Феноменот: Раскинување на долга врска, веднаш започнување на нова врска и веднаш брак

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Одговорт на прашањево за ова е прост. Им чука биолошкиот саат на женските. И зашто им е страв дека може пак ќе поминат 10 години (како и првата врска) без тоа да иде некаде, брзаат да се земат и деца да имаат. Не дај боже да остане стара мома, или да дојде до тоа да неможе да роди дете. Па тоа ужас, крај на свет. Што ќе кажат комшиите?

Не сум била во толку долга врска и неможам да зборам од лично искуство. Ама како и многу овде, имам слушано/гледано примери. Верувам дека одговорот е биолошкиот саат. Ама зашто не се земале со партнерот од првата врска, везе неам. Ама 10 годишна врска, или ќе заврши со брак, или ќе заврши, точка. И тоа е така заради општеството. Зашто родителите од двете страни ќе притискаат да се земат. Зашто тоа е тоа нормалното. Зашто така треба да биде. А тоа парче хартија не менува ништо. Ама стресот од родителите менува се`. Особено, ако после толку години ја нема љубовта и е во принцип навика.
 
Одговорт на прашањево за ова е прост. Им чука биолошкиот саат на женските. И зашто им е страв дека може пак ќе поминат 10 години (како и првата врска) без тоа да иде некаде, брзаат да се земат и деца да имаат. Не дај боже да остане стара мома, или да дојде до тоа да неможе да роди дете. Па тоа ужас, крај на свет. Што ќе кажат комшиите?

Да им е страв од биолошкиот часовник, немало да раскинуваат долга врска, нели? И не се само жениве во случајот, има и мажи кои после раскинување на долга врска фаќаат друга женска и после некој месец - брак.
 
Стравот после се јавува :) Кога ќе сфатат дека е стварно крај на таа долга врска.
А мажите со кого се земаат? Со жени :D Не дека секогаш жените се иницијаторот, ама сигурна сум дека некои од нив знаат да најдат начин да му ја наметнат идејата.
А иначе не сум машко, па неможам да им влезам во глава, затоа зборам за од женската страна. Можеби е притисокот од родителите дома.
 
Сличен случај имав и јас , пред 1 месец прекинавме 2 годишна врска , која заврши доста драматично и по 2 недели таа има друг дечко и делува лудо вљубено , а сум сигурен дека ме сакаше додека бевме заедно , е сега како успеала после само 2-3 недели да има чувства према друг , секоја чест, јас на пример и општо мажите мислам дека по ретко постапуваат вака и дека прво ги средуваат чувствата па се впуштаат во ново , ама се е до карактерот и до тоа кој како ги поднесува нештата , некои не можат сами..
 
Не е воопшто никаков феномен, едноставно е потреба од нови предизвици и секс.
Тоа што се погодило трајко, петко, станко, митко и остали да се земат веднаш е само една обична случајност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom