Сето ова што си го пишал е совршено точно - за Будистите, Хиндусите..
Во однос на тоа дали повеќе ќе се внимава ако се преродиш(неверниот Будист ќе си рече е ќе се родам уште еднаш-голема работа), или Христијанинот ќе си рече ајде бе еден е животот. Нема особена разлика,дури би рекол точно обратното. Неверникот секогаш ќе најде оправдувања.
Како што и сомничавиот-колебливиот ќе најде неправилности во религијата каде што е испратен, важно е да се оди цврсто и право по патот каде Бог те пратил.
Ама така одиш во темница, не знаеш каде одиш. Само по патот на вистината а тоа патот на светлината можеш да знаеш каде одиш.
Нема врска овде со будист или слично.
Значи свесно да напредуваш и да можеш да влезеш во царството небесно е само по патот на вистината.
Во една од верзиите на филмови за господ исус христос има дел каде прикажува како дете каде поглемо дете го закача и удира на христос и му вика зашто не враќа. Христос му ја кажува филозофијата.
Значи во царството небесно нема да влезат агресивни, нема да влезат богати, затоа што таму владее еднаквост или подобро кажано братсво и единство. Нема љубомора, нема криминал и поради големата свест што ја имаат нема потреба од полиција и слично. Тоа е целта на господ секој човек да ја развие својата свест, да напредне до таа мера да не ги покажува овие слабости ако сака да влезе во царството небесно. Значи нема пцуење на спортски натпревар, прифаќање спортски пораз, таму нема страв затоа што никој никого не напаѓа, никој никого не мрази поради различностите на народите.
Тој што ќе издигне свеста на ова ниво ќе влезе во царството небесно. Религиите треба да послужат како алатка за секој да напредне со свеста. Но ако не ја кажуваат вистината нема ниту верниците да напреднат со свеста. Затоа ќе има војни, агресивност, љубомора, итн.