Русија - смена во надворешната политика?

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не забегувајте офтопик.

Еве итересна анализа:

http://www.washingtonpost.com/blogs/worldviews/wp/2014/03/27/how-scary-is-putins-russia-compared-to-the-soviet-union-this-chart-has-some-answers/

Интересно е како НАТО се обидува постепено да го стега обрачот околу Русија, метар по метар се’ повеќе и се доближува. Мислам дека за неколку години може и деценија војната ќе биде неизбежна ако вака продолжи трендот.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.418
Еве една колумна, глобална геополитичка проекција на Руската позиција со центар на случувањата во Украина. Колумната е 20тина дена стара и може да се каже е добра за анализа дури и од кратка временска дистанца, пошто работите се случуваат доста динамично.

Путин му објави геополитичка војна на Западот

Сите што сметаат дека Путин со Украина неразумно ризикува, или дури дека „полудел“, не се разбираат од политика и немаат претстава за неговиот карактер. Поради ова, тие не сфаќаат ни каква геополитичка битка се разгорува под украинската криза, пишува рускиот аналитичар Пјотр Акопов за рускиот портал Взглјад.

Сите дејства на претседателот на Русија за време на украинската криза сведочат за тоа дека тој ни најмалку не е сменет и дека, едноставно, малку кој од неговите противници е во состојба да ги сфати неговите мотиви и она што го придвижува во текот на сите 14 години од неговото владеење. Всушност, единственото што му се случи на Владимир Путин во последните денови е тоа што дефинитивно престана да верува во способноста на лидерите на западните држави да го почитуваат дадениот збор.

Путин банално го измамија на 21 февруари, па сите негови потези кои следеа потоа беа предизвикани токму од таа околност.

Од дипломатски извори во опкружувањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се дозна дека Барак Обама и Ангела Меркел го молеле Путин да влијае врз Виктор Јанукович и да го одоброволи да го потпише договорот со опозицијата, оној договор чии гаранти беа тројца европски министри за надворешни работи.

Путин тоа го направи, а веќе следниот ден опозицијата и Мајдан ја презедоа сета власт, прекршувајќи ги сите договори.

Да не сакате можеби да кажете дека тоа беше револуција и дека опозицијата повеќе не можеше да го смирува народот? Но, ако тоа дури и беше „револуција“, зошто Западот побрза веднаш да ја признае новата власт, целосно заборавајќи го договорот од 21 февруари? Зошто не се ни обиде да ги олади главите на победниците? Бидејќи, барем за тоа имаше можност.

Нели е поверојатно дека Западот беше подготвен да игра само на заострување – да го разгорува конфликтот, користејќи ги за тоа апсолутно сите средства (што го потврдува и дејствувањето на таинствените снајперисти кои истовремено убиваа и припадници на Беркут и демонстранти од Мајдан).

Одговорот е прост: затоа што доаѓањето на власт во Киев на антируска влада целосно им одговара на интересите на Западот, а никој немаше намера да ја „рецка“ Русија. Затоа и се правеа дека заборавија на сето она за што претходно го молеа Путин.

Тоа се нарекува измама, и тоа по правило не минува туку така. Уште повеќе кога станува збор за лични односи меѓу шефови на држави, бидејќи во тој случај не те измамуваат само тебе, туку и твојата земја.

Покрај ова, САД пред три години го измамија Дмитриј Медведев, ветувајќи му дека, ако во Советот за безбедност ја поддржи резолуцијата, нема да ја нападнат Либија. Иако, поради таа измама јавно негодуваше Путин, а не тогашниот претседател на Русија.

Како требаше да се чувствува Владимир Путин по 21 февруари?

Мора да сфатил дека повеќе не може да им верува на таквите „партнери“. Бидејќи, не само што ја откинуваат Украина од Русија (што сите веќе го сфатија), туку упорно се трудат тоа да го направат по најгадното забрзано сценарио.

Реализацијата на договорот од 21 февруари предвидуваше организирање избори и уставна реформа, со зачувување на рамнотежата на интересите на разните региони на Украина. Уште и овозможуваше земјата малку да се олади и трезвено да ги оцени сите позитивни и негативни страни од соработката со Русија или со Западот, а превратот ја доведе земјата на праг на распаѓање.Бидејќи, преминувањето на власта во рацете на силите од западот на Украина не значеше само загрозување на правата на југоистокот, туку и исфорсирано склучување на договорот со ЕУ, а за брзо време и влегување на Украина во НАТО.

