172 cm.
За меридата се слушнав со човекот, вика донесен е од Шведска. И мене ми фати око. Ама во Струмица е точакот. Плус преферирам нешто на ново.
Убаво си пишал, имаше два точаци на огласот. Сега е само еден. Верувам во ова дека е добар итн, ама човек кога дава пари сака да разгледа, да има можност за избор. И не сум се изјаснил дека сакам 28ци. Од каде тоа? Само разгледувам, читам совети препораки консултации.
1. Бев во неколку продавници, и норамлно јаките точаци се над 35.000 ден. Самите продавачи тоа го кажуваат. И нема тука љутиш, колку пари-толку музика.
2. Можам да си дозволам макс. 18.000 ден. за точак. Повеќе од тоа тешко. Евентуално некоја 1000ка плус.
3. Пишав дека претежно ќе биде Водно и Кеј, за рекреација. Зарем МОРА да бидат 28ци за на асвалт? Па и на Водно и на Кеј се возат 75% мтб велосипеди. Нели е така? Исто како да ми кажеш дека во зима не смееш да возиш со летни гуми, па макар и немало снег.
Значи, не знам дали си богат и колку си богат (зборувам финансиски нормално), ама јас едвај сум ги заштедил овие 18.000 ден. и не можам да летам во небо ваков точак, онаков точак.