Запад имаше став дека може да се отцепи територија од држава, русите тоа го оспоруваат а прифаќаат отцепување на крим па и приипојување на друга држава. Кога ќе дојде во ОН тема за Косово, руската делегација ќе ќути и гледа в земја од срам
Па не баш.
Крим постоеше како автономна република во границите на Украина и како автономна република по демократски пат, односно преку референдум, се отцепи од Украина и се припои кон Русија.
Факт е тоа дека брзото закажување и одржување на референдумот ставаат знак прашалник врз неговиот легитимитет и врз исходот од самиот референдум, но барем тој референдум се одржа и граѓаните на автономната република Крим имаа право да одлучат дали сакаат да останат дел од територијата на Украина, или сакаат да се отцепат и да се припојат кон територијата на Русија.
Косово од друга страна, никогаш не се отцепи од Србија по демократски пат. Како за почеток, Косово не постоеше како автономна република во границите на Србија, туку постоеше како посебна административна област со своја администрација, односно беше квази-автономна република во границите на Србија, со квази-автономна влада. Но властите во оваа посебна административна област никогаш не распишаа референдум за да им дадат на жителите на Косово право да бираат дали сакаат да се отцепат од Србија или не. Напротив, таканаречените косовски власти усвоија декларација за независност која никогаш не ја ставија на референдум за жителите на Косово да одлучат дали ја прифаќаат таквата декларација за независност или не. Но западот без никакво двоумење ја призна декларацијата за независност на Косово и го призна Косово како независна држава, иако постапката на отцепување на Косово воопшто не беше демократска.
Можеби постапката за отцепување на Крим од Украина не беше демократска, но дефинитивно беше ако не демократска, тогаш барем квази-демократска, додека постапката за отцепување на Косово од Србија не беше ни малку демократска.
Земајќи ги во предвид овие факти, следува заклучокот дека Русите воопшто немаат ама баш никаква причина зошто засрамени да гледаат во земја во Организацијата на Обединетите Нации, која уште од кога се случија бомбардирањето на Југославија во 1999 година и недемократското и незаконското отцепување на Косово, покажа и докажа на дело дека не ги брани човековите слободи и права на сите граѓани на сите држави членки на оваа организација.