При таквата поставеност на нештата, Путин беше едноставно принуден да му издемонстрира на Западот дека Русија по ниедна цена нема да дозволи „киднапирање на Украина“. Токму поради тоа тој најави можно влегување на војската во Украина, а следеа апсурдни прекори дека тој демек ѝ објавил војна на Украина.

Путин му објави војна на Западот, но, не на украинска територија, туку на геополитичко ниво.

Поддршката на Крим во таа војна е само демонстрација дека Русија започнува голема контраигра и дека Западот со неа мора да се договара за конфигурацијата на новата киевска власт и да не се преправа дека заборавил дека Русите воопшто постојат.

Хистеријата што следеше на Западот е сосема природна. Таму се чудат – Па како така, па ние сѐ правевме како и секогаш, а во минатото тоа ни одеше од рака.

Англосаксонците во постсоветскиот период беа толку навикнати да ги диктираат правилата на игра (а и да ги менуваат секогаш кога им беше потребно), што едноставно беа шокирани кога сфатија дека Русија решила да диктира сопствени правила.

Русија не се впушти во тоа затоа што Путин многу се изменил па собрал сила (иако, нормално, 14 години минати на чело на една од најсложените земји во светот и игрите на меѓународната арена, па дури и по туѓи правила, носат колосално искуство). Многу се поважни другите околности.

Прво, во геополитиката стапи момент во кој целиот однос на силите во светот преживува бавна, но радикална реконфигурација – тоа веќе сите го сфаќаат.

Светот од униполарен се движи кон мултиполарен, и покрај желбите на САД кои не можат да го прифатат крајот на својата ера. А притоа сите други земји се плашат од нагли промени бидејќи не сакаат да испровоцираат рушење на светската финансиска архитектура ниту регионални војни, особено што гледаат дека САД, како слабеат, стануваат сѐ поагресивни, во надеж дека хаосот во други региони ќе им помогне да ја продолжат својата хегемонија.

Финансиската и класичната безбедност на практично сите земји во светот во некоја мера се зависни од американскиот Федерален резервен систем, ЦИА и Пентагон. Но тоа сѐ помалку им се допаѓа дури и на оние (Германија, на пример) кои речиси и не се сеќаваат како изгледа да бидеш слободен од Америка.

Сите сакаат да се осигураат дека врз нив нема да паднат делови од минираните кули кои сѐ уште не паѓаат, па никој не сака да го запали фитилот. Во таква ситуација Украина може да ја изигра улогата на фитил.

Путин, кој претставува еден од најважните центри на сила во светот, покажува подготвеност значително да се забрза спомнатиот процес на конфигурација.

Светот „на американски начин“ ионака е осуден да исчезне, но сега неговото демонтирање ќе тргне по забрзана постапка. Провоцирајќи ги САД во Украина, Путин одлично ја пресметал можната реакција на Вашингтон и тој воопшто не се плаши од тоа дека Вашингтон ќе се обиде да ја изолира Русија.

Ако се решат на тој чекор, Американците самите ќе извршат смотра на силите со кои располагаат и ќе го стимулираат процесот на кристализација на мултиполарниот свет.

Американците во тој процес едноставно ќе останат без сојузници, освен неколку членки на НАТО, бидејќи Обама нема да добие поддршка од ниту една од големите држави, ниту пак регионалните блокови. Јужнаа Америка, Африка, Саудиска Арабија, практично целиот муслимански и арапски свет, Турција, Југоисточна Азија, Индија и Кина – никој нема да учествува во блокадата на Русија.

Во изолацијата на тој начин ќе се најдат земјите од „големата седумка“, или поточно самите САД со Полска, Канада, Австралија и балтичките државички. Бидејќи ни на Германија, ни на Франција, ни на Јапонија, ни на Италија, па дури ни на Велика Британија не им е од корист да ги прекинат врските со Русија.

Но, уште поважна е позицијата на остатокот на светот во кој се натрупани забелешки на сметка на „златната милијарда“, со барање за кардинални реформи на глобалната архитектура (од кардиналното реформирање на светскиот финансиски систем до проширувањето на бројот на постојани членови на Советот за безбедност на ОН).

Со цврстата одбрана на своите интереси Русија ќе им влее самодоверба на сите останати играчи и ќе го направи Путин и нивен лидер.

И како второ, Путин беше едноставно присилен да реагира на директната закана по националната безбедност на Русија, затоа што губењето на Украина е неприфатливо за нашата земја.

Путин во текот на минатата година двапати демонстрираше подготвеност да не попушта: прво за Сноуден, а потоа и за Сирија.

Третата негова победа, која се случи во ноември во Украина, толку го разгневи Западот што реши, за сѐ и по секоја цена, да му се реваншира токму во Киев. Не сфаќајќи или не сакајќи да го забележат она на што ги предупреди самиот Путин: „Никој нека нема илузии дека ќе стекне воена надмоќ брз Русија. Ние тоа никогаш нема да го дозволиме“.

Евроинтеграцијата на Украина му е потребна на Западот само поради нејзиното подоцнежно вовлекување во НАТО, па Путин, кој тоа добро го знае, особено по 21 февруари, кога Западот реши воопшто да не води сметка за интересите на Русија, сфати дека атлантистичкото вшмукување на Малорусија забрзано станува реалност, повеќе немаше каде да отстапува бидејќи беше неопходно итно да се покаже решителност да не се дозволи таквото сценарио.

Сѐ на сѐ, сега сме на прагот на најсериозниот конфликт со САД во последните 30 години – не воен конфликт, туку остро политичко и финансиско раскинување на врските што ќе придвижи менување на целата глобална архитектура.

Во тој правец се оди веќе неколку години, од моментот кога Русија почна да се ослободува од статисот на полузависна земја, бидејќи, колку Путин дејствуваше послободно, толку на Западот му стануваше сѐ појасно дека Русија повеќе не се согласува на улогата на „помлад партнер“ и дека наближува моментот кога ќе мораат да се обидат да нѐ вратат на своето место.

Путин за тоа се подготвува во последните две години, од преземањето на новиот претседателски мандат – не само на внатрешниот, туку и на надворешниот фронт. Тој затоа започна национализација на елитата, повлече морална и идеолошка граница меѓу нас и Западот и спроведе чистка на корумпираните и космополитски кадри, инсистирајќи на деофшоризација на еконимијата и зацврстувајќи ја базата.

Нормално, тој уште многу нешта во самата држава не успеа да ги поправи, туку само да ги насочи. Но, што е – тука е, сега операцијата „Ослободување“ ќе мора да оди со забрзано темпо на два фронта.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Руски медиуми: Непријатно е што и русофилски земји, како Македонија и Црна Гора, гласаа за резолуцијата во ОН
Новинарот Сергеј Брилев, во својата емисија „Вести во сабота", паралелно со интервјуто со Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи, дава заклучоци за однесувањето на одделни земји при гласањето во ОН за необврзувачката Резолуција за непризнавањето на референдумот во Крим.

Брилев пренесувајќи делови од интервјуто на Лавров, на интернет-страницата Вести.ру, пишува дека на земјите на НАТО им се приклучила и Јапонија.

„Заедно беа 100 држави. Се разбира, многу е непријатно кога на земјите од НАТО и ЕУ ќе им се приклучат и русофилски држави како Македонија и Црна Гора, како и држави од Заедницата на независните држави (ЗНД). Освен Украина, тука беа и Азербејџан и Молдавија. Но ако ги додадете и оние што гласаа против (11), оние што се воздржаа (58), па дури и оние што одбија да учествуваат (24), тогаш бројката е речиси иста - 93. Значи излегува дека речиси половина биле против. Кој е против ЗНД? Русија беше поддржана од Белорусија и Ерменија. Казахстан и Узбекистан се воздржаа од гласање. Киргистан, Таџикистан и Туркменистан не учествуваа. Интересно е и тоа што и Србија и Босна не гласаа. Осудата на Русија одбија да ја поддржат и земјите од БРИК: Индија, Кина, Бразил, тука се и земјите од Латинска Америка, Аргентина... Од 47 африкански земји, 31 одбија да ја поддржат резолуцијата. Тука се Индија, Пакистан, Авганистан, Виетнам, Брунеи... Па, за каква изолација зборуваме“, рекол Брилев.

„Изолација е термин што се скован од страна на нашите западни партнери и нивните неоимперијалистички носталгични амбиции. Тогаш тие веднаш се фаќаат за стапот – санкции. Искрено, тоа време помина“, одговорил Лавров.
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/ruski-mediumi-neprijatno-e-shto-i-rusofilski-zemji-kako-makedonija-i-crna-gora
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Црна Гора - русофилска. :)

Русија на Балканот, Црна Гора ќе ја снема.
Можеби човекот мислеше чудно е што бившите српски територии Црна Гора и Македонија, гласаа против државата што им помогна на србите да ги освојат тие територии. Чудно, навистина.
 
Последно уредено:
N

NikolaMKD91

Гостин
Црна Гора - русофилска :pos:

Русија на Балканот, Црна Гора ќе ја снема.
Можеби човекот мислеше чудно е што бившите српски територии Црна Гора и Македонија, гласаа против државата што им помогна на србите да ги освојат тие територии. Чудно, навистина.
Русите ја гледаат Црна Гора како пералница на пари на руската олигархија, цело црногорско крајбрежје е купено од руски тајкуни. Покрај Кипар , Црна Гора е втората најголема пералница на црни пари на руските олигарси, можеби од таму им е заклучокот . А за нас навистина незнам од каде тоа дека сме русофилски ориентирани, можеби народот ја сака и подржува Русија. Меѓутоа државната политика и владата врска немаат со русофилија и про руска ориентираност. :)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Русите ја гледаат Црна Гора како пералница на пари на руската олигархија, цело црногорско крајбрежје е купено од руски тајкуни. Покрај Кипар , Црна Гора е втората најголема пералница на црни пари на руските олигарси, можеби од таму им е заклучокот . А за нас навистина незнам од каде тоа дека сме русофилски ориентирани, можеби народот ја сака и подржува Русија. Меѓутоа државната политика и владата врска немаат со русофилија и про руска ориентираност. :)
Еве кај и да е и Бугарија. :D:D
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.333
„Веќе и самата расправа за евентуално влегување во НАТО покажува дека дејствувањето на Путин поттикнува на размислување во тие земји“, вели Чарлс Купчан, професор по меѓународни односи на Универзитетот во Џорџтаун. „Путин на земјите во соседството им втерал страв во коските“, заклучува Купчан во разговорот за Дојче веле.
Интересно е нема официјална изјава на шведски/фински претставник(експерт или член на владата) туку некој си од Америка си праи експертизи. Го направија Путин бетер од султанот Мустафа паша 3ти, снки ќе прави империја од Владивосток до Лондон:tapp:
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Интересно е нема официјална изјава на шведски/фински претставник(експерт или член на владата) туку некој си од Америка си праи експертизи. Го направија Путин бетер од султанот Мустафа паша 3ти, снки ќе прави империја од Владивосток до Лондон:tapp:
МКД.мк ја има преземено веста од Ројтерс, но не ја пренесле цела статија, само делови.

Цитати:
"I think it would be good to have an open debate about NATO already now and I hope that everyone would participate in it, even those who oppose the membership," Finnish Prime Minister Jyrki Katainen told online newspaper Verkkouutiset last week.

Swedish Deputy Prime Minister Jan Bjorklund called last month for a "doctrinal shift" in defence policy after the Crimea crisis. Calling Russia "a bit more erratic and unpredictable", Finance Minister Anders Borg called for "a substantial scaling up" of defence spending.

"There is no public support for NATO membership and Sweden has greater freedom to act if we're not part of NATO," said Peter Hultqvist, who chairs the parliamentary defence committee.

Finland's European affairs minister Alexander Stubb, one of the few high-profile politicians in Helsinki who favours NATO membership, said now, at a time of particularly fraught relations with Moscow, was not the right time.

"One should not enter when the weather is bad, but when the sun is shining," he said. "And that is not the case now."
Не е нешто официјално дека би влегле, но после толку време би се отворила дебата за влез.

А зошто би влегле - лоша политика на Москва, според мене.
Нагли изјави, немање на субтилност и стрпливост. На пример:
Both nations have a history of dealing with Moscow in their own particular ways. Sweden's loss of Finland to Russia in the time of Napoleon prompted it to give up on war and armed pacts.

Finland, which won independence during Russia's revolution of 1917 but nearly lost it fighting the Soviet Union in World War Two, kept close to the West economically and politically during the Cold War but avoided confrontation with Moscow.

Like Sweden, it joined the European Union only in 1995.

For all the scepticism about NATO, however, worries have been growing in Scandinavia since Russia's action in Crimea.

Russian troops held exercises on the Finnish border this week. A former aide to Vladimir Putin made waves by saying that, after ex-Soviet Ukraine, the president might eye Finland next.

Both Nordic nations may bolster defence spending and forge a closer military partnership between themselves as they face Russia across the Baltic and along Finland's long land border.

So far neither has risked finding out what Prime Minister Dmitry Medvedev meant when he said last year that Finnish or Swedish NATO membership would force Moscow to "respond".
Од цела ситуација со Украина, добија само еден полуостров што веќе го имаа.
А ќе истуркаат неутрални европски земји(Финска и Шведска) и довчерашни братски земји(Украина) во скутот на Запад.

As Russia growls, Swedes, Finns eye defence options, NATO - Ројтерс
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
МКД.мк ја има преземено веста од Ројтерс, но не ја пренесле цела статија, само делови.

Цитати:

Не е нешто официјално дека би влегле, но после толку време би се отворила дебата за влез.

А зошто би влегле - лоша политика на Москва, според мене.
Нагли изјави, немање на субтилност и стрпливост. На пример:


Од цела ситуација со Украина, добија само еден полуостров што веќе го имаа.
А ќе истуркаат неутрални европски земји(Финска и Шведска) и довчерашни братски земји(Украина) во скутот на Запад.

As Russia growls, Swedes, Finns eye defence options, NATO - Ројтерс
Za poluostrovot...Rusite go drzhea pod kirija, a koga si kiradzhija mozhe da te isfrlat koga sakaat taka shto ova beshe odlichen poteg na Putin, ne e chudo da gi chekashe da se zalakomat za Ukraina. I se poveke mi se chini deka toa shto stana na Krim beshe dolgo vreme spremano i odnapred organizirano so lokalnoto naselenie...Imashe Putin dve decenii da gi nauchi site valkani trikovi na Imperijata, i ovde gi nacheka. Koj go drzhi Krim, toj go kontrolira Crnoto More .

A ova za Shvedska i Finska kako bozhem ke se fturat vo NATO, demek se plashat da ne gi napadne Rusija, Polska e veke vo voena sostojba, Latvija, Litvanija glumat deka se slednite posle Krim, da se smee chovek ili da plache...warmongering do nemajkade.
A Zapadot ja dobi Ukraina?:oops: koja e dolzhna na Rusija do gusha,.. dobi zapadot ushte edna Grcija. Kako i da ja vrtish rabotata Zapadot ostana so prstot vo usta.
A toa shto NATO instalira nekakva si odbrana vo Polska, Romanija i ostanatite Baltichki zemji ....:notworthy: Tie zemji me potsekjaat na pudlici shto samo dzhavkaat okolu Mechkata shto se razbudi od zimskiot son.
Istochnoto Carstvo chinam se budi, pa i vreme beshe:cool:
 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
МКД.мк ја има преземено веста од Ројтерс, но не ја пренесле цела статија, само делови.
Не е нешто официјално дека би влегле, но после толку време би се отворила дебата за влез.
А зошто би влегле - лоша политика на Москва, според мене.
Нагли изјави, немање на субтилност и стрпливост. На пример:
Можеби си еден од ретките кои веруваат во некаква неутралност на Скандинавците. Побарај ја првин причината зошто досега тие две земји не сакаа да бидат дел од НАТО.
Повикувањето на историјата од времето на Наполеон за да се оправдаат денешните “стравувања“ не вреди ни да се коментира, а камо ли спомнува во некоја статија што претендира да биде сериозен медиум кој нуди зрели непристрасни анализи.

Во последните 20 години, прибалтичките земји, Полска и Украина дејствувале единствено на руска штета (редица мерки против руското малцинство и јазик, култура и историски споменици, уништување гробишта, агресивна анти-руска пропаганда и служење на НАТО во опколувањето на Русија со “против-ракетен“ штит и сл. ) и досега до пресвртот на Крим никогаш не им било возвратено од страна на Москва на било кој начин.

Затоа апсолутно пропаѓа тезата дека Москва е таа која нешто испровоцирала.

Од цела ситуација со Украина, добија само еден полуостров што веќе го имаа.
А ќе истуркаат неутрални европски земји(Финска и Шведска) и довчерашни братски земји(Украина) во скутот на Запад.
Шведска и Финска имаат заземено страна за време на Студената војна и не е никакво изненадување доколку повторно поактивно се активираат во симулирањето на “сите против Русија“ сценарио.

Неверојатна утка ти се и овие тврдења, кога единствената цел за која беа заинтересирани САД и западот беше бркање на Русите од базата на Крим и нивно превземање.
Затоа и Русија не тежнееше да ја добие цела Украина, туку оној дел кој нејзе и овозможува доминација во Црно Море и можност за заштита на своите граници.

Тоа беше од нејзин витален интерес и осигурување на опстанокот и никакво друго решение не беше можно освен тоа што се случи, како директна последица на западното интервенирање во Украина.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541
МКД.мк ја има преземено веста од Ројтерс, но не ја пренесле цела статија, само делови.

Цитати:

Не е нешто официјално дека би влегле, но после толку време би се отворила дебата за влез.

А зошто би влегле - лоша политика на Москва, според мене.
Нагли изјави, немање на субтилност и стрпливост. На пример:


Од цела ситуација со Украина, добија само еден полуостров што веќе го имаа.
А ќе истуркаат неутрални европски земји(Финска и Шведска) и довчерашни братски земји(Украина) во скутот на Запад.

As Russia growls, Swedes, Finns eye defence options, NATO - Ројтерс
Швеѓаните и Финците традиционално негуваат омраза кон Русија, уште од времето на Петар Велики кој им удрил ќотек на Швеѓаните за време на Големата Северна Војна во 18-от век, што придонело за значително ослабување на тогашната Шведска Империја и на тогашниот Комонвелт на Полска и Литванија, и од времето на Јосиф Висарионович Сталин кој им удрил ќотек на Финците за време на Втората Светска Војна, откако претходно Црвената Армија претрпела понижувачки порази од финската војска во Зимската Војна во периодот од ноември 1939 до март 1940. Финците биле приморани да го потпишат Московскиот Мировен Договор со Советскиот Сојуз во март 1940, но дури откако над 126.000 советски војници ги изгубиле животите, а многу повеќе биле ранети или исчезнале, да не речам дезертирале, додека Финците не претрпеле огромни загуби.

Но со сиот памет, гладни и жедни за одмазда, Финците застанале на страната на Хитлер и нацистите во 1941 година за да си ги вратат териториите изгубени со Московскиот Мировен Договор, но Сталин не им останал должен. Во периодот од јуни 1944 до август 1944, Црвената Армија им удрила ќотек на Финците, по што повторно морале да потпишат примирје во Москва во септември 1944 и да му отстапат на Советскиот Сојуз уште повеќе територии во споредба со отстапките кои претходно морале да ги направат со Московскиот Мировен Договор од март 1940.

Нема да биде никакво изненадување ако Шведска и Финска се придружат во НАТО само поради Русија, но прашањето е:

Дали Швеѓаните и Финците сакаат да бидат дел од НАТО ?

На крајот на краиштата, токму неутралноста е една од особините на Швеѓаните уште од пред Прва Светска Војна, иако за волја на вистинта, факт е тоа дека Шведска била еден од главните снабдувачи на Нацистичка Германија со железна руда и со други суровини со кои се хранела германската воена индустрија, а Финците сигурно не сакаат повторно да изедат ќотек од Русија, прв пораз (март 1940) може да е грешка, втор пораз (март 1944) може да е лоша среќа, но веќе трет пораз ќе биде доказ дека не учат од сопствената историја.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Russia, Iran Announce $20 Billion Oil-For-Goods Deal


Iran and Russia have made progress towards an oil-for-goods deal sources said would be worth up to $20 billion, which would enable Tehran to boost vital energy exports in defiance of Western sanctions, people familiar with the negotiations told Reuters.

You don't say: another epic geopolitical debacle resulting from what was originally intended to be a demonstration of strength and instead is rapidly turning out into a terminal confirmation of weakness.

http://www.zerohedge.com/news/2014-04-02/whither-petrodollar-russia-iran-announce-20-billion-oil-goods-deal
 

Kajgana Shop

На врв Bottom