Вакцини (општа дискусија)

Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Nope. Стандардна, одобрена седмовалентна вакцина им е дадена на дечињата и авторите на студијата ги контактирале педијатриските установи во врска со информации за истоимените вакцини.
Извор
Да, само установите, а родителите? Шизик на ризик така?

Hospitals were contacted
on a monthly basis via postcards to ask if a case of invasive
pneumococcal disease had been observed the last month.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Како мислиш шизик на ризик? Дај дообјасни се.
Што да се дообјаснувам, што не е јасно? Ќе ги вакцинираме децата (повеќе од 37 000 деца), па ќе видиме дали ќе се појават нус појави?! Им се може, тоа е проблемот, тоа е тоа -шизик на ризик! Никој родител свесно не би одобрил вакцина да биде тестирана врз неговото дете, ама баш никој! Уште помалку 37 000 х 2ца родители!
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
оваа студија ја тестираше безбедноста и ефикасноста на вакцината против пневмонија предизвикана од стрептококата пнеумоние на повеќе од 37.868 деца.

Ова треба да звучи нормално??? 37.868 деца, свесно ставени на ризик и третирани како заморчиња, треба да ме убеди во фактот дека вакцините не се штетни? :sick:

Кај во оваа студија е наведено дека родителите знаеле за кои цели се вакцинираат нивните деца? За целите на некоја студија? Кој родител би го дозволил тоа? Која е мојата сигурност дека утре моето дете нема да биде искористено во таа цел- заморче?
Не те убедува, нит те тера да дозволиш детето да ти биде заморче... Ниту овој текст, ниту нему слични или различни не можат да те убедат да направиш нешто што ти не сакаш. Мене ми се бендиса советот кој, според мене, е најправилен пристап кон одлуката за и против вакцинирање по сите текстови, дебати, истражувања и целиот овој хаос околу темата.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.800
Поени од реакции
24.723
Мене друго нешто ме загрижува, од кога голем број од лекарите, плус власта, се толку големи алтруисти што мораат да убедуваат, да се пишуваат статии за вакцини и да се воведе закон за задолжителна вакцинација?
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.759
Поени од реакции
7.586
Што да се дообјаснувам, што не е јасно? Ќе ги вакцинираме децата (повеќе од 37 000 деца), па ќе видиме дали ќе се појават нус појави?! Им се може, тоа е проблемот, тоа е тоа -шизик на ризик! Никој родител свесно не би одобрил вакцина да биде тестирана врз неговото дете, ама баш никој! Уште помалку 37 000 х 2ца родители!
Значи станува збор за претходно одобрена вакцина. За да се одобри истата треба да помине низа тестови кои опфаќааат(но не се ограничени на) ефикасност и безбедност на истата. Откако ќе ги помине тестовите се носи одлука дали истата ќе се одобри.

Наведената студија само ги сумира ефектите од вакцината која е веќе одобрена.

Така да пред да им биде дадена на повеќе од 37 000 деца истата има ги поминато ригорозните тестирања.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Не те убедува, нит те тера да дозволиш детето да ти биде заморче... Ниту овој текст, ниту нему слични или различни не можат да те убедат да направиш нешто што ти не сакаш. Мене ми се бендиса советот кој, според мене, е најправилен пристап кон одлуката за и против вакцинирање по сите текстови, дебати, истражувања и целиот овој хаос околу темата.
Само тој дел од текстот што го постираше е неутрален. Остатокот од статијата е :гомце:.
Викаш никој не те тера- проблемот е што не ти даваат избор, а кога го немаш правото на избор го имаш правото на сомнеж.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
О
B. Boop Еве уште многу добри совети од докторите/научни истражувања финансирани од страна на производителите се надевам и нив ќе ги прифатиш (ако се од пред 60 години, сепак се научни)

- Цигарите се добри за здравјето . Не се штетни. Не го дразнат грлото. Помагаат при слабеење. Дали имате проблеми со нервите......

- Шеќерот е супер за вашето здравје и тело. Шеќерот ви дава енергија, а го намалува апетитот. Шеќерот е одличен за вашето бебе ......
Има и за солта и белото брашно слични се .

Педијатарот ме искара, несовесен родител сум бил зашто сум му давал на синот домашно кравјо и козјо млеко.
Ја прашав: а од кое да му давам .
Педијатарот: Аптамил се најдобри, нема подобри . :pos:
Од кога почнавме да дискутираме на лична основа? Каде тоа јас напишав дека нешто прифатив или отфрлив? Ако веќе треба лично да се произнесеме: јас сум пушач поприлично долго време, не конзумирам шеќер години наназад и еве ме - жива, здрава и среќна. Според кое тоа тврдење јас до сега сум функционирала?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Значи станува збор за претходно одобрена вакцина. За да се одобри истата треба да помине низа тестови кои опфаќааат(но не се ограничени на) ефикасност и безбедност на истата. Откако ќе ги помине тестовите се носи одлука дали истата ќе се одобри.

Наведената студија само ги сумира ефектите од вакцината која е веќе одобрена.

Така да пред да им биде дадена на повеќе од 37 000 деца истата има ги поминато ригорозните тестирања.
Епа кога они ја имаат моќта да убедат толку многу голема бројка на родители дека вакцината не е штетна (а притоа прв пат ја тестираат на живо суштество т.н. човек т.н. дете) дали мислиш дека не би имале моќ да ги заташкаат негативните резултати?
Среќа, барем ветеринариве признаваат (немам извор, лично ми го кажаа тоа) дека шансите за ништо да не му се деси на миленикот после вакцинација се 70%. Што би се случило во светов кога светска здравствена би го признала тој процент?
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Само тој дел од текстот што го постираше е неутрален. Остатокот од статијата е :гомце:.
Викаш никој не те тера- проблемот е што не ти даваат избор, а кога го немаш правото на избор го имаш правото на сомнеж.
Познавам родители кои одбиваат да вакцинираат и не вакцинираат, исто како и категорија родители кои вакцинираат надвор од Македонија. Живееме во иста земја со наведениве, нели?
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.759
Поени од реакции
7.586
Мене друго нешто ме загрижува, од кога голем број од лекарите, плус власта, се толку големи алтруисти што мораат да убедуваат, да се пишуваат статии за вакцини и да се воведе закон за задолжителна вакцинација?
Дали некој има задни намери, човек не може да знае. А алтруизмот .... да ја скокнеме таа тема.


Да е до мене, јас како рамнодушен човек, би оставил природната селекција да си ја заврши работата. Нека се доброволни вакцинациите.
Ама па тогаш товарот пак би паднал на општеството. Шо друго да ти кажам.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.759
Поени од реакции
7.586
притоа прв пат ја тестираат на живо суштество т.н. човек т.н. дете
Изгледа заборавив да пишам дека пред да бидат одобрени треба да поминат тестови.

Конкретно за вакцините имаш:
  1. период на истраживање и развивање
  2. тестирање на животни
Доколку ги помине овие два чекора следуваат клинички тестови :
  • прва фаза во која се вкчучени 20-100 возрасни доброволци
  • втора фаза во која се вклучени неколку стотици доброволци
  • трета фаза во која се вклучени стотици или илјадници доброволци
После ова се издава лиценца за производство на вакцината, која и покрај тоа што ги поминала клиничките тестови, уште е подложна на постојан мониторинг(а.к.а. набљудивање)[DOUBLEPOST=1397131638][/DOUBLEPOST]
Што правиме со оние кои ќе се разболат?
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Мене друго нешто ме загрижува, од кога голем број од лекарите, плус власта, се толку големи алтруисти што мораат да убедуваат, да се пишуваат статии за вакцини и да се воведе закон за задолжителна вакцинација?
Затоа што е многу поскапо општеството кога не се вакцинирани луѓето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom