Значи прво секоја чест за Манчестер, супер си одиграа во рамките на нивните можности.
Пеп е во г’з праен за тоа нема дискусија. Да не го дадовме тој гол во првиот напад после бомбата на Евра ќе се чешавме. Ако вака играме во полуфинале ич не мора да излагаме на терен.
За понатаму не знам што да кажам... Од една страна сакам да се истребат Реал со Челзи, од друга страна па ако веќе стасаме до финале Реал или Челзи во еден натпревар би било повеќе од пеколно. Ако со Манчестер ни беа доста 15 добри минути во 180, со дугиве сигурно тоа нема да помине. И ако во 180 минути со Манчестер направија се на се 5 шанси неќум ни да мислам колку ќе биде тешко со Челзи. Реал па гарант ќе бидат убер мотивирани конечно да ја земат ЛШ.
Атлетико ако ни се падне може да го доживееме тоа што лани му се слули на Реал во Дортмунд. Страшно компактна и јака екипа. И да ги поминеме има да не напунат со картони гарант. А Швајни и Манџо се на картонд до суспензија, Тиаго и Шак повредени...
Сите полуфиналисти имаа и јаки и мизерни изданија. Можда Атлетико беше најконстантен. Па шо биде нек биде и нека освои тој што ќе заслужи...