Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Имам огромни болки во десната страна на грбот, бев на ортопед од таму ме пратија на ренген панорамска да ми прават па и појас ми дадоа и се испадна дека ми е во ред ама, а го ставам појасот ко некој со нож да ме боде, а го тргнам исто.
Порано бар можев изгрбавено да си седам сега ни тоа не можам, а не можам ни исправено пошто боли ниту па можам да легнам на грб или па на страна, буквално болкава место да ми помине почна се повеќе и повеќе да боли.
Можно е да боли од анемичност пошто сум малку или малку повеќе, а се друго очигледно ми е во ред?
Исто така во последно време почнаа и градите да ме болат, ама болкава е ко да те сечат.
 
Здраво имам 15 години и пред неколку дена отидов кај другар со сипаници,седев во собата саат време и се ракував со него,имам прележано сипаници но мојте родители многу ми се изнервираа зашто сум отишол и викаат дека сум можеби имам мали сипаници,бев кај него вчера......HELP D:
 
Има ли некој невролог на форумов? Ако има, нека ми пише порака. :)
 
Да си ги кажам маките, можи некој ќе ме разбери... пред неколку месеци почнав да имам маки со очите, преку целиот ден имам црни точки, линии и други форми што ми шетаат низ двете очи, значи си гледам право и имам дожд од црни точки/форми во двете очи. Сега почна веќе и во мониторот дури гледам да ми се шета по некоја низ очи, а до сега ги имав само преку денот. Знам дека се викаат floaters, ама ме интересира зошто ги имам последните 2 месеци, а претходните 20 и нешто години немав ништо ? Друго да има пред мене една сијалица било каква и да погледнам брзо лево па десно и да го застанам погледот во близина на сијалицата, еден сноп светлина стално ми поминува пред сијалицата, значи го следи моето движење и на сијалица се забележува како голема светла точка која ја прати сијалицата од горе до долу на пример и ја снемува па и преку денот ја заприметвам при мрдање на очите како поминва по истиот пат и да речам како замаглено е гледањето низ неа.

И да околу сијалиците имам glare(облак околу уличните сијалици) и halos, незнам дали ги имав овие појави до пред некое време немав заприметено, ама сега сигурно ги забележвам на двете очи.

Незнам што да напрам појќе, бев на повеќе доктори и сите ми велат нема ништо, а не ми е јасно како до пред 22 години се ми беше добро, чисто супер и сега во последните 2 месеци се ова ми се случува, а викаат дека немам ништо.
 
Луѓе во рок од 5 дена два пати ми се случи астрална проекција у сон.
Еве сега целата се испаничив.

Незнам што да правам. Сеа нема шанси пак да заспијам. Каде да се обратам? Зашо ми се дешаваат чудава? Имал некој слично искуство?
 
Луѓе во рок од 5 дена два пати ми се случи астрална проекција у сон.
Еве сега целата се испаничив.

Незнам што да правам. Сеа нема шанси пак да заспијам. Каде да се обратам? Зашо ми се дешаваат чудава? Имал некој слично искуство?
спиј исклучиво на стомак,ќе немаш проблеми со ова[DOUBLEPOST=1397170389][/DOUBLEPOST]
Некаков природен лек против алергии?
гледам нема одговор,штета и јас чекам било каков одговор......
 
Секогаш на стомак спијам. И јас мислев дека неможе да ти се случи ако спиеш на стомак. Ама ете...
ми се има случено 3-4 пати досега,само ко ќе спиев на грб со лицето кон таванот..........не знам обрати се некој овде ако се јави за некој совет http://forum.kajgana.com/threads/Астрална-проекција.506/
 
ми се има случено 3-4 пати досега,само ко ќе спиев на грб со лицето кон таванот..........не знам обрати се некој овде ако се јави за некој совет http://forum.kajgana.com/threads/Астрална-проекција.506/
Фала ти сепак.
Леле мислам никогаш веке нема да заспијам. :/
 
Фала ти сепак.
Леле мислам никогаш веке нема да заспијам. :/
ако е потребно земи седативи за смирување пред спиење на краток рок колку да ти смени мислата.........
 
гледам нема одговор,штета и јас чекам било каков одговор......

Најдов нешто, ама не во Македонија. Провери за секој случај да не ги има и таму. Капки се, со спрејче.

Img-HNASZ-GM-500_1.jpg


При гуглање прочитав дека помага и ова
220.jpg
(Само мене ли ми личи на еректиран пенис? :D)
Освен што било добро за синуси, ублажувало и алергиски реакции.
 
Последно уредено:
Дали на бебе од 3 дена може да му се даваат капки Espumisan L или Бекутан чај за грчеви?
 
Дали на бебе од 3 дена може да му се даваат капки Espumisan L или Бекутан чај за грчеви?
Ако има грчеви може, ако многу плаче. Ако бебето цица, може мајката да пие чај за доилки, мало е уше да му давате чајче него директно.Сепак мислам дека подобри се инфакалм капките заради тоа што се даваат еднаш во денот, за разлика од другите што се даваат пред секој подој.
 
Од кога станав сабајле, во пределот кај хепарот нешто како да ми се движи -_- Звучи чудно али сериозно ме нервира многу.
Што да правам?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom