Во последно време пијам многу течности. Сфаќам дека треба да пијам ради спортов и пиев до пред месец дена, но ова е веќе претерано. По 3 литра на ден стигнав да внесувам, не затоа што морам туку затоа што имам потреба. Кога и да ми понудат вода, не одбивам. Можам кога сакам да се напијам и не чувствувам ситост.
Дали е ова резултат на зголемен напор некој си, или па имам некое пореметување?
Потребата за вода се регулира, како што веќе знаеш преку повратната врска во која заедничка улога имаат хипоталамусот и хипофизата. И двата дела, како делови и на нервниот систем можно е да реагираат на разните дразби кои ги примаш од околината. Можно е да се работи за голем стрес кој се манифестира директно врз хипофизата и хипоталамусот, и притоа директно да влијае на потребата за вода, поточно на јонската и водената хомеостаза. Тука исто така, ако претпоставиме дека имаш проблеми со еден од овие два дела би значело дека треба да имаш и проблеми со мостот на Вароли кој го регулира дишењето, но штом немаш проблеми со дишењето сметам дека е замор.
Исто така, самиот напор кој го издржуваш за време на исполнување на сите активности придонесува побрзо согорување на материите во клетките (клеточно дишење), при што како спореден продукт се ослободува водата. Оваа вода се исфрла како непотребна, и затоа што при голем напор ќе се исфрли во големи количини, нормална е реакцијата на организмот за внесување големи количини на вода.
За да организмот функционира нормално, на ден се препорачуваат по 2 литри вода. Меѓутоа не сметам дека и 3 литри е многу. Сепак ако после одреден период на релаксација (недела до две) ова продолжи те советувам да појдеш на лекар. Може да е некој вид на дехидрирање на организмот (не би сакал да помислам дека би можело да биде дехидрирање на ниво на клетки) кое би можело да се контролира со одредена терапија.:smir:
п.с.Златна Сековска, а?