БИБЛИЈАТА не ни кажува кога се родил Исус. Меѓутоа, ни дава добра причина да заклучиме дека не се родил во зима.
Да размислиме малку какви биле временските услови во тоа време од годината во Витлеем, местото каде што се родил Исус. Еврејскиот месец кислев (кој одговара на ноември/декември) бил студен и дождлив месец. По него доаѓал месецот тевет (декември/јануари). Тогаш имало најниски температури во годината, а на повисоките места понекогаш паѓал и снег. Да видиме што ни кажува Библијата за климата во тој крај.[DOUBLEPOST=1397553533][/DOUBLEPOST]
Библијата ни кажува дека овчарите биле на отворено и ги чувале своите стада ноќта когасеродилИсус. Всушност, библискиот писател Лука покажува дека во тоа време овчарите ‚живееле надвор и чувале ноќна стража над своите стада‘ близу до Витлеем (
Лука 2:8-12). Забележи дека овчарите
живееле надвор, а не излегувале надвор само преку ден. Нивните стада биле на отворено
ноќе. Дали е можно да престојувале под ведро небо на едно такво студено и дождливо време кое преовладува во текот на зимата во Витлеем? Не. Значи, околностите поврзани со раѓањето на Исус покажуваат дека тој не серодил во зима.