На страна сите тролања и заебавања, мислам дека форумов заслужува една ваква тема. Мислев да ја отворам во Општи муабети, но еве поприкладно е тука.
Значи во оваа тема ќе одат сите страни (со мало објаснување) кои го прават интернетот поубав: дали се тоа корисни страни од кои може да се научи многу, или страници кои помагаат во секојдневниот живот со совети; или пак страници за опуштање и амбиент, или пак кул ствари со неизмерна забава. Да не должиме многу, јас ќе почнам, па вие продолжувајте. Нека биде озбилна тема, јас кога можам и кога ќе најдам нешто ново - ќе апдејтирам.
|
www.evernote.com - Страница на која можете да запишувате било какви белешки, да креирате to-do листи, да креирате виртуелни тетратки - со еден збор - да си го организирате животот и зголемите продуктивноста.
|
www.donottouch.org - Страница која го снима вашиот маус и го додава заедно со иљадниците други корисници кои ја посетиле страната. Само следете ги инструкциите, ќе бидете пријатно изненадени
|
www.ted.com - Не може да се објасни колку е јака странава. Значи, на страната има видеа од т.н. TED talks, и на овие конференции не може да присуствува секој. Дури и местата во публиката се резервирани за различни научници, новинари и влијателни луѓе, а да не збориме за оние кои всушност говорат на сцената. Има најразлични talks од секој можен вид и секоја можна тема. Најдоброто е што е комплетно бесплатно.
|
www.asoftmurmur.com - Одлична страна за креирање на амбиент. Само стиснете на копчето PLAY и подоле додавајте и тргајте најразлични звучни амбиенти, зголемувајте и намалувајте ја нивната јачина. MUST HAVE за читање книги, заспивање или креирање атмосфера.
|
http://workshop.chromeexperiments.com/stars/ - Експеримент на Chrome кој ви овозможува да истражувате 100,000 звезди.
|
http://www.7cupsoftea.com/ - Место за делење и слушање на совети за било какви проблеми, комплетно анонимно, се конектирате кон рандом слушач и тој ви помага. Да напоменеме дека „слушачите“ се искусни. Многу добра замисла, сеуште го немам пробано.
|
http://www.abbeyroad.com/crossing - 24/7 стриминг од познатата улица во Велика Британија каде што е направена легендарната слика на Битлси - на пешачкиот премин. Преку ден можете да забележите многу туристи како пробуваат да ги рекреираат легендарните Битлси
|
http://thenicestplaceontheinter.net/# - Да ја завршам темава со нешто интересно
Како што кажува и линкот, најубавото место на интернетот. Примате гушки од тотално рандом странци кои се снимале себеси и се поставиле на страната. Истото можете да го направите и вие. Share the love!