Што бе да се увери?
Мене ќе ме мафта некој, вака, така, онака, па уште јас и пред родители ќе одам? Како да не.
Тие какви и да се, ако она ја збори вистината (големо ако), пред него ќе бидат пристојни, а на само пак ќе и зборат.
До нејзе е. Таа ако застане одлучно и рече: ЈАС НЕГО ГО САКАМ и се бори за тоа, тие на крај ќе попуштат, пошто и се родители и на крај нејзината среќа им е најбитна. Ако гледаат дека не знае шо сака, ќе и советуваат да го откачи, пошто мислат дека е несреќна.
Таа треба да ги реши тие работи, а не тој, пошто тоа е НЕЈЗИН, да не речам “домашен“ проблем кој сама треба да го расчисти.
Значи, најлесно е да идеш со некој во европски држави и во Америка. Иди со некој на Балкан да те видам. Идеш со личноста, поблиското друштво на двајцата, подалечното друштво на двајцата, родителите на двајцата, поблиските роднини на двајцата, подалечните роднини на двајцата, првите комшии, поблиските и подалечните комшии на двајцата и генерално со секој што некогаш ги видел двајцата.
Е па затоа. Затоа врски ќе пропаѓаат, пошто сите гракаат.
Чим некој земал да се вози со мозокот на едниот, пиши пропало на таа врска.