Кога треба да се крштеваме?

Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
-----------------------------------------------------------
Прво браќа сметам дека крштевањето не може да спаси, простете што се повторувам спасение само преку Вера во Исус Христос - делата не можат да не спасат ниту крштавањето како чин. Што ќе се случи со човекот што го има чуено Евангелието - Радосната Вест поверувал во Исус а не се крштавал ? дали тој нема да биде спасен ? а што се однесува до она дали имаме потенцијал да правиме добро ап. Павле до Римјаните зборува дека никаково добро не живее во мене, желба за добро има но не и сила да го правам тоа. Од друга страна Римјаните 2:13 вели (спободен превод) Зошто Бог е Оној кој ве поттикнува да сакате и да дејстувате според Неговата Волја. Од свое лично сведоштво јас се крштавав на 27 години во оној момент кога јас го разбрав Евангелието, Спасението и помина извесно време кога можев да ја утврдам верата во себе и посакав да бидам крштеван на река она библиски. Иако моја семејна позадина е православна и сум крштаван како бебе (не го сметам тоа за вистинско крштавање) - бидејќи ми беше наметнато. Сега со смелост можам да кажам дека старото во мене умреме - дека се ново (наново сум роден) благодарение според Божјата благодат (која е незаслужена) но според Божја волја ми е подарена. И сметам дека сега сум храм на Св. Дух кој живее во мене (во нас) и дејствува преку нас. Како што Исус во споредбата со Никодин му вели треба да се родиш од озгора , еднаш се раѓаш телесно - вториот пат се раѓаш духовно како наново родено битие. Поради горе-наведените причини сметам дека не треба да се крштеваат мали дечиња и бебиња.

Божјата благодат нека биде со вас, Браќа
И со Тебе!

Здраво,
благодарам што се произнесе!

Имам неколку прашања:
Дали мислиш дека САМОТО ПОТОПУВАЊЕ те има Наново Родено или мислиш дека се работи за сугестија или за лично доживување на потопувањето или мислиш дека претходната подготовка (подготовката пред Потопувањето) те има тебе Наново Родено?
 
Член од
24 февруари 2008
Мислења
22
Поени од реакции
1
Крстителот напиша:
Затоа, слободно Крштевајте ги Вашите деца, бебиња, немојте да мислите дека е неБиблиски, бидејќи очигледно е дека АРГУМЕНТИТЕ од БИБЛИЈАТА зборуваат дека може!
Ајде наведи ми ЕДЕН аргумент од Библијата кој зборува дека бебињата може да се крштеваат.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
33
Поени од реакции
0
И со Тебе!

Здраво,
благодарам што се произнесе!

Имам неколку прашања:
Дали мислиш дека САМОТО ПОТОПУВАЊЕ те има Наново Родено или мислиш дека се работи за сугестија или за лично доживување на потопувањето или мислиш дека претходната подготовка (подготовката пред Потопувањето) те има тебе Наново Родено?
----------------------------------------------------------
Наново се родив во оној момент кога му се покорив на Исус - и во своето срце го признав за свој Господар и Спасител, крштавањето беше само потврдување на мојата лична вера во Исус Хрисос. Поистоветување со Христовата Црква (Божиот народ)

Поздрав,

Бог со вас.
 
Член од
24 февруари 2008
Мислења
22
Поени од реакции
1
Напишано од Тајсон
Ајде наведи ми ЕДЕН аргумент од Библијата кој зборува дека бебињата може да се крштеваат.

Кој го читал мојот коментар - прочитал
Јас го препрочитав твојот коментар два пати и не најдов библиски аргумент за крштевање на бебиња.
Мореее... да имаше ти таков аргумент при рака имаше да ме удавиш со тој аргумент, ќе си го ставеше дури и во потписот за да ми докажеш :) но факт е дека таков аргумент во Библијата НЕ ПОСТОИ!
Помирете се со тоа.
 
Член од
11 април 2014
Мислења
138
Поени од реакции
57
Исус кога се крстил што мислите? кога бил бебе или кога станал полнолетен?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Исус кога се крстил што мислите? кога бил бебе или кога станал полнолетен?
побитно е ЗОШТО се крстил Исус?
која беше потребата од неговото крштевање?
да се исчисти од гревовите или да стане хриостијанин - верник?
Беше ли Исус грешен пред крштевањето или бил припадник на друга вера (или атеист) па со крштевањето ја примил новата вера?
 
Точно дека е така али темава е кога треба да се крстиме?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Точно дека е така али темава е кога треба да се крстиме?
ти го посочи Исус како пример, али побитно од КОГА е ЗОШТО треба да се крстиме, постоеа религии и пред христијанството кои го имаа обредот на крштевање, дали христијанскиот е превземен од нив или е нешто ново, невидено.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Исус кога се крстил што мислите? кога бил бебе или кога станал полнолетен?
Кога Христос беше крстен, Он беше повеќе од „полнолетен„, односно го запаси еврејскиот принцип на „пораснатост„ за да стане учител.
Христос Богочовекот беше крстен од смртен човек.
Христос нема(ше) потреба од крштевање, оти Е безгрешен.
Христос беше/Е совршен, независно од Неговата човечка возрат.

Наравоучение: механичкото повикување на Христа, како пример за возсраста на која некој треба да биде крстен, не е соодветен пример...
 
Член од
11 април 2014
Мислења
138
Поени од реакции
57
Кога Христос беше крстен, Он беше повеќе од „полнолетен„, односно го запаси еврејскиот принцип на „пораснатост„ за да стане учител.
Христос Богочовекот беше крстен од смртен човек.
Христос нема(ше) потреба од крштевање, оти Е безгрешен.
Христос беше/Е совршен, независно од Неговата човечка возрат.

Наравоучение: механичкото повикување на Христа, како пример за возсраста на која некој треба да биде крстен, не е соодветен пример...
бавооо имаш многу добро разбрано и сватено многу работи.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
бавооо имаш многу добро разбрано и сватено многу работи.
1 Тимотеј 2:
12. А на жената не и дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Точно дека е така али темава е кога треба да се крстиме?
Многу луѓе сметаат дека детето треба да порасне па да се покрсти а и самите не се свесни за опасноста да се умре не`покрстен.По Православното Христијанство и статусот на неговите родители треба да се покрсти веднаш по неговото раѓање па кога ќе порасне ќе си има избор и право на статус.
 
Член од
11 април 2014
Мислења
138
Поени од реакции
57
Многу луѓе сметаат дека детето треба да порасне па да се покрсти а и самите не се свесни за опасноста да се умре не`покрстен.По Православното Христијанство и статусот на неговите родители треба да се покрсти веднаш по неговото раѓање па кога ќе порасне ќе си има избор и право на статус.
али бебето што разбира кога се крсти мало, ништо, ни зошто се крсти, ни дали дака да се крсти во таа вера ништо не разбира, затоа како христијани да го иминтираме нашиот водач Исус и како полнолетни односно возрасни да се крстиме, така да самите си одлучиме што сакаме а што не, а не други да го одлучуваат тоа за нас.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
.

Најдобро е крштавањето кога човекот ќе се разбуди за Вистината БОЖЈА и поради Таа Љубов БОЖЈА - воден од Светиот Дух - доброволно ќе се одлучи да го напушти суетниот свет (египет) и преку крштевањето (со Вода и Дух Светол) ќе влезе во Новозаветната спасителна Арка на Телото Христово!

Но, имало (и ќе има) и поинакви крштевки, кои засигурно не се абсолутно лоши, се’ додека не се воздигаат како единствените вистински и служат да ја упатат душата на Вистината и Вистинската Крштевка, која што е крштевањето во Дух Светол!

п.с. Светото Писмо прекрасно сведочи дека во времето кога вистинските Апостоли проповедале и крштевале, имало случаи кога луѓето дури и местозастапно се крштевале, за нивните блиски коишто починале некрстени.
Затоа и ние не се противиме на (а во одредени случаи дури и го нудиме) местозастапното крштевање за некрстени починати, но најнапред (и пред се’) го поддржуваме и потенцираме личното и доброволно крштавање, што е најважниот чекор во животот на човекот.

.

Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom