F
FARANG
Гостин
Фала за сите информации, можеби е глупаво да прашуваш ама на се од прилика не за толку лукзусен одмор туку просечен колку би коштало со се лет то таму и назад, смештај, јадење, пиење, ноќен живот од прилика некоја цена.
Тешко е тоа да се одговори. Зависи што сакаш да правиш и пред се каде ќе престојуваш. Лет ти кажав, ако начекаш (а има промиции секој 2-3 месеци) може да земеш џабе...
Смештај во Манила преку недела е скапо, за викенд ти се поевтини хотелите. Зависи и во кој дел на Манила ќе бидеш сместен. Хотели во Макати се наоѓаат од 40-50 долари нагоре. Има опции за поевтино pensione house и слично ама не би ти препорачал тоа да го правиш поготово ако планираш активен ноќен живот. Цени за јадење и пиење во Манила ти се како Скопје, дури и поевтино. Во другите градови е многу поевтино, зависи каде идеш и дали ќе јадеш/пиеш во туристички места или како локалните (не е проблем а ќе платиш 5 пати поевтино). Евтин смештај во Манила барај во Ермита или Малате. На прв поглед наслебата е крш и мрчна ама има добри местенца и одлични барчиња. Ноќен живот одличен и ти е 3-4 пати поевтино од Макати. Макати ти е 250 песо (денари) со такси од Малате и е друг свет. За да ја разгледаш Манила би ти препорачал да мењаш хотели односно 2-3 дена Малате, 2 дена (ВИКЕНД) Макати, 2-3 Кјузон сити (барај смештај окулу Тимог Сквер или Кјузон Сити Авенју). Површински метро манила ти е колку пола МКД со 16 мил население.
Лет до туристичките дестинации ти е евтино 30-50 долари. Цени евтино, пиво во најдобрата дискотека во боракај ти е 50 песо, рум и кола 50че. За јадење хмм, можеш едно кило лобстер да купиш за 1000ка, за 2000 цело прасе да ти испечат. Ако сакаш поевтино има други локации ама за прв пат на филипините или азија иди кај што е шемата. Што знам, со се се еден добар 10 дневен одмор би можел да истераш за 1000-1500е.