Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Не се работи за никаква сугестија, туку се работи за распалена фантазија, која е добро позната од однесувањето кај добар дел од „светите„ кои се произведени од рмиската Црква. Таа фантазија „оди„ до таму што поединци можат да го отфантазираат и амбиентот од пеколот.
Мики, дали ти си направил било што од ова што го негираш или што го тврдиш?
 
Сеа и ти го тупиш.:P

Едноставно е. Го знае множеството исходи за секој поединец. Значи во тоа множество имаш Х исходи кои се последица на демоснко влијание, и Y исходи кои се последица на одбивање на демонското влијание.

Поставени се правилата на игра, кои водат до соодветен исход.

Бидејќи е допуштена слободната волја, си игра само со множеството исходи, не и со секој исход поединечно. Во случај да играта се сведе на секој исход поединечно, тогаш ќе нема слободна волја и се ќе било однапред дефиниран патоказ.

Не знам што е отлку тешко да се разбере ова, или поинтересно е да се укажува некому дека не е во право:P
Проблемот е што се тврди дека дел од тие исходи биле спротивни на Божјата волја.[DOUBLEPOST=1398719858][/DOUBLEPOST]
Да.
Задоволен?
Лажеш.
 
Не се работи за никаква сугестија, туку се работи за распалена фантазија, која е добро позната од однесувањето кај добар дел од „светите„ кои се произведени од римската Црква. Таа фантазија „оди„ до таму што поединци можат да го отфантазираат и амбиентот од пеколот, а „стигмите„ се чиста рутина...

Зашто фантазијата се противи на Црквеното толкување за следење на Божјиот пат?
 
Проблемот е што се тврди дека дел од тие исходи биле спротивни на Божјата волја..

Хмм. Веројатно се мисли спротивно на добрата страна од Божјата награда.

Очигледно е дека целото множество е дефинирано од Бога.

Спротивно може да биде во смисол на непознавање на правилата, кои те однеле во лошиот дел од множеството.
 
Зашто фантазијата се противи на Црквеното толкување за следење на Божјиот пат?

Првите луѓе немаа потреба од фантазирање, оти имаа се‘ што им е потребно,а не знаеја за гревот.

Фантазирањето е уште една последица од падот Адамов, што значи способност за доживување или доловување нешта кои се недостапни во реалното време и реалното живеење, а од кои (нешта) немаме реална потреба, туку само запаѓање во уште поголем степен од огревовеност.

Првиот фантазер беше херувимот Деница, кој отфантазира дека може да го завземе тронот Божји.
 
Од кои нешта немаме реална потреба? Ако фантазирам да ја легнам комшиката, како се спротивставува тоа со мојата реална потреба?

Дали според наведениот пример за Деница, уствари се мисли да не се фантазира само за нештата кои припаѓаат на Бог?
 
„Не сведочи лажно против својот ближен„, вели Бог.
Лажеш! Знам дека лажеш.[DOUBLEPOST=1398720635][/DOUBLEPOST]
Хмм. Веројатно се мисли спротивно на добрата страна од Божјата награда.

Очигледно е дека целото множество е дефинирано од Бога.

Спротивно може да биде во смисол на непознавање на правилата, кои те однеле во лошиот дел од множеството.
Тоа е веќе друго. Дуалноста или доброто и злото немаат смисла на ниво на апсолутност, на тоа ниво на контемплација, тие се надминати и асимилирани.
 
Од кои нешта немаме реална потреба? Ако фантазирам да ја легнам комшиката, како се спротивставува тоа со мојата реална потреба?

Дали според наведениот пример за Деница, уствари се мисли да не се фантазира само за нештата кои припаѓаат на Бог?

- Таа Твоја „реална„ потреба ќе ја замениш и надминеш, ако ја легнеш сопругата, која Бог Ти ја дал, а Црквата Ти ја благословила за жена...:icon_lol:
- не: фантазирањето е недопуштено во било која смисла, а така вели и сам Бог: „Не посакувај ништо што е туѓо„.(10-та Заповед).[DOUBLEPOST=1398720851][/DOUBLEPOST]
Лажеш! Знам дека лажеш.[DOUBLEPOST=1398720635][/DOUBLEPOST]
Тоа е веќе друго. Дуалноста или доброто и злото немаат смисла на ниво на апсолутност, на тоа ниво на контемплација, тие се надминати и асимилирани.

1. Го имаш моето признание.
2. Ја имаш Божјата Заповед.
3. Се имаш себе си, т.е. своето мнение.

Добар избор, нели?...
 
„Таму„ каде што постои морал, каде што постои волја, каде што постои избор и одлучување, „таму„ постојат и последици, како што се казната и наградата. Тие две нешта се практикуваат и во Светов. секое добро дело се наградува и се мотивира, а секое злодело се казнува и се демотивира.
Бесмислено е да казнуваш за исход кој си знаел дека ќе се случи и си го допуштил. Уште побесмислено е да ги категоризираш исходите на добри и лоши, доколку си ентитет кој е на апсолутно ниво на постоење. Ако се произлегува од тебе, тогаш нештата кои ги дефинираш како лоши, се исто така од тебе! Со тоа дел од сопствената креација и дизајн ја прогласуваш за промашување и грешка.
 
Тоа е веќе друго. Дуалноста или доброто и злото немаат смисла на ниво на апсолутност, на тоа ниво на контемплација, тие се надминати и асимилирани.

Сакав да укажам дека постовите и концептот на Мики1 се разбирливи ако сакаш да ги разбереш:)

Дали ќе се сложиш или не со нив е друг муабет.

Дали треба да се почитуваат? - Треба.

Тој концепт не нуди широк спектар на одговори и можности за размислување. Прецизен е до одредени граници и има поставено лимити. Тоа што многумина сакаат да не се во тие граници е друг муабет.

Тие што сакаат да останат во тие граници и лимити, не ги прави инфериорни во однос на другите.[DOUBLEPOST=1398721135][/DOUBLEPOST]
- Таа Твоја „реална„ потреба ќе ја замениш и надминеш, ако ја легнеш сопругата, која Бог Ти ја дал, а Црквата Ти ја благословила за жена...:icon_lol:
- не: фантазирањето е недопуштено во било која смисла, а така вели и сам Бог: „Не посакувај ништо што е туѓо„.(10-та Заповед).

Хмм. Не би рекол дека фантазија е исто што и посакување туѓо. Башка комшиката е немажена, значи црковно е недоделена никому.
 
Бесмислено е да казнуваш за исход кој си знаел дека ќе се случи и си го допуштил. Уште побесмислено е да ги категоризираш исходите на добри и лоши, доколку си ентитет кој е на апсолутно ниво на постоење. Ако се произлегува од тебе, тогаш нештата кои ги дефинираш како лоши, се исто така од тебе! Со тоа дел од сопствената креација и дизајн ја прогласуваш за промашување и грешка.

Нештата кои се добри или се лоши, не ги одредува отпаднатиот човек, туку ги одрфедува сам Бог. Ако човекот сам на себе си одредува што е добро а што е лошо, тогаш човекот сам на себе секогаш ќе си досудува правдина, наоѓајќи оправдување за своите (не)дела.

Оној кој има избор и кој чини одредени дела, токму тој е активниот учлесник во (зло)делото и затоа токму тој ќе сноси и последици од тоа (не)дело. Бог Е референцата која одредува што е добро, а што не е.

Бог Е праведен Судија, кој суди не по мерак, туку по верата и по делата од таа вера.
 
Џабе, не капираш што ти кажувам.....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom