Апостол Павле напишал: „Ве поттикнувам, браќа, преку името на нашиот Господар Исус Христос, сите да зборувате едно и меѓу вас да нема поделби, туку да бидете потполно обединети со ист ум и со ист начин на размислување“ (
1. Коринќаните 1:10). Библијата ги советува христијаните ‚да бидат сложни во размислувањето и да ја имаат истата љубов, да бидат еднодушни, еднакво да размислуваат‘ (
Филипјаните 2:2).
Логично е дека таму каде што постои вакво единство има, всушност, само
една религија. А и самата Библијата вели дека има „еден Господар, една вера, едно крштавање“[DOUBLEPOST=1398507377][/DOUBLEPOST]По што ќе се препознаат вистинските христијани?
Христијанин е оној што го следи Исус Христос. Размисли за четири работи по кои јасно се препознаваат Христовите следбеници.
1. Исус во молитва му рекол на Јехова: „Им го објавив твоето име“ (
Јован 17:26). Вистинските христијани го прават истото и денес.
2. Исус проповедал за Јеховиното царство и ги испратил своите ученици и тие да проповедаат од куќа до куќа. Тој им рекол: „Штом ќе влезете во некој град или село, побарајте го во него оној што е достоен да ве прими вас и вашата порака“. Подоцна им заповедал: „Одете и правете ученици од луѓето од сите народи“ (
Матеј 10:7, 11; 28:19). Лесно можеш да ги препознаеш вистинските христијани денес затоа што тие сѐ уште го вршат истото дело.
3. Исус одбил да заземе страна во политиката. Затоа, за своите следбеници рекол: „Не се дел од светот, како што и јас не сум дел од светот“ (
Јован 17:14). Припадниците на вистинската религија треба да бидат добро познати по својата политичка неутралност.
4. Исус покажувал самопожртвувана љубов. Тој рекол: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (
Јован 13:35). Вистинските христијани се грижат еден за друг и не учествуваат во војните.