Да разјасниме... (и попрајте ме ако грешам)
Тие што се вратени на дополнителна, почнувајќи од периодот - лето 2012 (кога се мена власта), се ставени во некаква "карантин" состојба, па се чека да однесат дополнителни документи за да може министерството да ги добие информациите што не му ги доставува ДАБЧ.
Нормално, во позадина се работи за домашна и европска политика, и освен што е успорена процедурата до максимум, други крупни промени во суштина - нема.
Тие што носат екстра документи, влегуваат во приоритетна листа.
Тоа значи: Доставуваш дополнителен документ, чекаш 2-3 месеци да биде разгледан. Во тој момент ќе се промени статусот од "вратен на дополнителна проверка" во "преписката се наоѓа во регуларна процедура". Па уште 2-3 недели за советот да изгласа ДА или НЕ. Потоа следи одобрение од советот, и се чека уште 1-2 месеци за на него да се потпиши вицепрезидентот.
На крајот, постапката е обична како и за сите други Бугари. Чекаш држвјанството да одлежи 10тина дена, го земаш и се сликаш за пасош...
Значи, ЧЕКАЊЕТО е на на максимум. И све да е во ред, да имаш екстра документи што се валидни и прифатени, пак ќе си чекаш..
(времето на чекање варира, јас горе само дадов примери што ги познавам.)
Другите што нема да однесат екстра документ, сега за сега САМО ЌЕ МИРУВААТ. Нема да бидат одбиени, ама моментално се последни на листата за да бидат разгледани. Сите други апликанти по сите други основи имаат предност во сучајов. Не е чудо после некоја година на сите да им се даде државјанство, ама то е само мое мислење, пошо ако беа за одбвање, ќе ги одбиеа како што тоа го прават со другите бројчиња (во протоколите).
Никој не знае колку точно би траело ова, пошо очигледно штом тие шо носат документи чекаат по пола година и повеќе, а ги има 6-7000... тогаш кога другите?
Да не заборавиме, со претходната власт имало такви што чекале по 5-6-7 години.