- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.344
- Поени од реакции
- 13.134
Во СФРЈ косово и имаше граници, влада, собрание, милиција, устав, закони и претставник во федеративно раководство. По сите правила си беше посебна единица
Во СФРЈ, не и во Србија после 2006 година, има разлика.
СФРЈ постоеше до 1992 година, СРЈ постоеше од 1992 до 2003 година кога беше преименувана во Србија и Црна Гора, и постоеше како таква се до официјалното распаѓање во 2006 година кога Црна Гора прогласи независност преку референдум, а со тоа и Србија стекна независност.
Во Уставот на Србија кој постои далеку пред 2008 година кога Косово еднострано, незаконски и недемократски прогласи независност, убаво пишува дека Косово е дел од територијата на Србија, без било каков посебен административен статус како што беше во СФРЈ.
Според Уставот на Србија и според српските закони, независноста на Косово е нелегална и нелегитимна.
Со оглед на фактот дека западот ги брани суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, земајќи го во предвид украинскиот Устав како главен и одлучувачки фактор, следува заклучокот дека западот применува политика на двојни аршини, бидејќи ако го почитуваат демократското општествено уредување во една слободна, самостојна, суверена и независна држава, би го почитувале и Уставот на Србија, исто како што тврдат дека го почитуваат и Уставот на Украина, и би го признале Косово како дел од територијата на Србија како што пишува во Уставот на Србија, а не како независна држава.
Одговорот од Русија на ваквото самоволие на западот е сосема очекуван и разбирлив, нема ништо срамно во одговорот на Русија и ако западот навистина го почитува демократското општествено уредување во секоја слободна, самостојна, самоуверена и независна држава во светот, најлогично би било да го повлече признанието на Косово како независна држава и да го признае како дел од територијата на Србија. Во такви околности, Русија ќе мора да го следи примерот на западот и да го признае Крим како дел од територијата на Украина, а доколку не го направи тоа, ќе има причина за да се срами пред светот.