Значи претежно слушам рок музика, многу ретко и метал. И како јас што знам метал музиката е произлезена и е правец на рок музиката. Па има разлика, но е премногу мала. Секој знае дека металот е по динамичен, повеќе е за будалење и.т.н. Но правам муабет со некои металци и ми тврдат дека разликата меѓу рок и метал музиката е пре-пре голема. Имам нешто слушнато и дека рок музиката ја слушаат христијаните, а метал музиката сатанистите. На мој чичко другар, беше во македонски рок бенд и го имав слушнато дека го тврди токму тоа, и рече: "колку верниците, атеистите и сатанистите да тврдат дека металот не е сатанистичка музика не е така. ОНој кој го слуша метал го опседнува сатаната и станува сатанист". Па метал музиката има и некои правци како live canibalisam и exorcisam. Па колку и да се слични музиките знам металци што мразат рок музика и рокери што мразат метал музика. Тие тврдат дека тие два правци немаат врска со верската определба, сепам музикте се слични, а едните ги мразат другите. ЗОШТО? Не сакаат нешто да признаат ? Кријат нешто? Тврдат дека има голема разлика, а ни самите не знаат да ја објаснаат таа ОГРОМНА РАЗЛИКА. Па сакам ваше мислење дали е пре голема разликата меѓу метал и рок музиката, и ако е која е. И дали метал музиката ја слушаат сатанисти, а рок музиката христијани.