gade
Augustus
- Член од
- 12 април 2008
- Мислења
- 4.850
- Поени од реакции
- 5.169
Како што напишав на почетокот на моето излагање пред неколку страни, нема објективен начин да се докаже дека една религија е во право.Тоа е погрешна логика. Ќе ти илустрирам со пример:
Замисли си дека некој те прашува каде се наоѓа споменикот на Градежниот факултет во Скопје и ти му викаш дека тој се наоѓа на улица Партизански одреди спроти т.ц. Буњаковец. Друг му вели не, тој не се наоѓа таму, туку во Влае. Трет му вели: Нема врска, не се наоѓа ни таму ни таму, туку во Автокоманда. Дали тоа значи дека сите лажат или пак дека сите се во право? Не. Очигледно е дека еден од вас ја кажал вистината (во случајов ти), а другите двајца лажеле и кажале погрешна локација.
Разумната логика вели вака: Доколку постојат неколку противречни тврдења (во случајов вери), тогаш сите тие не можат истовремено да бидат вистина. Значи можни се следниве случаи:
- Сите тврдења се лажни.
- Вистинити се само одредени неконтрадикторни тврдења, а сите останати се лажни.
- Само едно тврдење е вистинито, а сите останати се лажни.
А што од овие е точно, секој треба самостојно, чесно, објективно и без предрасуди да истражи. Верувам дека ако постои Бог, Тој не би се скрил од никој кој искрено и со чисти мотиви го бара и сака да го запознае.
Поздрав!
И не се работи овде за споменици, такви работи продавај им на прости луѓе.
Поздрав!