- Член од
- 31 март 2008
- Мислења
- 2.596
- Поени од реакции
- 1.927
имам кронова болест, веќе 12 години сум болен. сум испил можеби еден шпајз апчиња, инфузии не знам колку литри, еден базен да се наполни. операции, мислам дека беа 7, ама не сум сигурен веќе. апчиња за болка сум пиел повеќе врсти, никогаш не ми помагаа, ни за спиење. веќе кога пробав неколку врсти и видов дека се исто е, почнав да ги лажам родителите оти ми поминува болката, за барем они да се помирни.Не знам каква болест имаш и каков тип на болки, имаш илјадници седативи кои се подобри и поефективни од медицинска марихуана.
Треба да специфизираш за каков тип на болест и болки зборуваш и тука имаш доктори ко @AlternativeF кои може да ти дадат опции. Ако више ти е симптоматично имаш матичен лекар и специјалисти кои не верувам дека ти даваат алтернативи кои се бескорисни и побезвезни од ганџата.
Апетит расте од илјадници ствари и видови на храна. И марихуаната не делува кај секого исто за апетит. Не сите имаат аптетит откако ќе се напушат. На пример мене ми се лоши, дури и кога ганџата е супер, природна блабла. И ако сакаш да си одморен и свеж, на пример можеш да почнеш да спортуваш, да јадеш специфичен режим на исхрана и други алтернативи што сум повеќе од сигурен дека ќе ти го подобрат сонот и будењето.
дали ти се верува дека и морфиумот почна да не ми делува кога бев во болницата? дали ти се верува дека сум имал такви болни прегледи после кои 30-60 мин буквално рацете ми се треселе од болка. го држам шишето со вода и не можам устата да си ја погодам од тресењето.
човече, хирургот ми рече дека болеста ми е толку прогресивна што не се знае кога ќе сум ок, а кога не, не ни спомнува излекување, со каков и да е лек, легален или нелегален. кога ќе ти каже хирургот, живеј си го животот и прави што ти одговара за да ти биде подобро, медицината толку може да помогне, што треба повеќе да се збори? и пази, топ хирург, во истата болница во која сега е шумахер!
и сега ти овде ми велиш не помагала, а јас сам на себе гледам дека ми помага?! ако ти си пушел нешто без везе, прво пробај саалам трева, па тогаш збори.
крај накрај, мислам дека разликата е во тоа што јас немам што да загубам ако пробам, а ти ако си здрав, можеби мислиш поинаку. то е то.