Фала за целосната информација. Нешто вакво очекував и си го добив.

Пиво, во моментот само по пошта ако сакаш.

Буџетот не ми е дефиниран. Може да дадам 300 евра, 500 евра, 1 000 евра, ама не сакам. Финтата е да најдам ефтино и убаво.


И затоа собирам информации, евентуално ако не го купувам склопен, да си купам различни делови и сам да си го склопам.
Зошто мора да е 28ца.
Висок сум, возам доста брзо, за викенд возам на отворени релации по 40-50 км. Во текот на неделата одам на работа со него (15 км), и ако излезам на пиво, или така да се издувам некогаш возам по 30 км дневно. Реално, немам автомобил, и велосипедот ми е основно превозно средство и во лето и во зима. (Единствен услов е да не врне дожд).
На сегашниот велосипед имам Деоре ХТ и немам никакви проблеми со менувачите. Ама од многу возење ланецот + запчаниците се катастрофа. Од предните запчанаци, само еден работи како што треба (за моја несреќа најмалиот). Другите два испуштаат под мал/среден притисок. Ланецот знам оти е крив/деформиран, од спринтови по угорници, жива среќа што не се скина досега. Не сакам да го расклопувам овој велосипед, туку да му го оставам на татко ми, да се вози бавно и да ужива во 28ца.
Тркачки ставам, бидејќи кога возам за викенд, на големите прави и удолници, сегашниот ми е бавен. Едноставно бавен. Имав стар рог, како тркачките едно времо, го сокапав од возење, му кршев педали, кинев ланец, ама одеше како луд. И затоа малку од романтични побуди, би возел нешто слично.


Велосипед ќе земам бидејќи овој сериозно ми оди на нервите.
Уште еднаш фала за советите.