Фан Клуб: Славија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Каква утакмица изгледавме денеска на Цементара, животов ми се продолжи две години од смеење.
Титан-Славија 4-5 (4-3)!
Каква утакмица хахахаха
Нашиве дојдоа со максимално потценување кон противникот кој е една од најочајните екипи во лигата.
Па на голот, го ставија вториот голман, кој е најизгубениот човек на планетава :D
Не им требаше многу време на домаќините да видат со каков голман си имаат работа :pos:
Имаа еден траљав шут по кој нашиот голман, сам си ја пикна топката во мрежата :pos:
Само што тргнавме од центар, имаше фаул за нив по кој добија слободен на ЦЕНТАРОТ НА ИГРАЛИШТЕТО.
Му шутираат балон топка, типов не знае кај се наоѓа и прима евро гол :pos::pos::pos:
Али сепак, тренеров сеуште не го вади од игра :icon_mrgr:
На терен измешани позиции, не се знае кој јаде кој пие :D
Сепак се враќаме брзо во игра, по фаулот над Рајков, Трпковски од пенал намали на 2-1.
Гостите само што тргнаа од центарот, се обидоа со шут од таму, но за среќа над гол :D
Во наредна акција, одлична топка од Даиловски за Гажевски кој израмнува на 2-2.
Таман очекувавме Славија да нагазне, домаќините крадат топка на пола игралиште и како што велеше играчот, сакајќи побрзо да се ослободи од топката, шутна од 35 метри и нормално си даде голче :pos:
После овој гол, мислам дека такво хистерично смеење одамна не ме фатило. Цела трибина се виткаше од смеа...
И тоа не е се, за 25 минути го примивме и четвртиот гол по вина на голманот.
Имено, имаа некоја безопасна акција, нивен играч шутна со лобче од 15-тина метри, и голманов никаква реакција не дава, си стои ко статуа, топката си паѓа во мрежа :pos::pos::pos:
Конечно го заменија и почнавме да играме...
Даиловски по две неискористени шанси, конечно успеа да влезе од страна и да погоди за 4-3 на полувреме.
Во второ полувреме дојдовме до брзо израмнување. Одлична акција која со погодок ја круниса Трпковски...
До крајот се обидувавме да победиме, додека домаќините паднаа кондиционо. По неколку утнати шанси, за гол се чекаше скоро до 80 и некоја минута, кога по едно нафрлување Гажевски изби сам со голманот и погоди за големи три бода :D

Инаку Лисиче-Вардар 75 0-1, со што мислам дека е јасен победникот во лигата :D
Сепак како играме, ништо чудно Вардар да не престигне до крај :pos:
 
B

Beck's

Гостин
Нема некој снимка од натпревариве, баш би сакал да видам како изгледа сето ова :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Нема некој снимка од натпревариве, баш би сакал да видам како изгледа сето ова :icon_mrgr:
Снимив 4-5 гола и тепачката, само треба да се обработи :D
За жал најсмешните два гола од пола терен не ги фатив, пошто ги насетував дека ќе влезат и уште пред да шутнат веќе се ролав од смеење :icon_mrgr:
 
B

Beck's

Гостин
Снимив 4-5 гола и тепачката, само треба да се обработи :D
За жал најсмешните два гола од пола терен не ги фатив, пошто ги насетував дека ќе влезат и уште пред да шутнат веќе се ролав од смеење :icon_mrgr:
Сподели тука обавезно :)
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
560
Поени од реакции
434
Клубов е фактички Пржино на ЈСП ??? Лелеееееее кои спомени ме пукнаа еј..колку сум играл ко мал таму со татко ми :D он беше делегат понекогаш дека у ЈСП работи. :D Имаше еден дебел Џамбо ли го викаа....не ми текнува,не е битно да не масирам со носталгичарски приказани,клубов уште е под сопственост на ЈСП и каде се натпреварува(колку што разбрав трета лига?) ?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Џабе, ќе земеме службено на крај, секогаш го имаме тој џокер пошто сме една од двете екипи со правилна регистрација на играчите, другите си ги менуваат меѓусебе играчите секое коло :icon_lol:
Пример денеска за Титан играа играчи од Текстилец :D[DOUBLEPOST=1396827446][/DOUBLEPOST]
Клубов е фактички Пржино на ЈСП ??? Лелеееееее кои спомени ме пукнаа еј..колку сум играл ко мал таму со татко ми :D он беше делегат понекогаш дека у ЈСП работи. :D Имаше еден дебел Џамбо ли го викаа....не ми текнува,не е битно да не масирам со носталгичарски приказани,клубов уште е под сопственост на ЈСП и каде се натпреварува(колку што разбрав трета лига?) ?
Не е во сопственост на ЈСП некаде од 2004 :)
Иначе да, за истиот тим се работи, само што го смени името во Славија Пржино како што беше и првичното име на клубот :icon_mrgr:
Годинава паднавме во општинска лига на Кисела Вода, али на добар пат сме да се вратиме назад :icon_mrgr:

П.с. Џамбо е кабињер во Македонија ЃП веќе десетина години
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
560
Поени од реакции
434
Кај може да се следи распоред на натпревари,табела и слично? Ми се вроди желба да идам да ги гледам чим викаш јако смеење имало,а и да се потсетам на детски денови :D Уште у Прижино играат? :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Кај може да се следи распоред на натпревари,табела и слично? Ми се вроди желба да идам да ги гледам чим викаш јако смеење имало,а и да се потсетам на детски денови :D Уште у Прижино играат? :D
Секој викенд играат. Иначе да, во Пржино се игра :D
До крај имаме уште 5 утакмици, со Цементарница, ССК Младинец и Вардар 75 дома и Текстилец и Ново Лисиче на гости.
Наредниов викенд треба да играме со Цементарница ама има најави дека се откажале од лигата...

Први сме на табела со 9 победи од 9 утакмици :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Ај ако не ти е тешко кога ќе дознаеш сигурно ден и саат пиши у темава :D
Само следи ја ти темава, ќе известувам навремено, мада терминиве во лигава на ден пред утакмица се закажуваат :D
Ама би требало во недела од 4 и 30 да се игра...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom