- Член од
- 13 октомври 2005
- Мислења
- 525
- Поени од реакции
- 47
И со Тебе!-----------------------------------------------------------
Прво браќа сметам дека крштевањето не може да спаси, простете што се повторувам спасение само преку Вера во Исус Христос - делата не можат да не спасат ниту крштавањето како чин. Што ќе се случи со човекот што го има чуено Евангелието - Радосната Вест поверувал во Исус а не се крштавал ? дали тој нема да биде спасен ? а што се однесува до она дали имаме потенцијал да правиме добро ап. Павле до Римјаните зборува дека никаково добро не живее во мене, желба за добро има но не и сила да го правам тоа. Од друга страна Римјаните 2:13 вели (спободен превод) Зошто Бог е Оној кој ве поттикнува да сакате и да дејстувате според Неговата Волја. Од свое лично сведоштво јас се крштавав на 27 години во оној момент кога јас го разбрав Евангелието, Спасението и помина извесно време кога можев да ја утврдам верата во себе и посакав да бидам крштеван на река она библиски. Иако моја семејна позадина е православна и сум крштаван како бебе (не го сметам тоа за вистинско крштавање) - бидејќи ми беше наметнато. Сега со смелост можам да кажам дека старото во мене умреме - дека се ново (наново сум роден) благодарение според Божјата благодат (која е незаслужена) но според Божја волја ми е подарена. И сметам дека сега сум храм на Св. Дух кој живее во мене (во нас) и дејствува преку нас. Како што Исус во споредбата со Никодин му вели треба да се родиш од озгора , еднаш се раѓаш телесно - вториот пат се раѓаш духовно како наново родено битие. Поради горе-наведените причини сметам дека не треба да се крштеваат мали дечиња и бебиња.
Божјата благодат нека биде со вас, Браќа
Здраво,
благодарам што се произнесе!
Имам неколку прашања:
Дали мислиш дека САМОТО ПОТОПУВАЊЕ те има Наново Родено или мислиш дека се работи за сугестија или за лично доживување на потопувањето или мислиш дека претходната подготовка (подготовката пред Потопувањето) те има тебе Наново Родено?