- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.947
- Поени од реакции
- 73.660
Каква утакмица изгледавме денеска на Цементара, животов ми се продолжи две години од смеење.
Титан-Славија 4-5 (4-3)!
Каква утакмица хахахаха
Нашиве дојдоа со максимално потценување кон противникот кој е една од најочајните екипи во лигата.
Па на голот, го ставија вториот голман, кој е најизгубениот човек на планетава
Не им требаше многу време на домаќините да видат со каков голман си имаат работа
Имаа еден траљав шут по кој нашиот голман, сам си ја пикна топката во мрежата
Само што тргнавме од центар, имаше фаул за нив по кој добија слободен на ЦЕНТАРОТ НА ИГРАЛИШТЕТО.
Му шутираат балон топка, типов не знае кај се наоѓа и прима евро гол
Али сепак, тренеров сеуште не го вади од игра
На терен измешани позиции, не се знае кој јаде кој пие
Сепак се враќаме брзо во игра, по фаулот над Рајков, Трпковски од пенал намали на 2-1.
Гостите само што тргнаа од центарот, се обидоа со шут од таму, но за среќа над гол
Во наредна акција, одлична топка од Даиловски за Гажевски кој израмнува на 2-2.
Таман очекувавме Славија да нагазне, домаќините крадат топка на пола игралиште и како што велеше играчот, сакајќи побрзо да се ослободи од топката, шутна од 35 метри и нормално си даде голче
После овој гол, мислам дека такво хистерично смеење одамна не ме фатило. Цела трибина се виткаше од смеа...
И тоа не е се, за 25 минути го примивме и четвртиот гол по вина на голманот.
Имено, имаа некоја безопасна акција, нивен играч шутна со лобче од 15-тина метри, и голманов никаква реакција не дава, си стои ко статуа, топката си паѓа во мрежа
Конечно го заменија и почнавме да играме...
Даиловски по две неискористени шанси, конечно успеа да влезе од страна и да погоди за 4-3 на полувреме.
Во второ полувреме дојдовме до брзо израмнување. Одлична акција која со погодок ја круниса Трпковски...
До крајот се обидувавме да победиме, додека домаќините паднаа кондиционо. По неколку утнати шанси, за гол се чекаше скоро до 80 и некоја минута, кога по едно нафрлување Гажевски изби сам со голманот и погоди за големи три бода
Инаку Лисиче-Вардар 75 0-1, со што мислам дека е јасен победникот во лигата
Сепак како играме, ништо чудно Вардар да не престигне до крај