Руски медиуми: Непријатно е што и русофилски земји, како Македонија и Црна Гора, гласаа за резолуцијата во ОН
Новинарот Сергеј Брилев, во својата емисија „Вести во сабота", паралелно со интервјуто со Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи, дава заклучоци за однесувањето на одделни земји при гласањето во ОН за необврзувачката Резолуција за непризнавањето на референдумот во Крим.
Брилев пренесувајќи делови од интервјуто на Лавров, на интернет-страницата
Вести.ру, пишува дека на земјите на НАТО им се приклучила и Јапонија.
„Заедно беа 100 држави
. Се разбира, многу е непријатно кога на земјите од НАТО и ЕУ ќе им се приклучат и русофилски држави како Македонија и Црна Гора, како и држави од Заедницата на независните држави (ЗНД). Освен Украина, тука беа и Азербејџан и Молдавија. Но ако ги додадете и оние што гласаа против (11), оние што се воздржаа (58), па дури и оние што одбија да учествуваат (24), тогаш бројката е речиси иста - 93. Значи излегува дека речиси половина биле против. Кој е против ЗНД? Русија беше поддржана од Белорусија и Ерменија. Казахстан и Узбекистан се воздржаа од гласање. Киргистан, Таџикистан и Туркменистан не учествуваа.
Интересно е и тоа што и Србија и Босна не гласаа. Осудата на Русија одбија да ја поддржат и земјите од БРИК: Индија, Кина, Бразил, тука се и земјите од Латинска Америка, Аргентина... Од 47 африкански земји, 31 одбија да ја поддржат резолуцијата. Тука се Индија, Пакистан, Авганистан, Виетнам, Брунеи... Па, за каква изолација зборуваме“, рекол Брилев.
„Изолација е термин што се скован од страна на нашите западни партнери и нивните неоимперијалистички носталгични амбиции. Тогаш тие веднаш се фаќаат за стапот – санкции. Искрено, тоа време помина“, одговорил Лавров.
http://www.mkd.mk/makedonija/politi...-rusofilski-zemji-kako-makedonija-i-crna-gora