


Понекад форумов го мразам ради вакви работи... Таман ќе заборавам многу работи околу војната, затоа што и дома си имам случај поврзан со војната, и оп ќе излезе некоја ваква тема. Вечна им слава, златни луѓе погинаа за денес некој курот да си игра со нас. Тие што ги убија ни се министри, заменици премиери, пратеници и слично. Сосема логично нели? Да ти се намочам во државата умрена, и после се чудат зошто ние младите сме си оделе од земјава... Епа затоа, затоа што не сакам терористи да ми ги носат законите и да управуваат со државата, држава против која пукаа пред 13 години.
Уште еднаш, вечна им слава и нека почиваат во мир, барем тоа го заслужиле.
Извини ако сум ти дирнал некоја жичка што најмалку треба,но темава ја отворив бидејќи не заслужуваат да се заборават.Никогаш и од никого.Очигледно политичарите ги заборавија и седнаа на маса со оние што ги убија и ги масакрираа,но народот никогаш нема да ги заборави,барем поголемиот дел.Убава песна има направено Гоце Арнаудов,бог да го прости и него,ќе издвојам само дел
Душман дојде,жив го фатија
за парче злато брат го предаде
ниту викна,ниту пукна
в лице брата тој го плукна
и во ноќта црна замина
и јас имам изгубено некого во војната и знам како е тоа болно и никакво чувство,затоа не треба да се заборават тие што загинаа за Македонија во војната.Треба секогаш да се сеќаваме на нив бидејќи тоа е најмалку што можеме да го сториме.
Господ гледа,тркалото се врти се надевам ќе си дојде се како што треба.[DOUBLEPOST=1398724941][/DOUBLEPOST]МАСАКРОТ КАЈ ВЕЈЦЕ ОПОМЕНУВА
Денес, пред споменикот на Бранителите во паркот “Жена Борец“ во Скопје, положивме свежо цвеќе во чест на припадниците на македонската Армија и Полиција кои загинаа во еден од најкрвавите настани во 2001-та, заседата кај с. Вејце. На централниот споменик на Бранителите во Скопје немаше ниту една државна делегација, ниту еден единствен претставник на власта, од било кое ниво. Цвеќе положи единствено делегација на “Достоинство“.
И денес, 13 години подоцна, сеуште ми се свежи сеќавањата на овој крвав настан од 2001 година. Ја имав несреќната должност да бидам на местото на масакрот утрото веднаш после крвавиот чин, како обезбедување на групата која го вршеше увидот на местото на заседата. Додека се движевме помеѓу запалените возила сеуште се чувствуваше мирисот на барут, мирисот на изгорено човечко месо, мирисот на смртта. Насекаде наоколу расфрлани чаури од испукани куршуми, остатоци од експлодирани гранати, крв, пепел, смрт...
Според обдукциониот наод на Институтот за судска медицина, на некои од ранетите им било пукано во глава од непосредна близина додека уште биле живи, неколку од нив добиле убодни рани од нож а неколку биле запалени...
Денес, 13 години подоцна, додека нашите соборци гнијат во црната земја, сторителите на овој гнасен, вандалски чин, се амнестирани и се наоѓаат на слобода. И, да биде злото поголемо, можеби некои од нив пијат кафе во центарот на Скопје, на само стотина метри подалеку од местото на кое полагавме цвеќе. Но, еден ден, кога и да е, правдата мора да биде задоволена.
Нека им е вечна славата на нашите загинати херои. Споменот на нив засекогаш ќе остане со нас.
Генерал Стојанче Ангелов