Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Интернетот е меч со две острици, може многу да информира, но и да наведе на многу погрешни заклучоци доколку материјата не му е позната на читателот.
Можеш ли да прецизираш точно за која автоимуна болест се работи, бидејќи има огромен број такви? Исто така, на која возраст е личноста, кои други симптоми ги има, каде беше направена првата консултација? Ако не ти се пишува јавно, прати ми пп.
Кортикостероидите се ризична група лекови, но кај автоимуните болести придобивките најчесто го надминуваат ризикот.

и рекле мултиплекс склероза :( :( :(
Ќе си пукнам :(
 
Дали е нормално да се познава пулсот во вратот ... значи коа ќе се загледам можам буквално да го видам пулсот.
Веројатно се гледаат артериите. Нормално вратните артерии не се видливи а кога се, тоа знак за висок крвен притисок, зголемено лачење на хормони од тироида или аортна валвуларна инсфуциенција (за ова не знам некое народно име).
Ако имаш можност дома да следиш притисок неколку пати на ден - тогаш супер. Нормален притисок е од 120-140 со 80-100, со што вторите цифри укажуваат за високо нормален притисок.
Ако не, трк на лекар. :)
 
Почнав пред две недели да трчам константно, трчам на нерамен пат и угорници. Денеска чувствувам болка кај тетивата на десната нога. Ме затега и боли и не можам да застанам на прсти. Одмор ќе помогне или да си посетам доктор?
 
Фала на одговорот...али ниту имам висок крвен притисок..ниту ми се познаваат артериите :)
 
Пулсот ти се познава создавајќи притисок во артеријата, тоа ми беше муабетот. Пулсирањето на артеријата што е видливо е знакот, грешно се изразив.
 
Ај да се избацам со нешто што не е воопшто страшно али ми е чудно, барем за мене...
Кога ќе ги прекрстам нозете (а имам обичај одамна, од дете нон стоп така сум седел) ми отрпнуваат, се ствараат трпки па ако поседам долго време речиси свитканата нога (или во зависност, двете) не ја ни осеќам.

Некој ми спомна магнезиум ми фалело али не ни препрашав... само пошо од навика и, почна да ме нервира :)
 
Почнав пред две недели да трчам константно, трчам на нерамен пат и угорници. Денеска чувствувам болка кај тетивата на десната нога. Ме затега и боли и не можам да застанам на прсти. Одмор ќе помогне или да си посетам доктор?
нормално,одмор 2-3 дена ќе исчезне тоа без гајле. не знам како ти се трча на нерамно,смени локација,ако се може избегнувај нерамно и тврдо(асфалт),пожелно е како на стадион,во парк каде има патеки за трчање(не на тврди површини да повторам!).
 
Почнав пред две недели да трчам константно, трчам на нерамен пат и угорници. Денеска чувствувам болка кај тетивата на десната нога. Ме затега и боли и не можам да застанам на прсти. Одмор ќе помогне или да си посетам доктор?
Дај си одмор малку ќе пројде, без гајле, не е за на доктор, стандард почетна траума :)

Него јас да прашам, според сите тестови и симптоми имам ишијас, кичмата и десната нога ми знаат само како ми е. Освен Наклофен, што друго може да се зема? Не сум личност што сака да се труе со лекови ниту па да кисне по лекари. И ова Наклофенов го пиев два дена и баталив и после 4-5 дена пак се јави болката. Се мачкам само со коњскава маст и помага. Друг совет?
 
зезната работа,ќе треба да ја држиш половината нон стоп потопло,односно да носиш топла облека лете зиме,волнен појас ќе ти помага сигурно.........секоја изложеност на промаја и прехлада - веднаш ќе ги осетиш резултатите.
 
Дај си одмор малку ќе пројде, без гајле, не е за на доктор, стандард почетна траума :)

Него јас да прашам, според сите тестови и симптоми имам ишијас, кичмата и десната нога ми знаат само како ми е. Освен Наклофен, што друго може да се зема? Не сум личност што сака да се труе со лекови ниту па да кисне по лекари. И ова Наклофенов го пиев два дена и баталив и после 4-5 дена пак се јави болката. Се мачкам само со коњскава маст и помага. Друг совет?
Волтарен гел за локална употреба, само после ставањето добро измиј се раце. Магнетна направи?
 
Фала за гелов, ќе пробам :) Не, неам напраено магнетна, пожелно е?
 
Ептен пожелно, јас мислев по сите симптоми и рендген снимки дека имам ишијас па искочи скроз трето.
Од мое искуство најбоље е во Megamed, не за друго туку др Дамјановски што работи таму е најдобар радиолог ever.
 
И јас мислам Мегамед, еден мој роднина таму исто се снимаше, се гледа дека е профи. Фала кољешке!
 
Кога ќе ги прекрстам нозете (а имам обичај одамна, од дете нон стоп така сум седел) ми отрпнуваат, се ствараат трпки па ако поседам долго време речиси свитканата нога (или во зависност, двете) не ја ни осеќам.

Мислам дека проблемот е во циркулацијата на крвта. Сум читала некои статии во врска со прекрстувањето на нозете и на повеќе места се препорачува да не се прекрстуваат нозете додека седеме. Затоа најдобро почни полека да се одвикнуваш од таа навика.
 
како мал, тоа ми беше терапија пошо седев многу лошо. Да, сигурно би било поврзано со циркулација ... АМА зошто? :) претходно никогаш сум го немал овој проблем
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom