакнеш е со тепачки и маалски футбал. Да се крене стандардот на народот, 80 посто од тепачките ќе ги снема.
Значи тоа било бе. Тинејџер сака да се покаже пред жените и убива деца за Велигден, пали цркви и пишува Смрт за Каури, или ги каменува со све верници во нив и да не набројувам. Сакаш да ми кажеш дека секоја недела по неколку неалбанчиња јадат ќутек затоа што некој тинејџер со Ауди сака да се покаже пред жените? Или црквата во Мала Речица се сквернави толку често затоа што некој кој добил Ауди сака да се покаже пред жените?

Прво беше ова шега (пак ќе речам, се надевам дека кога тебе или на некој твој ќе му се деси ќе му се смееш у болница),
После тинјџер што се фали бил у прашање цело време, небаре зборуваме тука за маалски заебанции,
За на крајот, маестрално да заклучиш дека ете ако Албанците биле богати немало вака да ни прават.

Што и да измислиш, џабе.
Колку причини ќе си најдеш, само најочигледната да ја избегнеш?
Не си ни прв ни последен ваков.






Кукаш овде без да предложиш решение. Што е решение за тебе? Кристал нахт, војна, поделба на Македонија? Објасни.
Имам повеќе пати предложено решенија. Не се пишува во еден пост. Можеш да ги најдеш по форумов.
 
Последно уредено:
@Beric Dondarrion

Се уфрлив во тема, онака, да ти ја нарушам сапуницата, што неуморно ја презентираш овде.
Знаеме дека префрлање на топката за сите проблеми на Македонецот (невработеност, сиромаштија, трајно иселување, бугарски пасоши) е твој оддел и специјалност. Продолжи.
 
Последно уредено:
@Beric Dondarrion

Се уфрлив во тема, онака, да ти ја нарушам сапуницата, што неуморно ја презентираш овде.
Види, ти можеш до утре да бираш зборови, како сапуница, параноја, тинејџерски испади или што и да е, а сепак нападите ќе си продолжат. Немам јас проблем со тоа како некој, ко тебе, ќе ги именува.


Знаеме дека префрлање на топката за сите проблеми на Македонецот (невработеност, сиромаштија, трајно иселување, корупција, бугарски пасоши) е твој оддел и специјалност. Продолжи.
За жал тие проблеми кои ги спомна не се никаква замена, туку егзистираат напоредно со проблемите од темава.
Она што е забележливо, е ангажманот на власта, тие проблеми да се маскираат со оваквите, од темава.
 
Јас како поранешен жител на западна Македонија можам само за жал да го потврдам она што го пишува Beric Dondarrion
 
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Секој пат истo.
Треба да гласи искрено - "Се преземаат мерки за пуше*е ку*ови на насилници и орци "
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom