НБА Сезона 2013/2014

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Bulls се убедливо најпреценетата екипа за оваа сезона(иако според играчите кои се на располагање во тимот, можеби и до некаде прeјак збор!), како во регуларен дел, па особено во дуелот со Wizards со почетокот на плејофот. Не дека заклучоков произлегува од моменталните случувања на терен и водството од 2:0 па сега ќе се правиме генерали, проблемот и целата онаа фама и билдање на рејтингот до облаци (непотребно) како тимски , а пред се на поединци во екипата(прикаски за МВП, да не беа смешни ќе беа жалосни) , датира многу порано оваа сезона. И донекаде и е можеби оправдано, особено ако си фан на Булс за целата таа еуфорија оваа сезона, доста динамична и турбулентна за нив со оглед и како испаднаа многу од работите, со сите тие трејдови, повреди , старо-нови играчи, адаптација за кратко време, факт е дека на крајот и треба да бидат нивните фанови многу задоволни = би рекол и презадоволни !!!!
(што Булс успеа да преживее и да обезбеди плејоф пласман, и тоа доста висок пред се и бидејки истокот испадна катастрофа оваа сеозна со многу разочарувања, повреди итн итн.... )
Е токму тука е и проблемот !

Еве зошто целата таа галама е пред се медиумски исфорсирана=модерен сензационализам да се привлечат читатели и внимание и е доста нереална, ако се гледа малку подетално на работите и од сите агли и објективно!


Ако се фрли едно око на последната третина од регуларниот дел, конкретно последните 24 натпревари на Булс(од Март до самиот крај), кога и Булс имаа одлична серија и се "разиграа"
веднаш едно нешто боде очи и тоа од Месечината, а тоа е квалитетот на противниците во сите тие натпревари. Како што се гледа од листата, најголемиот дел од победите на Булс
во тој период се остварени против екипи како : 2 x Sixers, 2 x Pistons (утка на декадата), 2 x Boston, Bucks, Orlando или на кратко - тињата на Истокот и генерално најслабите тимови во лигата за оваа сезона. Споменативе екипи практично имаа едвај 5 победи од Нова Година и како минеше времето и немаа многу елан за било каква игра и чекаа само да куца саатот и да си прават бајрам за драфтот кој следи.
Па тука се и Knicks (големо разочарување), Sacramento, Wolves....па и Атланта спаси глава (по повредата на Хорфорд) ....значи се се ова екипи кои завршија далеку од плејоф пласман и играа пеку целата сезона многу лошо и не се воопшто benchmark за било која плејоф екипа, со која треба да се мерат !! Од тие 24 партии, најголемиот дел дуели со посериозните екипи Булс ги загуби , како што и се гледа на листата (некои од тие и прејаки екипи за Булс и претежно од Западот, и ова не е некое изненадување) Значи Булс во оваа ситуација беше како онаа народната "подобро прв у село отколку последен у град". Е Биковите повеке во оваа аналогија
ми тераат кон оној делот со селото од поговорката (и не поради тоа што природно на говедото местото му е во село и тој амбиент и природа му одговара повеке)

Заеби сточарство, конкретно на серијата со Wizards

Од новите дечки кај Булс, најпријатно изненади и беше клучот за успехот на Булс во завршницата од регуларен дел (оние 20-30 партии) DJ Augustin (покрај Noah)Овој во Булс оваа сезона , воопшто не личи на оној стариот Augustin, крајно неефикасен на моменти, кој често троши топки и има големи осцилации во играта. И не случајно Пацерите и Bird, рано го прочитаа минатата сезона и се ослободија без многу да се замараат со него ! Да не зборувам кое тенеќе беше во Bobcats со години(ај демек бил млад, има време, ова она -клише муабет). Речиси цела кариера (иако веке 6 години е во лигава ама е анонимус, и се уште е до доаѓањето во Булс) за него беше Лото да има 40% ефикасност. Последниве 10 партии за Булс е навистина откровение (45% и 19.2 поени) битно што од апект на волуменски со колку поени допринесува за Булс па
и во ефикасност, која пак ќе повторам е крајно нетипична за него , баланс меѓу квантитет и квалитет ! Нема дилема дека оваа е негова најдобра сезона до сега во неговата кариера, може и конечно го погоди вистинскиот тим !

Да ме демантира дека сепак има нешто останато, онаа неефикасна компонента од неговата DNA која не може тука така да се искорени преку ноќ, од оној стариот DJ (my middle name is ќутук) Augustin првата со Wizards беше 3/15 (+3 продадени топки) и покрај тоа сепак со 16 поени беше прв стрелец кај Биковите! Како и да е, многу ќе биде битно да во најмала рака пумпа барем 15 поени за Булс во наредните партии и може да биде џокерот за Булс ако при тие
15-20 поени успее да одржи преку 40% ефикасност! Некоја златна средина за него и Булс !(нешто налик втората партија , ама и тоа не беше доволно) Очајно му треба да Булс таков поединец !

Wizards искрено се пред се поизбалансирана екипа од Булс во поглед младо/старо и ги покриваат офанзивно речиси сите позиции и тука е најголемата предност. Имаат добар баланс напад/одбрана, не дека во двата сегменти имаат некоја спектакуларна игра но нема голема разлика и дупка, т.е играат колку толку и напад и одбрана. Во тој контекст се можеби и една од
најизбалансираните екипи од Истокот и општо лигава.Млaдо и крeвко и на моменти шуто со атлетицизам/дриблинг/гас во транзиција и scoring punch (Beal/Wall) по потреба + искусни батки под кош и доста ветерани особено битни кога е плејоф искуство (Ариза, Ал Капоне, Андре, Drew) Но најголемата предност и разлика со Булс е главно во версатилноста или универзалноста на позиција 4 и 5. Имаат дечки снажни и јадри да одговорат на погруба физичка игра и добро да го затвораат рекетот по потреба со доста мобилен тандем за тие позиции(Нене/Гортат Боксерчето), а во истовреме овие имаат и предност во игра на низок пост и игра 1on1 и се поснаодливи споредено со Nоah/Boozer/Taj (особено Nоah колку е лимитиран во тој дел и практично овој сегмент во играта е непостоечки кај него!!!) Едноставно покомплетни играчи (па и шутче од дистанца) Ако го ставам и тука и Gooden кој по толку дремење и неизвесност за неговата кариера игра фантастично во Wizards, налик онаа прва сезона во Cavs со Lebron(иако многу минутажа и не добива, сепак ќе се најде кога тогаш ) Кој ги гледал Wizards знае дека Drew не личи на себе и какви фантастични партии пружи оваа година!
Евреинот , Nene и Gooden се во најдобрите години и сите имаа добра километража зад нив ......тоа е !

А и секако Miller, со последниот воз го собраа, подобар играч за backup PG не можеа да донесат , особено кога е прашање плејоф играта. Ако Wall влезе у филм каубојци-индијанци у FULL HD и почне да ја губи контролата во нападот а со тоа и Wizards да личат дека летаат од колосек, кaкo брз воз во катастрофална сообраќајка среде Tokyo, Ренди (ако му светне) доволно е да го уфрли Андре во тие моменти, кој е мајстор да го успори темпото а и во најмала рака им одговара на стратегијата на која Tibodo ќе преферира (а и нема избор) оваа серија да ја успори играта на Wizards, ете и тука е баш на место Андре, па дури и кога се решава утакмицата при тесен резултат, Андре обожава и едвај чека да удри и не бира жртви(прифаќа дуели со играчи 2-3 глави повисоки и ги праќа по семки, фстаци и други неопходни артикли за мезе, без никаков срам). Овој е феномен и како виното, колку постаро толку подобро. Пак ќе повторам , подобар играч не можеа да најдат на таа позиција !
Првата утакмица влезе при крај на трета четвртина начука 10 поени за 10 мин ко на к-р ташак и си отиде на клупа без многу галама !

Најголемата критика и проблем на Wizards целата оваа сезона е неконстантната игра на Wall (со на моменти форсирани шутеви од неизградени позиции и доста солирање) и пред се хемијата во тимот(која не беше на ниво) + ефикасноста на одредени играчи (најмногу Beal +Wall, бидејки и од овие најмногу се очекува)Па и големи осцилации на цела екипа во текот на еден меч која често се рефлектираше на терен во "од готово вересија". Во овој дел единствено може да се каже дека само Ариза беше на ниво (овој ја игра без дилема најдобрата сезона во кариерата и е најконстантен кај Wizards цела сезона)! Ако само се види game log за Wall за оваа сезона (доволно за тие кои слабо ги гледале а бааѓи ги има такви на форумов) http://espn.go.com/nba/player/gamelog/_/id/4237/john-wall
цела сезона игра стани падни, во пракса една партија е 50-60% и прв стрелец, другава троши тон топки со мизерни 35%. Како и да е тоа не е ништо ново и веќе 4 сезони e најголема критика за Wall и голем непоправлив минус за него. И Beal не беше нешто поарен во тој дел. Пример првата партија и двајцата беа многу лоши (4-14, 3-11) среќа ја добија таа партија па овој сегмент од играта и се подзаборави инаку главна причина за пораз и ќе беше токму неефикасната игра од овие двајца (и залуден ќе беше МВП учинок на Бразилецот кој на Дефанзивецов на годинава му удри едно родео, како го јаваше цел меч и го претвори од бик во магаре со тоа што ни понуди шведска маса во сите сегменти од играта !)
Кога сме кај осцилациите, се виде во втората утакмица кога спичкаа 20 разлика експресно за 5-6 минути во втората четвртина .Такви моменти имаше многу оваа сезона за Wizards во регуларен дел !!!

Всушност ефикасноста е голем проблем на двете страни, особено за Булс, кој се последни сезонава во FG%(ништо ново тука) а и шутот за 3 е ахилова пета веќе 2-3 години наназад за Булс и тој сегмент од играта кај нив е речиси непостоечки и се ценкаат за 2-3 тројчиња по меч! Бадијала е дедо Dunleavy (кој се уште се држи добро на терен), тој е само една мала утеха за Булс да компензираат за Robinson и Marco, кои имаа одлични сезони, а двајцата беа голем фактор во шутот од далечина. Добра замисла во комбо со Rose, Mike e и од секогаш бил троа спор(малку поспор), а и веќе во години, овој не може да се дигне на шут во игра 1на1 а да не е тоа игра преку блок, т.е некој друг да одработи за него и му сервира на тацна чиста позиција и отворен шут, да не зборам што е дефанзивно црна дупка против било кој играч на терен и а спушти топка на дриблинг веројатноста да ја изгуби е голема! Да додадам дека и Wizards беа 4-та најефикасна екипа за 3 во лигава и секако тука има предност (кога им оди шутот, ама па тоа важи и за секоја екипа, горе доле)

Не може само Булс да чека и да се надева на добра одбрана ( на стара слава), ќе им треба мнооогу повеќе од тоа, против оваа екипа на Wizards ! Се бара јунак во клучни моменти да понесе одговорност, офанзивно, а таков реално нема во овој ростер на Булс. Captain Ray-ban никогаш и не бил во неговата кариера clutch а и пo default стално под притисок се губи, сепак прави колку што може , би рекол и за годините над можностите. Ќе видиме DЈ-ов каква музика ќе понуди во наредниве мечеви и како ќе игра на таа музика Wizards. Со оглед дека веќе Wizards украде 2 на гостински , нека спреми за секој случај Augustin некој микс со погребална музика, да му се наоѓа при рака, иако не е ништо готово !

А и Волот со оваа екипа на Куршумите има несекојдневна прилика и ретка можност да оди во втора рунда плеј, што за Wizards историски гледано е премија и се случува на некои 10-15 години (последен пат 2005 и Arenas кога беше незапирлив и пукаше на сите страни, а и Wizards од 1980 само два пати имаат стигнато втора рунда, по доминацијата и успехот во 70-те )
ЗАтоа и ова треба да биде мотивација плус за Wall (атер за Магзи) и да ја подигне играта на едно друго , респектабилно за лидер во еден плејоф ниво , бидејќи и првиве две партии беше само чад од испукана чаура во празно, реално ! Греота се бе, не за друго !



На крај на есапов, куршумот од секогаш бил најголема закана за бафалата во САД , па така и сега, ништо ново тука, само историјата се повторува !
 
G

garthok

Гостин
Mомциве тука не прават разлика меѓу омилен и најдобар. Еве ја на пример Коби ама ич не го сакам а го почитувам како тешка ѕверотиња. Трт е баскет гуру, deal with it, му се дивам како не го мрзи да објаснува лол
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Значи чикаго од почетокот игра без плејмејкерот на франшизата, потоа го трејдуваа најдобриот поединец за ништо и успеаа да се одржат на каква-таква срање конференција. Медиумски се форсирани секако поради серијата која ја имаа после ол старот, но сите кои ги пратеа низ целата сезона па можеби и 2 назад, знаат дека немаат офанзивна игра. Никој во ростерот не се преценил себеси дека може да стаса до титула. Тој е менталитетот, срце, мускули и гадна кошарка се со цел да се победи натпреварот. Работата поради се крена галама за булси е дека тие имаа можност да ја танкат сезоната при рекорд од 9-18 во јануари, но не се предаваа и победија со што се појави голем хајп за плејофот дека би можеле да направат галама. На крај краева, Вашингтон се солидна млада екипа која е офанзивно ориентирана но имаат двајца џинови под кошот а таму можеби се најдобри булси од целата конференција во поглед на резултатите што ги имаа оваа сезона, можеби единствено посилен фронткорт да имаат инди но тука некаде се. Нене и Гортат претставуват голем мисмеч со Бузер и Ноа од кој и да било гледан агол, а на тоа додади го и екстра доброто бековско дуо со ариза на крилото и лесно може да колабрира одбрамбениот систем при толку офанзивни закани. Значи чикаго игра ротација од 7 играчи кои ги сочинуваат, 2 играчи со брејкаут сезони (Агустин, а помалце неефикасниот Батлер), неколку ветерани и 2 играчи во прајм (Ноа и Гибсон). Од оваа екипа повеќе од втора рунда повеќе не може да се очекува, повеќе од тоа е колку толку успешна сезона по катастрофалниот почеток. Но спремни се за игра во оваа оф сезона за голема риба како мело и промена на јадро. Го нема денг, ќе го нема ни бузер, но потенцијално засилување би бил Мело кој со евентуално здрав Роуз би влегле во директна контендерска позиција и единствен тим од шампионски калибар покрај Мајами. Се останува до тимската хемија, би можело да се деси и крахот на Лејкерс со Двајт но би можело да биде перфектно партнерство со балансиран напад и силна одбрана.
btw се додека не стои 4-0 за визардс, имаме шанса и не се даваме. ;)
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
  1. Russell westbrook should have been DPOY instead of Noah. After-all, he’s been denying the best scorer in the league Kevin Durant all year long.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Далас фудбал играат, мора да се смени правилото за играње со нога. :mad:
 

closertb

Пластичен
Член од
23 октомври 2011
Мислења
895
Поени од реакции
1.060
Сопкест/ЕјсСтрим за Далас?
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
Будни сме бе момци?:D

Ама игра Далас еј, реални шанси имаа и првата утакмица да ја земат. Реков јас ќе биде тeжок двомечот, вие за метли зборувавте. Ако ако, нека има изненадувања. Досега, освен Мајами другиве све интересни дуели испаднаа..:D
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Што е со одбраната на Сан Антонио?!
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
Ашик и Хауард у постава. Гревчиња Портланд, неможе еден скок да добијат :D
 

closertb

Пластичен
Член од
23 октомври 2011
Мислења
895
Поени од реакции
1.060
Абе ако им крене шутот на Далас, може метла на САС да се случи.
Ако не се лажам, оваа година Далас поставија нов рекорд на погодени шутеви во една четвртина 96%. Мислам дека само еден шут имаа утнато. :D
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.592
Поени од реакции
12.497
Абе ако им крене шутот на Далас, може метла на САС да се случи.
Ако не се лажам, оваа година Далас поставија нов рекорд на погодени шутеви во една четвртина 96%. Мислам дека само еден шут имаа утнато. :D
Не е до шутот, Спарси играат загубено утакмицава. 21 загубена топка, 16 од 25 слободни. Ќе биде интересен дуелов до крај.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.534
Поени од реакции
17.919
Добра метла им удрија Спарси на Далас:cool:,друг пат бидете претпазливи у проценките,посебно кога се работи за дерби.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom