Религија - општа дискусија!

  • Креатор на темата Креатор на темата SuBZerO
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
..исто како што цитатие кои ги посочивте немаат благе везе со прашањето и одговорот кое ги дадов!

Да Те потсетам само: Dumbledore прашуваше за начинот на кој треба да реагираат рисјаните кои живеат во нерисјански земји и кои се прогонувани од мнозинството, а Вие ми цитирате без везе стихови, во кои нема ниту алузија за нечие проготнсто, туку во наведените цитати Апостолите посочуваат начин на христијанско живеење во веќе затекната општествена стварност, како што навистина и било во нивното време!
Како може да немаат благе везе, кога јасна порака си имаат тие стихови?! Ако некој те нападне, не возвраќај, ако ти земе нешто, дај му го, не се противи! :tapp:
 
Вие ми цитирате без везе стихови, во кои нема ниту алузија за нечие проготнсто, туку во наведените цитати Апостолите посочуваат начин на христијанско живеење во веќе затекната општествена стварност, како што навистина и било во нивното време!
Тие цитати важат само за народи кои живееа во Римско - паганско царство, под власт на пагански цар?
после то под други царства, кралства, демократии, диктатури, републики.... не важат?
денес тие се само текст од минатото без значение за енешните верници?
 
Ако некој те нападне, не возвраќај

Во ред: еве ако некој Те нападне и сака да Те снема, тогаш седи си мирен и остај го да Те „збрише„. Може така?...[DOUBLEPOST=1398208159][/DOUBLEPOST]
Тие цитати важат само за народи кои живееа во Римско - паганско царство, под власт на пагански цар?
после то под други царства, кралства, демократии, диктатури, републики.... не важат?
денес тие се само текст од минатото без значение за енешните верници?

Појма не‘ам...
Ти, што мислиш?
 
Во ред: еве ако некој Те нападне и сака да Те снема, тогаш седи си мирен и остај го да Те „збрише„. Може така?...
Кај Телемитите нема “подај го и другиот образ“ :D То само за тебе важи ко “вистински“ христијанин.
 
Во ред: еве ако некој Те нападне и сака да Те снема, тогаш седи си мирен и остај го да Те „збрише„. Може така?...
Неможе, затоа не се сметам себеси за христијанин. Ама кај тебе тоа не е случај! Ти се декларираш како христијанин, но тоа што не ти одговара го игнорираш.
 
ако ти земе нешто, дај му го, не се противи! :tapp:

..што не значи дека крадењето е допуштено, туку значи дека ако некому му допуштиш дел од својот имот, на оној кој позјамува од Тебе треба да му текне дека позјаменото не е негово и дека треба истото да го врати.

Види што стори Закхеј во Лука, 19.8.[DOUBLEPOST=1398208453][/DOUBLEPOST]
Неможе, затоа не се сметам себеси за христијанин. Ама кај тебе тоа не е случај! Ти се декларираш како христијанин, но тоа што не ти одговара го игнорираш.

Не го игнорирам, туку не го земам „здраво за готово„ во протестантски манир, туку го земам според црковното толкување.

А ако не се исповедаш за христијанаин, тогаш што воопшто се повикуваш на библиски стихови?
 
..што не значи дека крадењето е допуштено, туку значи дека ако некому му допуштиш дел од својот имот, на оној кој позјамува од Тебе треба да му текне дека позјаменото не е негово и дека треба истото да го врати.

Види што стори Закхеј во Лука, 19.8.
То важи само за Захеј и неговиот конкретен случај
 
Абе убаво си пишува, еве:
Лука 6:
27. Но, на вас - кои слушате - ви велам: „Љубете ги своите непријатели; правете им добро на оние, кои ве мразат.

28. Благословувајте ги оние, кои ве колнат; молете се за оние, кои ве навредуваат.

29. На оној, кој ќе те плесне по едниот образ, заврти му го и другиот; и на тој, кој ти ја зема наметката, не му ја откажувај ни кошулата.

30. Дај му на секој, кој бара од тебе. И не барај го назад твоето од оној, кој зема од тебе.
 
То важи само за Захеј и неговиот конкретен случај

Јааааа...:sneaky:[DOUBLEPOST=1398208646][/DOUBLEPOST]
Абе убаво си пишува, еве:

Да, и јас велам дека убаво си пишува, што не значи дека напишаното ќе го употребам само кога е во моја корист.
 
Не го игнорирам, туку не го земам „здраво за готово„ во протестантски манир, туку го земам според црковното толкување.
А каде пишува дека на стиховите им е потребно толкување?[DOUBLEPOST=1398208696][/DOUBLEPOST]
А ако не се исповедаш за христијанаин, тогаш што воопшто се повикуваш на библиски стихови?
Или со сила се правиш мутав, или мутав си, трето нема. Јасно ти кажав дека не се повикувам на тие цитати, туку ги постирам за да укажам дека ти и таквите како тебе кои се повикувате на библијата, изнесувате ставови кои се во тотална спротивност со цитатите кои ги посочуваме!
 
А каде пишува дека на стиховите им е потребно толкување?[DOUBLEPOST=1398208696][/DOUBLEPOST]

На погешно прашање, се дава погрешен одговор.

На секој почетник при читањето на Писмото, природно му се јавуваат недоумоци околу напишаното, затоа што Писмото е пишувано во период од цца 1600 години, од различни автори, во различни времиња и повеќеслојно па читањето на еден така напишан текст, бара свое толкување за да биде записот јасен и непротивречен. Во спротивно, ќе ја преповторуваме забелешка од муслиманите, кои велат дека Писмтото имало ни мање ни више туку 50 000 грешки...
 
2 Петрово 1:
20. Знајте го ова пред сè: ниедно пророштво во Писмото не може да се толкува како кој сака,
 
А пази сега ситуација:

„...и умре таму Мојсеј, слугата Господов, во земјата Моав, според зборот Господов...„. (Второзаконие, 33.5).

Како можел Мојсеј ем да ги напише 5-те книги од Тората ем да умре како нивен запишувач па уште и смртта да си ја забележи?....
 
Не мењај тема! Ти велиш дека треба да се толкува, во библијата стои дека не треба да се толкува.
 
Како можел Мојсеј ем да ги напише 5-те книги од Тората ем да умре како нивен запишувач па уште и смртта да си ја забележи?....
сумњаш во Божјите можности?
не веруваш дека Тој што создал се живо не можел да направи Мојсеј и мртов да пишува??
мислиш некој ангел дојде кај Бог и му рече “Мојсеј умре - сега шо прајме?!? останавме недопишани!!“
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom