Општи вело муабети, прашања, совети

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
172 cm.

За меридата се слушнав со човекот, вика донесен е од Шведска. И мене ми фати око. Ама во Струмица е точакот. Плус преферирам нешто на ново.
А бе те разбирам, сите сакаме ново, јасно е. Плус, како викаат, прв го "онадиш". :D Не знам за парите што ќе земеш, гледај да не биде нешто што секој ден ќе го носиш на сервис и ќе мора да му менуваш делови. Според мене, за буџетот кој го имаш, сепак подобра варијанта е нешто половно. Не зборам за некоја канта, нешто година до две старо/сочувано. Ти си знаеш најдобро. :)
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
172 cm.

За меридата се слушнав со човекот, вика донесен е од Шведска. И мене ми фати око. Ама во Струмица е точакот. Плус преферирам нешто на ново.



Убаво си пишал, имаше два точаци на огласот. Сега е само еден. Верувам во ова дека е добар итн, ама човек кога дава пари сака да разгледа, да има можност за избор. И не сум се изјаснил дека сакам 28ци. Од каде тоа? Само разгледувам, читам совети препораки консултации.

1. Бев во неколку продавници, и норамлно јаките точаци се над 35.000 ден. Самите продавачи тоа го кажуваат. И нема тука љутиш, колку пари-толку музика.
2. Можам да си дозволам макс. 18.000 ден. за точак. Повеќе од тоа тешко. Евентуално некоја 1000ка плус.
3. Пишав дека претежно ќе биде Водно и Кеј, за рекреација. Зарем МОРА да бидат 28ци за на асвалт? Па и на Водно и на Кеј се возат 75% мтб велосипеди. Нели е така? Исто како да ми кажеш дека во зима не смееш да возиш со летни гуми, па макар и немало снег.

Значи, не знам дали си богат и колку си богат (зборувам финансиски нормално), ама јас едвај сум ги заштедил овие 18.000 ден. и не можам да летам во небо ваков точак, онаков точак.
Не сум воопшто!И сакам да имам ауди А7,но возам А4 13 години старо,купено половно.И јас знам дека тоа а7 е подобро од моето во секој поглед.Поново,појако,побрзо итн.Но толку можам да си дозволам.

Како и да е зборот ми беше дека за.18000 денари не ни треба да гледаш нов велосипед.Ние ти дадовме совет што ти е најдобро за парите.A прашање е дали ти сакаш да возиш најдобро за истите или ново.Ако ти е за дискови само да има,оди во вучко има и за 200 евра велосипед.Дури и пари ќе ти останат,па ќе има и за частка...
 
Последно уредено:
Член од
21 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
111
Сакам точак со кошничка напред, за низ населба и до град би го возела. Цена околу 15 000 денари. Ве молам дајте ми некои предлози, зашто ич не се разбирам. Фала однапред :)
 
Член од
1 мај 2013
Мислења
62
Поени од реакции
74
odlicen velosiped, vo skoro vreme ke stigne vo outdoor, cena okolu 18.000mkd, vo prednaracka nesto poeftino. IMG_91160988830497.jpeg
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
715
Поени од реакции
2.211
Ако може некој да ми каже колку би вредел овој велосипед?


10153893_10203412663054103_627381533_n.jpg
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
909
Поени од реакции
2.228
Дечки едно прашање. Ми истече течноста од задната кочница. На незе пичи дека е минерал оил, посебна некоја течност е или можам да му ставам обичен глицерин?
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Дечки едно прашање. Ми истече течноста од задната кочница. На незе пичи дека е минерал оил, посебна некоја течност е или можам да му ставам обичен глицерин?
Како може да ти истече ?? Прв пат слушам ова, освен ако немаш некој дефект со клипчињата, штопна или ти е скинато црево. Инаку нема шанси. Како и да е, никако глицерин, значи минерално масло ти треба, тоа се две различни работи. Ќе го најдеш во продавнициве за (бренд) велосипеди. Најубаво и тие да ти го сменат, ако до сега не си правел блидинг, за да не ти влезе воздух во цревата.
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
909
Поени од реакции
2.228
Како може да ти истече ?? Прв пат слушам ова, освен ако немаш некој дефект со клипчињата, штопна или ти е скинато црево. Инаку нема шанси. Како и да е, никако глицерин, значи минерално масло ти треба, тоа се две различни работи. Ќе го најдеш во продавнициве за (бренд) велосипеди. Најубаво и тие да ти го сменат, ако до сега не си правел блидинг, за да не ти влезе воздух во цревата.
Јас ја видов само мека кочницата и го повозив така, татко ми после го проверил долу ми рече капело таму штравчето било олабаено. Сакав да го однесам да ми сменат ама едно дете ми рече 500 денари земвале, а тој на неговиот точак му клавал 3ка глицерин, само со шприц го клавал а со друг шприц го тргал воздухот од горе, кај шо се прицка кочницата.
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Јас ја видов само мека кочницата и го повозив така, татко ми после го проверил долу ми рече капело таму штравчето било олабаено. Сакав да го однесам да ми сменат ама едно дете ми рече 500 денари земвале, а тој на неговиот точак му клавал 3ка глицерин, само со шприц го клавал а со друг шприц го тргал воздухот од горе, кај шо се прицка кочницата.
Значи, ако пишува минерално масло не може да му ставиш глицерин или обратно. Е сега, ако сакаш да ги зезнеш тоа е друга работа. Јас мислам да дадеш на некој што знае што прави и убаво да провери се.
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
909
Поени од реакции
2.228
Значи, ако пишува минерално масло не може да му ставиш глицерин или обратно. Е сега, ако сакаш да ги зезнеш тоа е друга работа. Јас мислам да дадеш на некој што знае што прави и убаво да провери се.
Фала многу, ќе проверам во неколку сервиси шо е како е. Мене ми беше да не ми клај и тој глицерин а да му го платам 500 денари за џабе.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.645
Поени од реакции
35.505
...Најубаво и тие да ти го сменат, ако до сега не си правел блидинг, за да не ти влезе воздух во цревата.
Уште повесело е ако му истече масло на пакните. ;)

@Dekio7 не е дека не можеш и сам да смениш, ама ако убаво прочиташ упатства за тоа. Има на интернет, не верувам дека некој тука ќе ти напише детално упатство и ќе ти сними видео за процесот. Но биди спремен дека е можно да се заебеш и да треба да платиш и повеќе од само менување на масло. (но не е е дека страњата не може да се десат и во сервис)
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Фала многу, ќе проверам во неколку сервиси шо е како е. Мене ми беше да не ми клај и тој глицерин а да му го платам 500 денари за џабе.
Не смее да ти стави глицерин ако пишува на нив дека користат минерално масло. Глицеринот прави поголем притисок од минералното масло и се ќе отиде у п.м.[DOUBLEPOST=1396896821][/DOUBLEPOST]
Уште повесело е ако му истече масло на пакните. ;)
Ако ги контаминира пакните, дупли трошоци, па и повеќе. Не дај боже да ги зезне клипчињата на шапите, тогаш комотно фрли ги во канта, не верувам дека кај нас некој ќе ги поправи. :)
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Фала многу, ќе проверам во неколку сервиси шо е како е. Мене ми беше да не ми клај и тој глицерин а да му го платам 500 денари за џабе.
500 денари ти е супер цена.И уљето е скапо како прво.Инаку ако се шимано и пишува минерал оил,исклучиво такво ставај.
Пробано со глицерин и за малку упропастена кочница.
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
909
Поени од реакции
2.228
500 денари ти е супер цена.И уљето е скапо како прво.Инаку ако се шимано и пишува минерал оил,исклучиво такво ставај.
Пробано со глицерин и за малку упропастена кочница.
Да видам точно шо цена ќе ми речат на сервис па ќе видам. Мислев да поминам поефтно, ама ако е и малсото скапо тогаш нека го сменат таму, секако за рака нема да ми земат многу.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom