Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.375

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
пак си утнал работа со овците :) жими мајка не сум љубоморна! :P
:pos: Аха и јас така викав... :D Вие не покажувате љубомора но длабоко во себе сте! :icon_mrgr:
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
вие вагите па се на мерило да стајте :P
:D Мора инаку нема да сме ваги :pipi:

Доколку некој сака комбинации љубовни, или пак за неговиот нешто хороскоп слободно нека пише си земав доста добра книга каде што има многу добри работи и можам нешто да ви пратам доколку сакате.
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.171
Поени од реакции
13.781
Како да дознаам поише, месечина сонце кај биле што правеле при моето раѓање? ;)
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.573
Поени од реакции
1.873
на што паѓа женска водолија? Јас сум рак, дупли :cool:
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
на што паѓа женска водолија? Јас сум рак, дупли :cool:
Верувај водолија бега од ракови а богами 90% од знаците бегаат од ракови :icon_mrgr:

Леандра мислам дека најдобро ги знае раковите @leandra :icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1395879415][/DOUBLEPOST]Машки хороскоп: Што сакаат, очекуваат и бараат од жените?


Секој хороскопски знак има специфични особини кои го одделуваат од останатите во низата. А, со оглед на тоа дека хороскопскиот знак влијае посебно на машките желби и барања, не пропуштајте да откриете каква личност е вашиот партнер.

Овен

Добро граден и секогаш опкружен со девојки, Овенот има силен инстинкт и желба да биде во центарот на вниманието. Кај жените ја обожава женственоста и разиграноста, но нема да премине преку нивната неинтелигенција. Посебно ги ценат жените кои знаат да комуницираат и не се плашат од контакт. Романтичен е и добар љубовник. Внимателен е, лесно доаѓа до пари, но заради екстраваганцијата брзо останува и без нив.

Бик

Мажите во овој знак се доследни на себе и тежнеат кон практичноста во секое животно поле. Внимателни се, но сакаат нивниот труд да се почитува. Тврдоглавоста и сомнителноста им се главни маани, а често пати знаат да покажат и љубомора која води до посесивност. Иако се тешки за освојување, во среќната врска ќе ги бранат сите интереси на својата партнерка, со голема сигурност. Знаат да се облечат и добро ги пресметуваат парите.

Близнаци

Интелигентни и комуникативни, овие мажи повеќе ги сакаат предбрачните врски. Шармантни се и посакувани од спротивниот пол, кој веднаш ги забележува позитивните вибрации и хуморот во нив. Сексапилни се и заводливи, но бргу се заситуваат и сакаат промени. Нивните жени мораат постојано да ги заведуваат, што често пати не е лесно. Отворени се за туѓо мислење, но често знаат да бидат неодлучни.

Рак

Во потполност се насочени кон семејниот живот. Мажите Ракови се емотивни и предадени. Имаат силна поврзаност со своите мајки, а долгите патувања знаат да ги направат носталгични. Често пати го менуваат расположението, а понекогаш се претерано внимателни со парите. Слична е ситуацијата и со одбирањето на девојка или жена, па на Ракот потребно му е повеќе време од вообичаеното. Иако е чувствителен, сепак бара убавина во она што го има.


Лав

Харизматичен и жеден за внимание, Лавот има огромна самодоверба. Оптимист е и независен, лесно доаѓа до центарот на женското внимание и знае да остане во него. Одговорен е, но знае да се однесува ужасно лошо на моменти. Неизмерно е тврдоглав и тешко прифаќа пораз. Партнерката на Лавот мора да ја разбере неговата страст за успех и секогаш да биде подготвена за ласкање и охрабрување.

Девица

Практични и логични, мажите Девици често имаат кариера како научници или доктори. Секогаш приземни, се грижат за хигиената и го бараат истото кај својата идна партнерка. Не се претерано отворени за емоции, но не значи дека ги немаат. Имаат мал недостаток на самодоверба и од партнерката очекуваат неверојатна поврзаност.

Вага

Атлетски градени, со добри комуникациски вештини мажите Ваги се одличен избор за љубовен партнер. Имаат смисла за хумор, талентирани се и нивната енергичност никогаш не поминува незабележано. Една од нивните предности е храброста, но од друга страна знаат да бидат површни и опседнати сами со себе. Кај жените прво ја забележуваат физичката убавина, па според неа судат.

Скорпија

Без оглед на физичкиот изглед, мажите на овој знак лесно ги заведуваат жените. Имаат силна желба за контрола, а нивната таинствена природа никој не остава рамнодушен. Пари, возбудување и статус е она што ги мотивира, но и покрај тоа знаат да се придржуваат кон моралните вредности. Тоа ја вклучува и верноста кон партнерката која им се допаѓа.

Стрелец

Мажот Стрелец зрачи со оптимизам и постојано ја гледа светлата страна на работите. Има успешна кариера, но добро го балансира и љубовниот живот. Како вечно дете, не се грижи претерано за својот живот, а ниту ќе ја прекори партнерката која го запоставува. Речиси и да нема љубомора или посесивност во себе и најмногу од сè ја цени слободата и довербата. Но, тоа воедно му е маана. Знае да биде наивен и премногу да очекува од другите.


Јарец

Мајстор е кога се работи за успешна кариера. Јарецот е интелигентен, успешен и упорен во своите планови. Вешт е во заработувањето пари и остварувањето на контакти. Иако е зачудувачки емотивен, тешко ги искажува своите чувства. Јарецот ги заобиколува жените кои ја делат неговата амбициозност, плашејќи дека ќе ја загрози неговата позиција. Зависници се од контрола, заради што внимаваат на изгледот и однесувањето.

Водолија

Припадниците на овој знак се стабилни и силни, постојано подготвени за сочувство, но затворени кога се работи за сопствените емоции. Машките Водолии се тешко разбирливи за спротивниот пол. Заради тоа, често пати завршуваат со постари, искусни жени кои ги разбира нивните визии и склоноста кон тишината. Доколку живеат во опкружување без притисок, знаат да ја возвратат љубовта.

Риби

Најсилната карактеристика на овие мажи е вродената интуитивност, па можете лесно да очекувате дека ќе ве разберат многу подобро од било кој друг знак. Чувствителни се и бараат личност која ќе се бори заедно со нив во животот. По малку се заљубени во себе и очекуваат жените да го направат првиот чекот. Привлечни се и верни, но внимавајте на нивната склоност кон лаги и лицемерие.
 
Последно уредено:

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Рак ти е бегај подалеку. Тоа ти е таков лепеж од човек, кој после во следните 10год нема да го тргнеш, мрсна флека :D

Ова е интересно:

Кои хороскопски знаци се најпроклети? Вистината е – сите! Зошто секој човек без разлика на кој знак припаѓа носи ужасен квалитет во себе – така наречени рогови! Предупредувам дека текстот треба да го читаат само луѓе со смисла за хумор и спремни да се соочат со вистината.

Овен – Импулсивен проклетник! Прво ќе те срамни со земја, после со ангелска физиономија ќе те праша дали си добро?!

Бик – Жесток проклетник! Од една страна се прави дека се е во ред, ти вика нема проблем, а од друга страна крои одмазда – бавно ќе те измачува и ќе те погоди во слабата точка, онаму каде најмногу боли.

Близнаци – Несериозен проклетник. Тој дури не сваќа дека се однесува како проклетник. Прави глупости, ги заборава за секунда, а после со зачудена фаца ќе те праша: Нешто лут си ми? Зошто?

Рак – Манипулативен проклетник. Како само ти си жртвата да му се сневиди? Како се тебе те напаѓаат без причина, а ти секогаш си крајно добронамерен? Нас не не купуваш со тие приказни!

Лав – Нарцисоиден проклетник. Да тој е на врвот, а сите останати се ништожни и местото им е под неговите нозе.

Девица – Одмаздољубив проклетник. Забораваш, ама не забораваш. И години да поминале, ти ќе си вратиш мило за драго, па макар и последно да ти е.

Вага – Подли проклетници. Ќе се предомисли во зависност како му одговара, манипулира без око да му трепне, ќе излаже без проблем. Плете интриги од кои секогаш излегува со чисти раце како воопшто да не учествувал, а тој ја создал.

Скорпија – Ти не си само проклетник. Ти си најголемиот проклетник во Зодијакот. Во твојата глава има илјадници твои правила и ако некој ги наруши, веднаш влегуваш во улогата на судија. Ако човек не ти игра по свирката, не може.

Стрелец – Скандалџиски проклетник. Не можеш да си ја држиш устата затворена, нели? Цело време пукаш со навреди, но тоа е со добра намера според тебе. Мора ти за се да искоментираш, мора да дигнеш скандал. Дури на бабата во автобус за да и стане јасно дека никој не е должен да и отстапи место.

Јарец – Ти си комбиниран проклетник – рамнодушност, студенило, егоизам и алчност заедно. Но најлошо е што го гледаш тоа и ги цениш овие особини како свои квалитети.

Водолија – Циничен проклетник. Ти си еден од најпроклетите знаци во Зодијакот. Спремен си да ставиш сопка и да наместиш некого, за да можеш после задоволно и со насмевка на лицето да му се подбиваш. Ако некој ти згрешил, тешко него, само толку ќе кажам.

Риби – Апатичен проклетник. Слушаш некој во ноќта како вришти и бара помош, стануваш полека, се наметнуваш со нешто, ќе си го покажеш внимателно носот и ќе си кажеш или е некој луд или пак не е твоја работа да се мешаш. Секој за себе, е твое мото. А кога ти треба помош, очекуваш сите да се тука? Е тоа така не оди!
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Скорпија – Ти не си само проклетник. Ти си најголемиот проклетник во Зодијакот. Во твојата глава има илјадници твои правила и ако некој ги наруши, веднаш влегуваш во улогата на судија. Ако човек не ти игра по свирката, не може.

@leandra

Ова најмногу е изразено кај машките Скорпии кај женските може некои 70% од ова да но кај машките дефинитивно 100% имам газда кој е Скорпија искрено воопшто не се мирисам со него пошто секогаш е лошо настроен и плус тоа интизивен е и само гледа да се закача а запази со вага кај може? со жив политичар? :pos: За вас женските Скорпии навистина сте супер како пријатели тука нема збор но има нешто интересно ако ве изневери маж мислам дека ќе го иселите од планетава, ќе зажали што се родил а верувам нема да биде мирен ни во следниот живот :D Имам другарка која е скорпија и можам да кажам слободно навистина е добро пријателството но многу се нервира кога јас како вага ќе задоцнам :pos: Тогаш сте вулкан!:vozbud:

П.С Докажано од Рак подалеку дефинитивно тоа е чудо кое е неподносливо само за женски рак машка Скорпии и двајцата нека се вртат во нивнот свет :D за машки рак само Стрелец доволно им е.
 
Последно уредено:

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Јас сум бик и сум машко. Која женска , со кој знак ми одговара највише? )
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.359
РАК
Посесивни лудаци, се навредуваат ако не им посакате „добро утро“ на тон кој нив им одговара, го менуваат расположението како што ќе им падне на памет и секогаш имаат потреба да му досадуваат на некој. Ако ги обвините дека лажат, готови сте, ќе плачат и ќе се жалат со години. Ракот ја менува својата личност од крајност во крајност. Еден ден е вашиот најголем непријател и садист, а веќе следниот ден е истиот оној „стар“ и мек како памук. Ако сакате покрај себе да имате темпирана бомба која на неколку дена ќе ви експлодира во лице, само напред. И совет, зачленете се во ловно друштво, бидејќи кога тогаш ќе ви затреба пушка.

Последново е најдобронамерен совет. :D
Иначе најголема разлика во хороскопов има меѓу женски и машки рак.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас сум бик и сум машко. Која женска , со кој знак ми одговара највише? )
Јас сум Бик и сум женско, али генерално важи за двата пола.
Бегај од Близнаци, Лав и Овен.
Најужасни комбинации.
Посебно со Близнаци. Близнаци и сами себе не се трпат.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Јас сум Бик и сум женско, али генерално важи за двата пола.
Бегај од Близнаци, Лав и Овен.
Најужасни комбинации.
Посебно со Близнаци. Близнаци и сами себе не се трпат.
Што значи треба да си барам некоја БикОвка? :))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom