Хммм запушена артерија (кај вратот негде ваљда) ? 80% ... треба да се иде на операција (за стент) ... колку е *отидена* работата ?
Сериозни одговори само ....
Најчесто артериите се запушуваат од холестерол.Освен операцијата која секако е задолжителна за да не дојде до мозочен удар,мора да се намали холестеролот.
Не мора да значи дека е отидена работата ако се исчисти холестеролот.
Колку брзо ќе Ви се запушат артериите или колку брзо ќе ги оштетите зависи од тоа што ќе јадете.
Чај од коприва во големи количини е препорачливо,мрсна храна никако,сол никако.
Диетални јогурти се дозволени.
Колбаси,салами,виршли не се дозволени,помфрит исто така.
Бадеми и риба(скушата и лососот се најдобри)се препорачливи и сите производи од соја.
Свежа салата,големи количини на лук и кромид се препорачливи.
Алкохол не е дозволен(освен една чаша црвено вино дневно доколку пациентот нема проблеми со високиот крвен притисок).
Овошје се препорачува(јаболка особено)и зеленчук.Исто така добро е да се намали и кофеинот.
Оваа исхрана треба да биде и пред операцијата и после неа,уште подолго време дури не се исчисти холестеролот,а после тоа треба исто така многу да се внимава на исхраната.
Не се секирај со правилна исхрана и успешна операција се ќе биде во ред :smir: .
Многу здравје и се најдобро.