Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
После конзумирање алкохол, без разлика во колкави количини, наредните денови имам болки испод грбот (претпоставувам тоа се бубрезите). Вака е веќе цела година. На лекар одам ретко, а додека одев во средно школо, на сите систематски од прва до четврта, кога ми проверуваа крв и мокрача ме тераа се повторно и повторно да им носам, демек нешто не било во ред со тестовите, ме тераа да пијам чај од брусница и пак да одам - но јас никогаш не отидов. Има некои 5-6 години од тогаш наваму.
Чаре? Дали може да е нешто многу сериозно, да знам да си појдам на лекар додека е време. :) Можеби е и касно, али тоа е...
 
После конзумирање алкохол, без разлика во колкави количини, наредните денови имам болки испод грбот (претпоставувам тоа се бубрезите). Вака е веќе цела година. На лекар одам ретко, а додека одев во средно школо, на сите систематски од прва до четврта, кога ми проверуваа крв и мокрача ме тераа се повторно и повторно да им носам, демек нешто не било во ред со тестовите, ме тераа да пијам чај од брусница и пак да одам - но јас никогаш не отидов. Има некои 5-6 години од тогаш наваму.
Чаре? Дали може да е нешто многу сериозно, да знам да си појдам на лекар додека е време. :) Можеби е и касно, али тоа е...
Чаре? Иди на лекар![DOUBLEPOST=1397882568][/DOUBLEPOST]
При гуглање прочитав дека помага и ова
220.jpg
(Само мене ли ми личи на еректиран пенис? :D)
Освен што било добро за синуси, ублажувало и алергиски реакции.
Само вриј ја добро водата пред употреба, да не закачиш naegleria fowleri
 
Да прашам нешто дали е возможно од измореност да ме стега срцето?
 
пребарував горе и не најдов, ама ај ќе прашам некој да не има искуство со лигаменти на градните мускли?
со различни спортови се бавев горе-доле активно речиси цел живот. Последниве година-две си вежбав сам, значи: трчање, склекови, вратило итн. т.е. нешто како стрит воркаут. Е сега лани во декември отидов во теретана еден месец (дека беше ладно за вежбање надвор) правев нешто повеќе кардио вежби, ама се мислам се зафркнав кога после гради на она бенчон, отидов да правам рол аут (не е битно како се вика) т.е. ова:
roll-outs.jpg


и утре дента имав болки во градите (осеќав како градната коска да ми е скршена..) секако тоа се лигаментите :confused: дојдоа празници не вежбав месец дена, и оп после кога да се активирам пак почна да ме боли истото место после обични склекови.. отидов на лекар ми дадоа фастум гел, б6 да пијам 2-3 недели... ја сам си терав повеќе од месец дена, реков ај може ќе помогне не сум професионалец па да се форсирам одма да пројде. И пак на истегнување со рацете или при спиење во ваква положба, имам мала болка, значи не е нешто да боли ептен, ама ме нервира.
yearner-sleeping-position.jpg


некој ако има искуство со ова нека пише... утре ако не ќе одам кај матичниот да ми даде упат за на ортопед.
 
После антихистамини,за колку време смее алкохол?(Конкретно за летизен прашувам,ако има врска)
 
Здраво на сите,

Денес добив резултат од РТГ на Бели дробови со следниов наод: Обострано периферна хиперинфлација. Адхерентен лев ф-к синус.

Ова следеше поради болка во градите, замор и постојано искашлување шлајм. (без кашлица)
Би Ве замолил за било каков коментар. Фала
 
Еве како земаат крв од вена во нашиве амбуланти
10245442_10200909672504047_7718474861464049962_n.jpg


Сега ми се прошири уште повеќе и чуствувам некои болки кај вената, бев денеска и на лекар ми даде некоја маст хепатробин и ми рече со тек на време ќе си помине...А додека помине тоа време како да и ја лупнам и на нејзе иглата и она со мене да чека да помине...?
 
Последно уредено:
изгледа тебе тешко ти е да ти се најде вена...........за ова ако креваме галама што остана за сето друго :icon_lol:
 
изгледа тебе тешко ти е да ти се најде вена...........за ова ако креваме галама што остана за сето друго :icon_lol:

Тоа е работата, за овие работи кои средношколец од медицина треба да ги знае правилно да ги изврши, да не правиме муабет за други работи..
 
Тоа е работата, за овие работи кои средношколец од медицина треба да ги знае правилно да ги изврши, да не правиме муабет за други работи..
Види, вакви работи се случуваат и на најискусни сестри. Можеби твоите крвни садови се покрти, потенки, потешки да ги погодат, можеби не си притискал доволно откако те боцнале, има милион фактори.
Не е ништо трагично, лошо изгледа, но ќе преживееш ;) Ставај од хепатромбинот, тој помага побрзо да поминат модриците и немаш гајле.
 
Имам фрка огромна! Значи имам преголема доза на иритираност кога некој ми грицка семки или повеќе луѓе истовремено додека сум во затворена просторија.Исто така јадење со отворена уста и шлапотење и правење лоши звуци.... И со мастика исто така, правење лоши звуци и пукање балони константно. Значи доаѓам до степен каде што можам да убијам човек, до толку е дојден комплексот! Хелп ?!? И најверојатно не е за тука муабетов, ама сепак се работи за психичко здравје и ако се нафурам ќе си ја загрозам и физиката.
 
Ајде да се појавам на темата,што не знам и не сум бил на лекар за тоа до сега. Прв пат ми се случи да после долг ден на работа на сонце натаму наваму си идам дома правам туш,и главата малце болеше. Но за кратко не можев ни телефон ни комп да работам,затоа легнав рано и се разбудив среде ноќ со чуство на мачнина и болка кај градите,лажичето,само таму. Наредните денови осет имав на минимално гадење значи,не ми се јадеше многу. И стално го имав она чуство. Но некако болката остана а гадењето помина,и еве сега тоа беше некои си 7 дена а вчера утрината кога станав и на левата страна на градите,значи ребрата,осетив болка при допир,значи не мускулите туку на градите. Па и два дена на левата рака-трицепсот го осеќам ладен.од рамо трицепс до лакт. Само тоа.Кои би имал сознание,совет. Знам да одма си сака лекар но некако... хаос сум. Благодарам се надевам на брз одговор. Така да и сега го имам тоа чуство. А додека работев денес така физичка активност немав проблеми се си беше ок,само од време на време некоја мала болка.
 
Значи сонцето е штетно!!! При долг престој на сонце не дај Боже можеш да добиеш рак на кожа. Внимавај во иднина и сепак посети лекар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom