Го збориме тоа веќе 2 сезони. Нема мотивација кај играчите. Се виде кој се најмногу мотивирани: Нејмар, Бартра и Алба. Тие што немаат титули што се млади и желни за игра. Мора промени ако сакаме титули, неможе со овој состав од 2009 да играме исто. Точно дека 7 години играме полуфинале и 2 пати освоивме и у Лигата ни иде добро, ама сетоа тоа последните 2 и последната на Пеп, значи 3 години, играме некако на сила.
Ни треба свежа крв. Некој желен за игра. Меси... Меси го боли курот и за ЛШ и за се. Си праи скари мари со другарите, си пие кока коли, кој ќе му каже трчај? Ја гарантирам дека он оваа сезона нема над 8 км истрчано. Мора да се праи ремонт на тимот, а тоа е можно само ако дојде Лапорта и донесе тренер од типот на ПЕП, што неговиот збор ќе биде секад последе.
Значи по милионити пат ќе кажам МАСКЕРАНО НЕ Е ШТОПЕР! Нека се јави тој што викаше дека он ни е најдобар у одбрана човече

, влера 3 топки идат над него неможе да скокне. Го нема Пиќе нема кој да команда у одбрана. Под хитно ни треба 2 високи штопери, под хитно.
Друго, Алвеш вчера катастрофа, многу згрешени пасови, центаршутевите катастрофа, али како и да е сто пати е подобар од Монтоја. Тука може да се продаде монтоја и да се донесе квалитетен бек и да ротираат со Алвеш.
Левата страна ни е за нијанса подобра. Алба е топ, трча ко луд, ама многу е низок, вчера при голот него го надрипаа. Од друга страна и Адриано е катастрофа у одбрана, видовме тука некој го постираше голот на Сосиедат кога Адриано си остана на центар, а имаше играч до него.
Средина, вчера најкатастрофа. Никад не сум ги видел толку лошо да изиграат. Иниеста ме изненади колку беше лош. Полош бепе и од Фабрегас. Овој може не трча, ама барем не изгуби и топки.. Иниеста 90% ги изгуби. Чави стандард. Пасови на 2 метри ја држи средината. Бускетс у 2 утакмици еднаш ќе ја изгуби топката па после у една утакмица сто пати.
Тоа е тоа. До некаде не се криви ни играчите. Сите си знаат дека имаат сигурно место и не се замараат. Остави го Фабрегас, Чави, Бускетс, Алвеш 2-3 утакмици по ред на клупа, ќе видиш како ќе ораат по терен после тоа. Али за да се среди прво сето ова треба да се смени најпрво управата, а после и тренерот. Без тоа ништо. Ако остане вака и следната сезона, макар сеа освоиме Лига и Купа, другата сезона ќе го праиме истиот муабет.