Протестантизам

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Тоа е погрешна логика. Ќе ти илустрирам со пример:
Замисли си дека некој те прашува каде се наоѓа споменикот на Градежниот факултет во Скопје и ти му викаш дека тој се наоѓа на улица Партизански одреди спроти т.ц. Буњаковец. Друг му вели не, тој не се наоѓа таму, туку во Влае. Трет му вели: Нема врска, не се наоѓа ни таму ни таму, туку во Автокоманда. Дали тоа значи дека сите лажат или пак дека сите се во право? Не. Очигледно е дека еден од вас ја кажал вистината (во случајов ти), а другите двајца лажеле и кажале погрешна локација.

Разумната логика вели вака: Доколку постојат неколку противречни тврдења (во случајов вери), тогаш сите тие не можат истовремено да бидат вистина. Значи можни се следниве случаи:
- Сите тврдења се лажни.
- Вистинити се само одредени неконтрадикторни тврдења, а сите останати се лажни.
- Само едно тврдење е вистинито, а сите останати се лажни.

А што од овие е точно, секој треба самостојно, чесно, објективно и без предрасуди да истражи. Верувам дека ако постои Бог, Тој не би се скрил од никој кој искрено и со чисти мотиви го бара и сака да го запознае.
Поздрав!
Како што напишав на почетокот на моето излагање пред неколку страни, нема објективен начин да се докаже дека една религија е во право.
И не се работи овде за споменици, такви работи продавај им на прости луѓе.
Поздрав!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тоа е погрешна логика. Ќе ти илустрирам со пример:
Замисли си дека некој те прашува каде се наоѓа споменикот на Градежниот факултет во Скопје и ти му викаш дека тој се наоѓа на улица Партизански одреди спроти т.ц. Буњаковец. Друг му вели не, тој не се наоѓа таму, туку во Влае. Трет му вели: Нема врска, не се наоѓа ни таму ни таму, туку во Автокоманда. Дали тоа значи дека сите лажат или пак дека сите се во право? Не. Очигледно е дека еден од вас ја кажал вистината (во случајов ти), а другите двајца лажеле и кажале погрешна локација.

Разумната логика вели вака: Доколку постојат неколку противречни тврдења (во случајов вери), тогаш сите тие не можат истовремено да бидат вистина. Значи можни се следниве случаи:
- Сите тврдења се лажни.
- Вистинити се само одредени неконтрадикторни тврдења, а сите останати се лажни.
- Само едно тврдење е вистинито, а сите останати се лажни.

А што од овие е точно, секој треба самостојно, чесно, објективно и без предрасуди да истражи. Верувам дека ако постои Бог, Тој не би се скрил од никој кој искрено и со чисти мотиви го бара и сака да го запознае.
Поздрав!
Има и уште една варијанта која ја испушти, а тоа е случај кога на оној што прашува каде е споменикот, му приоѓа и му кажува некој кој незнае каде е, но сепак му тврди дека се наоѓа во автокоманда, бидејќи така му кажал некој трет, или така пишувало во некоја книга.
 
Член од
9 мај 2011
Мислења
52
Поени од реакции
9
Пријателе ти не конташ изгледа баш најдобро.Муабетот беше да докажам дека господ не постои.Јас тргнав од тоа, ако постои тогаш мора да се сите во право или никоја.Ако сите се во грешка тогаш е само по себе докажано, додека, ако се сите во право тогаш мора да е И операција. Дали ти е јасно?
Не може да се сите во право само ако кажат дека веруваат во „Господ“, а сите се со различни учења за истиот. Тогаш каков е тој бог, со 38 000 карактери?
Инаку постои објективен и нерелигиозен начин да се оценат „христијанските“ деноминации и другите религии, а тоа е со една едноставна изјава од Исус:

„Секое добро дрво дава добар плод, а секое гнило дрво дава безвреден плод. Добро дрво не може да даде безвреден плод, ниту, пак, може гнило дрво да даде добар плод. Секое дрво кое не дава добар плод, се сече и се фрла во оган. И така, по нивните плодови ќе ги препознаете.“ (Матеј 7:17-20)

Дрво е религиозна организација, плодот е припадник на религиозната организација.

--- надополнето ---

Јас не сум христијанка, ниту муслиманка, ниту Јеховин сведок, итн. Јас не верувам во Бог како создател на светот, како татко, како некој што ми кажал како да се облекувам дали да палам свеќи или не, дали да постам или не. Најчесто ме вбројуваат во атеисти, или деисти, но ништо од тоа не сум јас. Верувам дека постои сила која ние сеуште не можеме да ја објасниме, поголема од човековиот мозок денес, и се надевам дека ќе ја разбереме пред оваа наша планета да исчезне како и сите други кога им доаѓа време за исчезнување. Верата на Христос е проста и едноставна, и затоа го почитувам Христос како извонредно мудар и свесен човек за тоа време, но никако за син божји, бог итн. Можеби бил на граница на лудоста, или луд, зошто навистина верувал дека е син божји. Денес јавувањето на гласови се смета за лош симптом, а верувањето дека си нешто што не си, или дека ти се случува нешто што не се случува, се вика шизофренија. Па и Адолф Хитлер верувал во нешто што не е, и мислел дека се вистина работи кои не се, само разликата меѓу двајцата е што едниов убедувал дека треба некого да снема, да се убие, а Христос убедувал на љубов, на милосрдие. Па според тоа, како што во психолошките правци постојат бихевиористи, психоаналитичари итн. мене ми се допаѓа учењето на Исус за меѓучовечките односи и сметам дека е исправно, но не верувам во ниту една единствена религија или пак Бог кој има човечки или надчовечки својства.
Го ценам тоа што имаш сопствени верувања за непознатото.
Верата во Христос не е проста, далеку од тоа, таа е само опишана на најпрост начин за тоа време за да биде достапна и до најпростите.
Ти веруваш дека Исус бил шизофреничар, и да, тоа е втора највозможна опција доколку не бил Божји Син.
Човекот не може да го разбере Бог каков што е, па затоа Бог е опишан со човечки знаења.

П.С. Човекот не е закован за оваа планета, и не се надевај дека ке разбереш нешто некогаш вон човечките лимити.
 
Член од
26 ноември 2008
Мислења
18
Поени од реакции
12
Зошто во Македонија нема ни една протестантска црква со префиксот "македонска". Сите имиња на црквите се "...во Република Македонија". Пример Евангелско-методистичка црква во Република Македонија, Адвентистичка црква во Република Македонија.... итн.
Во Бугарија на пример има Бугарска евангелска црква.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ме интересира што се случува со протестантите во Македонија кога ќе умрат? Кај се закопуваат, како се закопуваат, какви правила следат?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Непостоењето на епитетот „македонска“ не е случаен: со тоа, самите протестанти покажуваат дека не сакаат да имаат никаква врска со народот на кој му припаѓаат, а од друга страна, покажуваат дека не се автохтон „производ„ од нашево поднебје, туку само филијали на туѓи, самонаречени „цркви„, кои се финансирани од овосветовната „сива еминенција„.[DOUBLEPOST=1397742276][/DOUBLEPOST]
Ме интересира што се случува со протестантите во Македонија кога ќе умрат? Кај се закопуваат, како се закопуваат, какви правила следат?
Кога беше погребуван покојниот Трајковски, на гробот му беа дојдени и му пееја неговите„црномањасти„ браќа од САД, а пеењето беше во познатиот „госпел„ манир, кој нема ништо заедничко со православието и со македонците.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Кога беше погребуван покојниот Трајковски, на гробот му беа дојдени и му пееја неговите„црномањасти„ браќа од САД, а пеењето беше во познатиот „госпел„ манир, кој нема ништо заедничко со православието и со македонците.
Сфаќам, но тој сепак беше претседател.
Што е со обичниве? Кој им пее на нив и дали имаат свои гробишта?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Тоа во Скопје.
Секаде во државава. На гробишта може погребан каков сака и кој сака (неговата фамилија) и по адети какви сака. И будист и хиндуист и муслиман и атеист.....
 
Последно уредено:
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Секаде во државава. На гробишта може погребан каков сака и кој сака (неговата фамилија) и по адети какви сака. И будист и хиндист и муслиман и атеист.....
Може ,ама на кој начин ме интересира, церемонија и слично.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Христијански :)
Христијански-православно подразбира чатење со поп, они немаат попови.

Значи верувам дека на форумов има протестанти кои би можеле да ми одговорат, не мора да се трудиш кога не си упатен :).
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Христијански-православно подразбира чатење со поп, они немаат попови.

Значи верувам дека на форумов има протестанти кои би можеле да ми одговорат, не мора да се трудиш кога не си упатен :).
Не реков православно. Не се само православните христијани. Па и атеистите немаат попови па што? :D

Илити што би рекол Мики Ќец
на погрешно прашање, се дава погрешен одговор.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па и атеистите немаат попови па што? :D
...па затоа ги нарекуваат неправославни атеисти...:pos:[DOUBLEPOST=1397764177][/DOUBLEPOST]
Сфаќам, но тој сепак беше претседател.
Што е со обичниве? Кој им пее на нив и дали имаат свои гробишта?
Без разлика што беше претседател, протестантите наводно немаат хиерархиска поставеност во нивните заедници, не признаваат крсен знак, не признаваат свештеници, не прават „ова„ и „она„, а што прават, тоа најдобро нив да ги прашаш...

Од погребот од Бориса, не видов дека имаат некоја посебна погребна церемонија.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom