Безбедност на забавите

  • Креатор на темата Креатор на темата Spong
  • Време на започнување Време на започнување
Еве во видеото ја изјавата и од портпаролката на болницата дека немало повреди. Така да ова на плус инфо е точно ;)

Ова е сосем друго нешто од почетната потврда на медицинските лица дека девојката има траги од силување. Сега медицинските лица велат нема повреда. Останува збор наспроти збор. Сосем друг муабет.

@Џонтра Волта ако лаже под 10 години у лудница не треба да и бега.
 
Во безбедност на забавите, ако веќе тоа е насловот, не спаѓаат само силувањата како потенцијална опасност. Има уште поопасни ситуации во кои се имам најдено и јас, рецимо, а сум имал среќа да поминам без трајни последици.

Мој предлог е, или да се преименува темата во "Безбедност од силување(на забави)", или да дискутираме и за други опасности.
Епа тутунот е нелегален на јавни места од затворен тип, така да опасноста од пасивно пушење е отстранета. Опасноста од неизмиени мишки не е докажано дека е штетна по луѓето наокулу. Ај да видиме кои други опасности се тука...

Еве например, опасност од лош (фалс) алкохол.
Како да се справи човек со тој проблем?

Еве мој предлог: да се пие џин.
Ретко барана пијачка која никој не се замара да ја фалсификува. Приступачна цена (ок, само во однос на цените на другите пијачки) и „најлошиот„ (најевтин) џин е Хрватски Sax... кој е сосема пристојна пијачка.
Со прилично лимун, и со чаша обична вода со лед (лед само во водата). :)
 
Јас само се надевам дека дечкото што го приведоа нема да се смилува и ќе и лупне една тужба на дотичната за ја изгори парично, да не им текне на други како неа да пријавуваат лажни силувања. Додуше за лажно обвинување/сведочење не само парично туку мислам дека е казниво дури и со затворска казна, во Србија пред неколку месеци имаше ваков сличен случај.
 
Ова е сосем друго нешто од почетната потврда на медицинските лица дека девојката има траги од силување. Сега медицинските лица велат нема повреда. Останува збор наспроти збор. Сосем друг муабет.

@Џонтра Волта ако лаже под 10 години у лудница не треба да и бега.
За почетната потврда дали има некое видео или само текст? Затоа и пишав дека можно е да е и нешто друго а тука настана хаос и навредување на мене и некои членови.
На ова може да се верува, телефонски повик од портпаролката на болницата што повеќе да се докажува? Барем оваа не е новинар па да лаже.
Инаку малава ми е комшика кај моите во Штип како и да е ќе дознаам повеќе.
 
А што ако се појави мислење од втор лекар , а силувачот е син на некој моќник од градот кој сака да го сокрие делото.
Претпоставка..
 
Телевизија Стар објавува, чим е телевизија значи не е само текст. И наодите се темелат на дадени изјави од болница. Врз основа на тоа настанаа коментари. А твојот пост прочитај го повторно и повторно и кажи ми дека е во ред. Макар и ваква ситуација да се деси, објасни ми на такви информации таков коментар оставаш. Сама си го барала. Мислам ало, не постои силување со сама си го барала. И оти те вреѓале, е оти де?
 
А што ако се појави мислење од втор лекар , а силувачот е син на некој моќник од градот кој сака да го сокрие делото.
Претпоставка..
Можно е.

Ништо чудно и масоните да се вмешале, сега пред избори, да ја дестабилизираат земјата...
 
Можно е.

Ништо чудно и масоните да се вмешале, сега пред избори, да ја дестабилизираат земјата...

Па како ќе коментираш дека прво наодот на лекарот е силување и издаден е налог за апсење (налогот за апсење не се дава врз нечија усна пријава туку тоа оди преку лекарот кој е должен да ја алармира полицијата) , а потоа имаме изјава дека не е силување . Ќе се расчисти наскоро овој случај или пак завршил со некаков премолчан договор .
 
Што се однесува до лажното пријавување за силување, иако според кривичниот закон жените што пријавуваат лажно силување треба да се казнат за лажна кривична пријава, во пракса ситуацијата е многу поинаква, од нив околу 90% нема воопшто да бидат обвинети за лажна пријава, и ова е така од многу конкретна причина -- судиите сметаат дека ако започнат да ги казнуваат жените што лажно пријавуваат силување, ова ќе ги обесхрабри и уплаши жените што навистина биле жртви на силување да го пријават вистинското силување. Може да се каже дека во овој случај вагата на Јустиција е наклонета кон женскиот пол, а дали е ова праведно и оправдано е предмет на дебата.

На кратко, ако се работи за лажно силување дечкото нема да може да си ја истера правдата пред кривичниот суд, мошне веројатно е дека нема да може да ја истера ни пред граѓанскиот суд за сторената клевета, туку во суштина може само да биде захвален на Бога што нема да лежи во затвор.
 
Па како ќе коментираш дека прво наодот на лекарот е силување и издаден е налог за апсење (налогот за апсење не се дава врз нечија усна пријава туку тоа оди преку лекарот кој е должен да ја алармира полицијата) , а потоа имаме изјава дека не е силување

И на тебе ли да ти објаснувам??? Кој прв наод, кои сини очи? Тие информации од вчера беа само ШПЕКУЛАЦИИ од порталите
 
Па како ќе коментираш дека прво наодот на лекарот е силување и издаден е налог за апсење (налогот за апсење не се дава врз нечија усна пријава туку тоа оди преку лекарот кој е должен да ја алармира полицијата) , а потоа имаме изјава дека не е силување .
Тоа и мене ми текна. Гарант некое матење на масоните е ова!!!!!!!!
 
Тоа и мене ми текна. Гарант некое матење на масоните е ова!!!!!!!!
:tapp: Ја згреши темата , оди паламуди во темите за масоните , опседнат еден.
И на тебе ли да ти објаснувам??? Кој прв наод, кои сини очи? Тие информации од вчера беа само ШПЕКУЛАЦИИ од порталите

Ти го знаеш дечкото , јагненце е а ?
 
Да, вчера на порталите излегоа информации и ти тврдеше дека порталите не се никаков доказ.
Денес на порталите излегуваат други информации и ти ги нудиш истите тие информации како доказ иако вчера го тврдеше спротивното.
Одлучи се, порталите се доказ или не? Или се доказ само кога тебе ти одговара?

Разликата од денес до вчера е ОГРОМНА, само не ја гледаш или се правиш дека не ја гледаш. Денеска има ИЗЈАВА од официјална установа! И не е само ПлусИнфо како извор за денес и не е прв извор! ПлусИнфо можеби први објавија од попознатите мкд портали, локалните медиуми се малку спори со објавување вести онлајн, но се знаеше и пред ПлусИнфо да напише било што, барем за тие што живееме тука.

[DOUBLEPOST=1398443892][/DOUBLEPOST]
Ти го знаеш дечкото , јагненце е а ?

Не го знам лично, нит знам каков е. Ако има нешто направено нека лежи.
 
Последно уредено:
Телевизија Стар објавува, чим е телевизија значи не е само текст. И наодите се темелат на дадени изјави од болница. Врз основа на тоа настанаа коментари. А твојот пост прочитај го повторно и повторно и кажи ми дека е во ред. Макар и ваква ситуација да се деси, објасни ми на такви информации таков коментар оставаш. Сама си го барала. Мислам ало, не постои силување со сама си го барала. И оти те вреѓале, е оти де?
Во првата вест на ТВ Стар имаше само изјава од новинар:
Извори за телевизија Стар појаснуват....
Според информации до кои дојде ТВ Стар, девојката синоќа била на студентска забава.
Кои им се тие информации? Обични новинарски шпекулации

Значи јас прво пишав дека е можно да постои и друг дел од овој случај поради тоа што Штип е мирен град каде вакви работи има еднаш во 5 години. И дадов мое мислење во врска со случајот за кој сеуште немаше ништо официјално. А тука голем дел од членовите го сфатија погрешно. Пред да се каже нешто се размислува.

Да е одвлечена од дома ок или нападната на улица. Те честат пијалок во дискотека гледаш што е и како е, а не ќе пијам бе не го плаќам.
Поради ова викам сама си го барала и си го добила.
Сигурно некој не и ја ставил чашата на уста. Значи не е силувана нема повреди, а силување може да има секакво. Баш го споменав примерот каде што дечкото со гушкање во такси ја носи дома, а оваа кажува дека таму ја силувал. Во секаква ситуација може да се случи силување.

Кога на неа нема никакви повреди што мислиш ти дали е насилно одвлечена или само ја однел во станот да ја отрезни. Сигурно насилно не е однесена за таму нежно да ја гали.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom